За да дојде не дојде до ова, требало веќе казнуван да биде. Не требало да има мито за претходните случувања. За мене тука родителите, тие што ставаат пари во цеб, законите и се што е до целта на судењето е криво. Жално ама вака и ќе си продолжиме. Се додека некој не дојде и да воспостави ред, како порано. Да се знае кој е кој и на кој што му е работа. Васил не е единствен, сите ние сме Васил сега или сме биле.
На Васил му е криво што ќе лежи затвор, не му е криво што згазил човек. Му се гледа од сурат. Тие па неговите, дремат таму во ќош како магариња, ааххх, да можеше Тодор да им удри по еден шамар, онака да ги види цела јавност, глупаци. И Тодор не е за правдање, ако така рекол за тие во Кочани. И нивните деца доживејаа сурова смрт, со кое право така рекол дека се политички мотивирани? Бараше доживотна казна затвор, рече брутално убиство, рече убиство со умисла, а се знае што е убиство со умисла. Зошто си дозволи да наредува на суд, обвинители? И жално за Теодора од Тетово, затоа што нејзините не се бизнисмени. А и за протести, прво бараат поддршка, се закануваат дека со тој народ ќе прават уште помасовни протести, на крај го навредуваат тој народ. Ванковска па пишала дупла казна ќе било, условите во затворите биле лоши. Ооофф, Македонците дома живеат во лоши и нехумани услови со стар мебел, немаат да си средат, таа па ми кажува за затворениците.
Не знам што очекувате да направат родителите на Васил. Си присуствуваа на рочиште кај синот, си беа повлечени на страна. Баш како што се очекува едни виновници на постапат. За Васил не можам да кажам баш ништо, не знам дали чувствува вина или не, ама да сме реални сите сме со бубачки во глава на 20 години и никој не излага надвор за да убие некој. Сигурно има грижа на совест, но не го оправдувам тоа дека го ваделе од с*ања секоја година. Го заслужува затворот. А за Тодор ми беше жал! Прва бев на протестите. Прва бев за поддршка, многу луѓе имам загубено во сообраќајки. Сега...сега не ми е. Откако дознав колку луѓе ги измачувал изминативе години, дека преку Груевски добил фабрика каде не ги исплаќал работниците кои чесно си работеле, немале децата со што да ги нахранат. Он ќе збори за правда?? Сите не направи политички манипулатори што бевме да го поддржиме..
А сега испаѓа дека и они ги задушија протестите за Кочани. Затоа што сестрата на Фросина нели имаше пишано статус за "Кој е следен" дека е политичка организација, и од тогаш луѓето се повлекоа од протестите.....
Како може родител кој исто изгуби дете, ова да го зборува за родители кои исто изгубија деца? Се треба да ви е јасно за каков лик станува збор. И сопствената трагедија не го променила како човек. Штета.
А што фаца е таткото на Васо се прашувам што еве успева и до врховен да стигне да заврши работа за синчето? Зошто од еднаш топ тема е да се дискредитира фамилијата на Фросина а никој не збори за таа на Васо? Очигледно е дека е оркестриран нападот за да се пренасочи целата негативна енергија кон фамилијата на жртвата. Не подлегнувајте на провокации кои очигледно се план и започнати од Јованови и нивниот адвокат со цел да се оттргне вниманието од нив. Каков потег, сигурно со месеци се спремале и оп кога е донесена пресудата се впуштаат во кампања за оцрнување на Кулавкови и веќ никој не збори за нив.
Абе...мојто дете е најбитното, другите небитни-клошари. Еден гугл на ликов уште кога се деси и се требаше да биде јасно. Легендата вика дека постоел чесен голем газда во мк. Ќути Митро, тулумби паѓаат. Немам појма кој е ликов, нит имам фб нит бутур.Луѓе не се менуваат ради трагедии, или е ради пари или ради откровение.
Каква врска има фамилијата на жртвата? Фокусот се става на погрешно место. Дали имала/немала фамилија и каква и била фамилијата е скроз ирелевантно у случајов.
Точно и преточно, тоа и го реков пред малку. Два дена оркестрирано се става фокус на фамилијата на Фросина. Што е тоатално небитно и нерелевантно во случајов.
А ирелевантно ли е? Зошто секоја сообраќајна несреќа , па и друга црна хроника се објавува со иницијали а овде во рок од 2 саати излегоа имиња, досиеја, протести? Па они сами излегоа како нивната фамилија била жртва за Македонија, па и ќерката жртва за Македонија, па системот не чинел ама супер бил, ако се они во системот и се пресуди смртна казна. Ако не, не чини. Абе ај.
Битно е која е фамилијата на Фросина затоа и се досудени 12 години , инаку ќе беше пресуда со по 2 , 3 , 5 години и судење по 2 години како во сите други сообраќајки досега.
Да на FB. Не се лоши само луѓе напатени си пишуваат. Многу му замеруваат за благодарноста на Мицковски и слично. Да не се клањаше на партија, и ќерка му да не навредуваше протестанти немаше да навлече вакви коментари. Ги критикувал и родителите за бесррќата од Кочани ги нарекувал хиени и политички платеници.
Никој не мора да ги оцрнува Кулакови. Сами си го направија тоа. Како што кажаа погоре, со начинот на кој ја тераа целата работа. Сакаме правда, одиме на протести, па не протестираме против власта, фала премиере, вие добар сте, ќе протестираме против судството. Па после Кочани наместо да изразат сочувство и разбирање за родителите и трагедија од таков размер, они најдоа време да пишуваат статуси за кој е следен. Па сега 12 години се малку, се збунивме, решивме пак да протестираме, ела дојдете. Мислам хронологијава е... што да ти кажам. Болката никој нема да им ја намали. Што и да се каже е излишно. Прерано згаснат живот, 2 уништени фамилии. Нека ни биде за памет, како воспитуваме деца, и како опстојуваме и се однесуваме во општеството.
К****шак си играат со народот кој реално сака да се бори и оди на протести. И ова е само причина зошто никогаш повеќе нема да излегува. Оти на крај Курто и Мурто се браќа и го кркаат тие на средина.