Затоа што не го влече судот и семејството кон бог знае колку долго судење. Секогаш на тие што признаваат им се зема за олеснителна околност.
Од а до ш се сложувам. Не, не може 2, рекоа во пресудата минимум 4 максимум 20 години. Лично не сум упатена, не сум правник па да тврдам, кажувам само што слушнав.
Баш. Ги исплукаа сите, па народот веќе "им сврте грб". Фала влада, фала Мицко, па солзи со Чавков, и сега повикуваат на протест, ма немој Да не си им во кожа за целата болка што ја доживуваат, ама ова ...
Не знам, знам дека имам роднина што удри баба на пешачки (за неа црвено) и му беше пресудено 1 година, лежеше 6 месеци. Ова ама многу одамна е. Без оглед што му било зелено, сепак требало да внимава дека пешачки, нели. Можеби сега е различно, не знам навистина.
Сите на почетокот имавме разбирање, и јас имав, си викав се фаќаат за сламки. Како поминуваше времето, искрено, за што да излезам на протест? Мизерни коментари даваа за луѓето кои и за нив протестираа, памтам Росица имаше нешто "правда не се бара со тенџериња", па "луѓе во сенки"... Да не им е никој во кожа, ама не може да бараш за себе разбирање и правда, а да си слеп за болката на другите. Не иде така.
Види, јас разбирам дека политичарите(власт и опозиција) се обидоа на секаков можен начин да извлечат поени од настанов, тоа е факт. Разбирам и дека власта можеби ги притиснала и условила на некаков начин, па затоа излегоа со онаков став, кој патем беше идентичен со оној на фамилијата на Теодора од Тетово нешто подоцна. Меѓутоа, правда вака не се бара. Точно е дека сме Македонија и можеби тие сакале гаранција за да ја “истераат правдата” за Фросина. Но, утре можи да биди некој друг, трет, четврти итн. За нив, нема да има ни приближно сличен третман како за нив. Тоа не е правда. А сега пак на протести. Некако, апсурдно ми е… или сега протестиве се за судството конкретно, кое да не се лажиме, отсекогаш било во тесна врска со политика.
Друго е тоа. Роднината твој бил во право ама морало да го осудат ради невнимание пример небрежност како и да се вика. Ова друго е... Мислам ... многу работи се собрани тука во еден човек, без возачка, пијан, на црвено co 91km/h... Нема нешто што е ок во неговото возење тогаш. Твојот роднина си имал возачка, поминал уредно на зелено претпоставувам со нормална брзина. Бил по пропис човекот. Овде ама баш баш на ништо не може да се "вади" ДУРИ и да имал возачка.
од кај па го извадоа тоа дека е спортист.. оти играл фудбал на пет годинки? дрога, алкохол.. па уште и спортист бил. Апсурдно!!
И јас не планирам да одам на протест. Мене срцето ми е чисто и најмногу ме лути кога некој ме дискредитира и ме праи партиски војник. Не им замерувам, ама сега нека си се оправаат они со институциите за кои не убедуваа дека се тамам и да сме почекале да ја истераат правдата.
Плукајте ме колку сакате ама (иако е ова голема трагедија девојчето младо си загина на најсуров начин), како бе не се крена фамилијата да организира протести за Верица, за Теодора, за девојката кај Сити мол? Како тогаш не се активираа? Оигледно имале ресурски, имале можности. Колку такви има кои имаат влијание и имаат можност. Ама не мрдаат бе луѓе со прст. Се додека не им тропне на врата. И затоа сме до каде сме. Додека само нас кога ќе не тагне нешто се организираме и бараме правда, и кога во се вмешуваш политика и партии вака ќе биде и бетар. Се прашувам да беше девојчто дете на некој кој не е моќен, дали исто ќе бевме згорзени или ќе беше само уште една пресуда прочитана на веб..
Лицемерно е да се повикува токму сега на протест, а претходно се оградуваа и кажуваа да не се злоупотребува трагедијата (кога имаше колку-толку обединување меѓу сите). Ги изиграа малку отповеќе нивните*, ама нека им е. *вака кога почна да се дели народот уште од времето, сè е удолу. По кој основ ќе е протестот, еве не знам.
Тие не бараа правда, бараа одмазда. Сте чуле некогаш толку податоци одеднаш за сторителона дело, па одма досиеја извадени, кој бил, што бил? Не ги интересира за друг, трет, четврт- сите тие се некои други. За нив нема да има ни ,, ексклузивни,, новинарски тенџериња, нит ќе знаете кој кого удрил. Во најдобар случај обвинетиот ќе биде со иницијали, нели уствари треба сите да бидат со иницијали ако се обвинети, не осудени? И ќе беше суден како сите останати, и осуден како и сите останати. Правда, ама како што јас ја замислувам, сите животни се еднакви, ама некои се поеднакви. Уствари уште една показна вежба како власта е посветена на борбата против криминалот, нема лабаво, го осудиле на 12 години, во рекордно време, гледајте и чудете се. Кој разбра-разбра. Изгледа само Нена разбра.
Ама тоа до некаде, беше јасно од почеток… со поврзаноста со ВМРО. Она шо подоцна исплива на виделина, со тој статус на ФБ од страна на Росица непријатно ме изненади. Не очекував дека толку - апла, ќе се “издадат”. Ете бидејќи и Теодора беше повторно спомната. Нејзината фамилија, т.е. сестра и, излезе со речиси идентичен статус како онај на Росица, во врска со протестите - осудувајќи ги. Така да…
Кога пишав за родителите на Фросина тука парче ме направивте да сум си избришела вака така.Сега гледам сите коментирате дури и тие што ми викаа да бришам. Уште одма реков,партиски се определени и тоа е во ред,ама бараа партијата да е на страна а од друга страна јавна благодарност до вмро и премиерот. Луѓето излегоа дадоа поддршка ама не биле од кој е следен од вамте тамте. И верувајте пак за нив не е криво вмро туку судијата што е од сосема друга партија.Судијата може да е најчист на свет ама во оваа држава секогаш се научени да се обвинува опозиција.Се дури партиите се побитни од се ќе биде вака.
Случајот на Фросина доби внимание зашто беше на фамозната Партизанска. Теодора беше удрена таму на некоја упм улица во небиниот ни град Тетово. За жал и тоа имаше удел. И пак, никогаш нема да го сфатам она "не е до политиката, до системот е". Системот го водат луѓето во политиката, не јас, ти и Станка од трети. Не можеш да ги раздвоиш.