Мислам вистина е жалосно,нема оправдување за вакво дивеење. А ако си сакаме правна држава ќе си ги баталиме партиите и ќе си тераме без нив.Партиите треба да зависат од нас не ние од нив.
Не баш. Фросина не е првата жртва на Партизанска. Само Фросина имаше и има обележје (ништо против немам, инаку). Да не ја повторувам Биља, сите сме еднакви, некои поеднакви е муабетот. Не дека Васо заслужува помалку, туку и другите жртви заслужуваат повеќе.
Na Partizanska bese udrena i Frosina od Palanka, i Olivera od Radovis nea sigurno nikoj ne ja pamti za zal, pa ne bese vaka fama ko za ovoj slucaj.
Локацијата сепак беше еден фактор. Еве примети колку внимание добиваат жртви на сообраќајки од малите градови.
И да им се десеше во Неготино кој е мал град, бидејки се фамилија со глас ќе се слушнеше. да не се правиме глупави колку што не сме. Во македонијава секој живот има цена во зависност од поврзаноста на родители, роднини и слично со власта. Затоа јас не излегувам на протест.
Сите имаме свои црвени линии. Вашите се изјавата на таткото дека веруваат во власта а моите се политичарите лицемерни милјардери кои немаат допир со реалноста и партиски војници кои чекаат прилика да крадат. Видам ли утре било од која страна пак не одам. Ама некако многу се "испотресовте" за пресудава, како едвај да ја чекатавте за да можете да се ситите заради некоја изјава на фамилијата на Фросина. Продолжете да ликувате.
Мене ме изненади брзината на пресудата. Колку поминаа, 3-4 месеци? Зашто повеќето случаи се маткаат со години. За Иван Билински иако сите чуја тоа време што се случи, никогаш немаше официјална пресуда
жално е што кретенот на 32 години ке излезе, и фамилија и деца и све ќе има, а за 12 години од Фросинче нема коска да има. (А иначе гарантирам дека за 5-6 макс ке излезе) се менува власт и слично, примерно поведение, ти реков ми рече до 25-26години излезен ќе е. Ке му ја преполоват. Во држава кај што нема закон, имаш две алтернативи, се селиш, си земаш закон у свој раце. Толку на темава околу Фросина, преболна е.
Ќе му намали апелација најмалку 3-4 години, има многу алиби да извади помала казна од апелација затоа што ова е највисока казна до сега за вакво дело.. Прашање е дали воопшто 5-6 години ќе лежи.
Не се толку проблем овие 12 ако ги гледаш на само и не ги споредуваш, ама еден ист, со исто дело, во соседен град доби 2 години. Семејството плачеше по телевизии додека не ги замолчија. 10 години разлика за исто дело. Важи.
Не знам зашто ама не сум многу оптимиста дека ќе лежи воопшто. Овој адвокат Боки го извади на слобода, а не па овој.. ќе му измисли некоја дијагноза и на овој и ќе го пуштат на лекување во странство.
Реакцијата, нема врска со пресудата. Таа е во однос на повикот за протест од фамилијата, а неодамна ги осудија сите шо протестираа дека се приврзаници на опозицијата. Не дека немаше и такви, ама сите дека беа… Рани куче да те лае…
Се сваќам, и 20 години дека бил, во ред, млад, и се каел, и признал, спортувал итн итн итн све, но, каде е правото на 22 годишната Фросина за живот? Мислам која е тежината мерата на сево ова, животов на Васо е повреден од нејзиниот? Тие две години разлика е мерилото? Не ми влага у глава никако, незнам немам коментар.
Да де, кога бараме повисока казна за несреќи со смртни последици, сме се воделе по емоции. Кога даваат смешни казни или намалуваат оти бил млад, неженет, спортист, тоа по закон било. Дајте тој закон да видам шо вика, дали откога ќе истрчам полумаратонон, имам зелено светло бар една банка да ограбам, ако е малце за убивање човек? Додуша и млада, немажена, таман. Дали на 22 или на 52 и 72 ќе убиеш човек, исти к е.
Да, и после зошто младите бегале западот не чинел, само ќе работиш Јас сум веќе долги години во Германија и не планирам веќе никогаш да се вратам во Мк да живеам. Грозно е таму, има дивјаци и скапан, корумпиран систем што го оцрни народот
Нема да има 12 години казна затвор, сто посто ќе му ја намалатси играат курташак со народот, демек ние глупи сме, нафта пиеме. И после ќе излезе после 4-5 од затвор и цело Скопје ќе го прегази
Ај уште еднаш, отворете КЗ на било која држава и ќе видете колку се казните. Ваква казна е прв пат изречена, под притисок на моќните родители и јавноста. Истите тие родители чие дете загина ради системот и врските, самите тие се врскаџии. Одма се гледаше дека се работи за нивно дете и ќе се среди се. Епа ете, пресуда за краток час и висока казна. Ова треба да важи за сите, а не само за овој случај.
https://www.slobodenpecat.mk/vrhovn...da-priznae-vina-za-pregazuvanjeto-na-frosina/ Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина