1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.509
    Допаѓања:
    13.807
    Кога нво правеа протест за 8 март, таткото кажа зошто тропале со тенџериња на улицата, тоа било навреда за Фросина. Улицата не е нивна сопственост, кој сака ќе протестира и за што сака. После тие се извинија, немале лоша намера. Верувам дека немале лоша намера, протестот им беше за повеќе работи, не само за Фросина. Затоа сега се малку луѓе.
     
    На Cutiepie123, TammiB5, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    61.999
    Пол:
    Женски
    Наравоучение, не се дава газот под кирија во партија. Е токму поради ова, затоа што животот е пресуров, по некоја космичка шега дете ќе ти утепа дете на некој друг што појако го пушел курот у партија и на крај истото тоа дете ќе искочи за некоја година од затвор и живот ќе живее.

    Што мајка бараа во смрт на невино дете политики да мешаат, не им се љутам вистина, стварно немам ништо против семејството, ама не се плука по некој што чекори на улица за тебе и си ризикува безбедност, за после истите тие институции и закон да те поебат.

    Нека почива во мир девојчето, и нека ни прости на сите што сме за никаде.
     
    На vitamina, sparklie, lovely91 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.789
    Допаѓања:
    25.921
    Пол:
    Машки
    Кога еден куп луѓе протестираа за Фросина, татко и и сестра и излегуваа со изјави дека протестирачите се комуњари, платеници од невладин сектор кои протестираат против власта на ВМРО - која впрочем нив многу и помогнала и кон која чувствувале благодарност.

    Сега, откако убиецот на Фросина ја доби највисоката казна за вакво дело во историјата на Македонија, таткото кој ги критикуваше протестантите, директно повикува на протести и очекува дека истите кон кои плукал, повторно ќе излезат. Мало сутра.

    Извинете вака, ама за десетици вакви случаи убијците добиваа минимални казни, 1 до 3 години, за нив не се дигна баш никаква фама оти не беа деца на високи партиски потрчковци, па нели, помалку се значајни. Жал ми е за Фросина, како и за сите загинати, но истовремено толкава одбивност ми ствараат нејзините најблиски, бљак.
     
    Последна измена: 15 мај 2025 во 20:22
    На sparklie, Трагедијаупмм, lovely91 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Искрено, не мислам дека треба толку да се осудуваат луѓево кои под дејство на неизмерна болка изјавиле тоа што изјавиле во надеж дека ќе ги приберат институциите на своја страна.
    Не е ни толку битно. Исто ко што веќе не е битно дали Васил ќе добие 8, 10 или 20 години казна...буквално сеедно е, девојчето е мртво, ништо не го враќа.
    Ништо не е толку битно, сѐ додека немаме превенција на вакви случаи. Еве што ако се деси ова, секоја вечер улиците се тркачки писти затоа што луѓе со ниска интелигенција а превисоко его се влезени во брзи и бесни филм и немаат перцпеција дека они можат да се следни убијци и дека можат да завршат зад решетки. А за волја на вистината, и многу што се топорат со осуда дека казната е ниска се исти како Васил во главите. Јас стварно не знам како би го постигнале тоа повисоко ниво на свест, а не ни имам надеж дека ќе биде во скорешна иднина, за жал.
     
    На Iva:), TammiB5, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.154
    Kога не се тера пропаганда, ни името не им го знаеме. Нема новински написи-нема име. Нема маици ,,правда за Магдалена,,. Зошто никој не протестира за намалената казна за тој случај? Нејзината мајка помалку плаче или како ? Ништо нема да им ги врати децата, ни на едните ни на другите. Ама, не сте сите Фросина, сите сте/сме само помалку еднакви животни.
    Магдалена е 11 годишно девојче од Велес, прегазено, талентот избега па го бараа. Па го осудиле на 18 години, па апелација намалила на 10 или колку. Дури и без најјакиот адвокат у свет у Скопје.
    Не знам што да кажам повеќе, само еден Господ, оти памет и свест тешко.
     
    На vitamina, Bella •••, Pixi5 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.789
    Допаѓања:
    25.921
    Пол:
    Машки
    8 години. И адвокатот на Васил го користи случајов како пример дека Васил бил осуден на превисока казна...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    29.104
    Пол:
    Женски
    Во лифтот му ја кажале пресудата на сопругот...сопругата ја изгази пијан полицаец, кој цел ден се криеше зад таткому кој тогаш наводно призна вина....после беше доцна за алко тест....
    https://kanal5.com.mk/namesto-vo-su...opruga-tvrdi-deka-ja-slushnal-vo-lift/a699024
     
  8. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.274
    Пол:
    Женски
    Да загинела поради начинот на живот на нејзините би било битно.
    Да ја убиел неплатен работник од кај татко и, би било битно.
    Да имаа "грб" родителите на Теодора, Фросина, Магдалена од Велес, сите истото би го направиле. Гласно и јасно да се дознае, кој убива на пешачки, кој го штител и слично.
    Ама немаа и останаа убијците со по две години.
    Жално е што мора на овој начин да добиваат правда.. Со заблагодарување на Власт, со реферати на соц. мрежи и слично.
    Не можам да им судам како се понашале, пошто не можам и фала богу не сакам да знам, јас како би реагирала.
    И да Фросина отвори многу нечисти фиоки во државава, фиоки кои сите знаеме дека се таму, ама мора до ова да дојде за да помислиме да ги отвориме.
    Не го знам профилот на луѓето кои што ги убија другите девојчиња, ама овој на Васо, е се што е грешно во државава.
     
    На Amelia, azelea и Iva:) им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.728
    Пол:
    Женски
    А кој е крив за тоа? Тие свесно и активно придонесуваат да се одржи таков корумпиран систем.
    Единствено ми е жал за Фросина, само таа е жртвата тука. За семејството? Тешко им е сигурно сега, ама ако сакаат да почнат со барање вина за тоа што се случи треба да застанат пред огледало и да почнат од себе.
     
    На Nausicaa, Snowflake97, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.154
    Епа профилот- нема татко ми , на 80 години, да земе да вози стотка во населено место и да бега. Ете, сите за кои знаеме биле млади, немале фамилија, па да им ги намалеле казните. Затоа за свест збориме.

    За кој родител како бара правда, сите да имале грб исто ќе праеле- ко што кажува Безименка, затоа е системот каков што е. Ај да им скинеме казна, ај овде да подмачкаме, ај овде врска да фатиме- и резултатот е тој. Да постојат санкции ко што треба, за сите, никој нема да седне да вози пијан и со стотка на пример.
    А ова со јавни хвалоспеви на власт е ново дно. Ај па утре и смртна казна може ќе воведат, ако се деси на некој со поголема моќ. Вие пак имајте разбирање, ама нема да важи за сите. Пусто турско.
     
    На vitamina, LiquidLuna, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    Ќе се надовзам на последниот коментар кој не можам да поверувам дека го читам а не треба да сум изненадена со оглед на тоа што се пишавте последниве денови. Вас омразата ве обзела сериозно. Стварно сте тешки за читање па уште лајкови имате. Може да наброите 100 причини за вашиот став и ниту една нема кај нормално и неутрално размислување да ги оправда овие зборови на омраза кои ги сеете веќе трети ден. Што толку ве погоди, зар тригер во случај на НЕВИНО ЅВЕРСКИ УБИЕНО девојче ви е тоа што таткото е од партија која не ви одговара? Се спуштивте на ниво на Султана и Марга од Твитер, и оние кои објаснуваа дека синот на Муковски загина зошто татко му е грешен, исти сте само се замислувате дека сте различни. Грозно е. Колку и да се сипете сега со вашата "вистина" нема да го смени тој факт. Секоја жртва е исто вредна, од која партија и да му се родителите аман. Вие што се обземавте со фамилијата на Фросина се најдовте погодени само затоа што си ја имате мувата на капата. Партија ве заслепела. Фуј.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.728
    Пол:
    Женски
    Дали е ова реалноста? Зошто пред некое време за девојката од Тетово мислам беше, се досудија само 2 години. Зошто мислиш дека тоа е така? Се прашувам што е различно.
     
    На forumce, LiquidLuna, Pixi5 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Зошто тој што ја прегази не беше без возачка, со "украдено" возило, пијан/дрогиран.

    Многу брзо заборавате како и за Јордан што ја прегази Викторија почнаа да пишуваат која му била мајка и кој и бил швалер, па сега ова за Васо е нешто ново.

