Сашо е гад. Работа му е, ама не му доликува да дава онакви изјави со кои звучи како да сака да каже „жртвата сама си го барала“, а обвинетиот е небаре злато. Салам адвокат се фокусира на тоа да бара и посочува дали има олеснителни околности за обвинетиот, не кажува дека животот на обвинетиот е побитен од оној изгубениот на жртвата.
Па јас не ја доживеав така изјавата, напротив, туку како олеснителна околност го зема тоа што потполно ја признава вината обвинетиот и не се ни брани, реално. Затоа судењево е толку кратко. Дали мислам дека треба 20-30 години да окапе? Не мислам. За Фросина нема назад, а државава не превоспитува затвореници. Полош ќе излезе, а тоа е најстрашното тука. Или само совеста ако му работи и излезе друг човек, допрва ќе видиме. Абе адвокат кој сака нека му е, до судиите е да пресудат правично.
Исто и јас вака го доживеав тоа што го изјави адвокатот, го делам и целово мислењето со тебе, имаше и коментари дали се каел Васо за тоа што се случи, нормално дека се кае одземал друг живот а својот си го уништил, ама тоа е што е сторено и нема назад.
Васо сите видовме дека се кае уште на видеото, не се сомневам дека се кае и се јаде. Младоста е заебана работа, посебно ако те вадат од гомна цело време твоите.
Да работа му е да го брани точно, меѓутоа нека ги остави родителите и сестрата на мир да тагуваатзошто мора упорно да ги р'чка? Нечовечки е и апсолутно безобразно. Наместо да им пријде и сочуство да им изрази, тој тука држи предавања за тоа како,, требало'' да се држиСрамота!
Пак удрена девојка на партизанска кај сити мол за среќа со полесни повреди. Не ми е јасно што е со улицава, најпрегледна ми е и за пешаци и за возачи како се праат толку често сообраќајки не разбирам?!
Зошто возат како на рели да се. Мислат дека можат да полетаат. Тука мора легнати полицајци да стават, пред секој пешачки.
Не, не може да му се случи на секого. Ова не беше некој случај кај што случајно ти излетал пешак. Овде све што можел братот да прекрши, прекршил. Тоа што не размислил однапред за последиците, до него е, не до нас. Пак ќе направам паралела со луѓе што пукаат на свадби. Дали имале намера да убијат? Не. Дали се свесни дека пукањето може да убие? Да. И пукале и покрај тоа. Зошто? Зошто ги болело qr за туѓата безбедност. Секој што загрозува туѓа безбедност, не треба да излезе од зад решетки. Пукале оти не знам, се надевале на чудо и шанси дека нема никој да е повреден. Значи не е случајност туку опасно и животозагрозувачко однесување. Некој може руски рулет да си игра оти му е интересно и му е гајле кој ќе умре, ама во моментот кога ти си крајно опасен за другите, нема оправдување.
Затоа што сите колективно се сообраќајно неписмени. Вклучувајки и пешаци. Вчера вечерта беше невозможно да се движиш нормално по велосипедска на Партизанска, ај што не им е јасно дека не треба да се на велосипедска, уште со слушалки натнати или одат и во телефон гледаат. Пешачки и дијагонално се поминува очигледно. И со кола кога сум не е различно, кај им текне поминуваат, лево-десно погледнување јок. Треба да се УЧИ во школо уште сообраќајна култура и правила, ај возачите ова го учат нели, ама другиве не може како муви без глави да се однесуваат. Никој не го правда Васо, дури ни неговиот адвокат, дури ни тој самиот себе не се правда. Призна вина целосно по сите точки, што значително го убрзува целиот процес. Секој од нас може за нешто да е обвинет и логично за истото да има адвокат кој ќе се занимава со запазување на нашите права и фер судење. Не знам зошто ви е толку тежок концептот за сфаќање.
Јас сметам дека тоа детиште не е способно да сноси одговорност за своите постапкисе гледа колку е незрел. Ајде да речеме дека било несреќа, меѓутоа зошто не застанал и не викнал брза помош?
А како да се брани и да не признае? Фатен е на камера како поминува преку две полни 100 метри пред Силбо, вози 90км на час, поминува од средна во крајна лента да претицува и на цевено ја убива Фросина патем е пијан и дригиран и вози без возачка. Не 20 туку 30 треба да скапе во затвор, морон со претходни прекршоци на дилање дрога и удирање пешак на пешачки. Преку глава ми е од релативизирање. Да, секој има право да ди го сподели мислењето тука но дали ќе бевте волку коректни и разбрани да беше жртвата ваша сестра, жена или мајка. Ова не е несреќа и не може секому да се случи, ова е убиство со умисла така и ќе се суди. Несреќа е кога возиш 45 км на час и на твое зелено а црвено за пешаци ќе ти претрча некој пешак, при тоа имаш возачка и немаш прекршоци. Ова се има случено на комшија, доби ослободителна и го прогладија за невин ама се оболе психички, заврши на психијатрија и цел живот му се преврте наопачки. А ова дериште Васо што бара 3 год.затвор пак ќе излезе од таму и тоа релативно млад ама ич не го жалам.
Васо? Застанал Васо, лично му ја видов колата бидејќи од таму поминував, нè пренасочуваа десно кон Силбо. Не знаев де во моментот што се случува, ама колата му ја видов. Колку што од видеото што излезе може да се види и тој самиот е во паника и шок. Мене во тоа видео појезиво од неговото врискање ми е само ладнокрвноста на девојката која била совозач со него. Нема оправдување за него, пиел, возел со 90, на црвено ја удрил Фросина. И претходно како малолетен имал слични дела. Затоа викам заебано е да си млад, зелен и со пари, плус родителите да те вадат од гомна. Да си сносел последици за претходните дела немаше ни да дојде до ова. Без оглед, сега е сосема трезен и сето за што е обвинет, си призна потполно. Дали родителите го притиснале, дали адвокатот, дали сам одлучил така - не знаеме, ама фала курцу некој да излезе на суд и да каже "да, крив сум". Никој не вика дека е несреќа, каде го прочита тоа? Самиот не изјави дека е несреќа, не знам од каде инфово. Правда се бара да е фер и еднаква за сите, а тоа е работа на судиите, не на адвокатите.
Мизерија од држава сме...само 12 години! https://sitel.com.mk/vasil-jovanov-...LAK51GXfeV_Gy6SGrU_aem_5YvvNDBspQGZifxxIGN71g
Е за ова дојдов И олеснителните околности што ги земале во предвид - Спортист бил. Спортист ... Кој го заболе бе шо бил? Ова не е црна хроника, ова е дно дна!
Не ми е јасен тој критериум, сум гледала и амерички судења, земаат у предвид ако гледаат одреден потенцијал во човекот, мислам дека не е праведен тој критериум и она имала потенцијали кои и се прерано одземени а болката на најблиските??
Drugive po 2,3,4 godini gi osuduvaa, koga ke vidis ova e "premija". Onoj sto ja zgazi Teodora od Tetovo samo 2 godini go osudija, kako se osekaat oni sega so ovaa presuda, sudiive kako da merat cij zivot e pobiten i poveke tezi. Strasno.
Затоа што не треба ни 2-3, ни 12. Туку максимална 20. Не треба овој да го крка за сите туку сите за себе. Ама ова пошто не е држава , ќе го "крка" само 12 години. и башка шо нема да седи 12 години, ќе биде 'примерен граѓанин' кој шо ќе излезе за 3-4. Сама ќе се плукам ако седи овој 12 години у затвор ама де.. Ова е бе општо мочање врз граѓаните шо да кажам