    Во секој случај вистина се тажни и жални коментариве каде што жртвата е пак крива, па на крај ќе почне и Васо да се брани. Како и да е не дај боже било кој и во една и во друга ситуација да се најде, никој не сака да изгази некој
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    Јас прва бев на протестите, прва бев која збореше дека ова мора да престане. И ми е премногу жал за девојката и секој ден се молам да нема веќе ниту една жртва поправило мало дете.
    Огорчена сум од Васил, како и од неговите родители. Жал ми е за родителите на Фросина, бидејќи изгубиле дете! Дете!!
    Но, коментарите што ги „сееме“ веќе трети ден, не е за тоа дека не сме свесни дека изгубиле дете, не е дека не жалиме по жртвата, него какви се реално родителите на жртвата. Бидејќи прв беше родителот кој збореше како родителите на Васо направиле се за да го извадат од ср*њата што ги направил, а он исто така фаќа врски за повисока казна. Истиот тој со години не им исплаќал плати на своите работници кои исто така имале деца. Тој родител прв беше гласен за да не нарече политички следбеници и за тоа како само “неговата“ жртва е битна. Не! Секој живот е битен! И искочивме против корупција! За се што ние искочивме за против, он го употреби во нивниот случај.
    Жал ми е и навистина посакувам никогаш повеќе да нема жртва на улици предизвикана од несовесни возачи, но јас веќе не сум поддршка на ова семејство!
     
    На vitamina, staycalm, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ова е фрлена коска да се занимава народ. Се збудале народот на тема фамилијата на Фросина, а да имаа подршка од Вмро со еден повик илјадници ќе дојдеа на митингот, по тоа се гледа дека во борбата се сами. Додека се кара народ за тоа што заслужила фамилијата на убиеното девојче ви Тирана без одлука на Влада, Собрание и без Претседателот Мицкоски денес потпишал непознат договор со Велика Британија и тоа во ист ден кога сите медиуми во Британија објавија дека сите азиланти од кај нив ќе бидат префрлени во центри на Балканот. И сега видете што е битно и релевантно а што не е. А договорот е тајна ама кој ти дава 5 милјарди онака на лепе очи. УЖАС.
     
    На PollyPocket му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.274
    Пол:
    Женски
    Тоа реков и јас.. Жално е што мора така.
    Не ги знам луѓето, ни на Фросина, ни на Васо.
    Само го гледам исходот на нивното родителство.
    Едните изгубија душа дете, другите створија убиец.
    Мене, нас, не интересира правда да има, а не кој од родителите е полош човек. Можеби како родител иам грам жал и за на Васо.. Ама за Ќулафкови многу повеќе.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    22.752
    Ај остајте ги врските на страна. Да речеме ете, стварно биле гласни за да има правда или им се посреќило да добие Васил повисока казна.
    Ама не може да го повикуваш на протести истиот народ што екшали сакаше правда, сакаше протести ама тогаш не им чинеше оти спиеја на тоа уво дека се влијателни па не може нам нико ништа, демек не ни требате вие, сами можеме, ете Мицко ќе нѐ спаси. И кога ќе те плесне реалноста во лице, пупу не важи.

    Инаку што се однесува до протестот за Осми март, и јас сметам дека Фросина не требаше да се меша, зашто аман, не секоја несреќа во која жртва е жена, има врска со родово базирани проблеми.

    А утре да ми се случи ова мене, сакам исто така правда ЗА МЕНЕ. Не за мојата фамилија. И никој близок да немаш на светов, исто заслужуваш правда како секој. А тоа што вие Фросина по дифолт ја поистоветувате со фамилијата па не можете да разберете зашто вака збориме против нив, до вас е.
    Фала богу, затоа уствари за жртви на семејно насилство не се дереме вака оти они се често срам за фамилијата.
     
    На Iva:), TammiB5 и Pixi5 им се допаѓа ова.
  18. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    А сестра и на Фросина, Росица нели едно време пееше на Супер Ѕвезда и детски евросонг? И на Википедија пишува дека е македонска пејачка. Ме интересира дали некој од вас знае она што работи сега и дали уште се занимава со музика? :fubar:
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    121.041
    Пол:
    Женски
    Нит знам нит ме занима.
     
    На Biljarkata и Pixi5 им се допаѓа ова.
  20. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да прашам зошто сите пишуваат за таткото? И цело време гледам на форумот абе луѓеее...
    Дете да ти умре не знаете вие што е тоа;(;(пострашно од тоа нема
    И вие се најдовте за човекот да зборите. А не го ни познавате!! Срамота. Се потпирате на муабети на рекла казала. Епа ајде ако кажал таткото нешто такво да го пратите овде а не само да пишувате како да сте желни за внимание
     
    На Iva:) и Cka им се допаѓа ова.