jas koga citam nekoi komentari i toa od popularni clenki ne mi se veruva, znaci kakvo e toa razmisluvanje , semejstvoto podrzuvalo partija pa aj sea inat ke se tera ko bozem u slucajov partijata da e bitna ili semejstvoto kako razmisluvalo..pravda za devojceto e najbitna!
Така изгледа само, луѓево се моќни. Правда мора да има, и за овој и за секој случај. Ако не не казнуваат според закон. Ќе изгинеме сите.
https://www.facebook.com/share/p/1BYfKbbrEJ/?mibextid=oFDknk Еве го постот од сестрата за Кој е следен како збори... и зашто сите се свртеа ... Спојлер: За тие што немаат фб Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам. Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка - затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност. Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина. 31 Јануари - Денот на погребот На денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага - се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите. Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“ Чесни исклучоци постојат, но јас зборувам за сенките Пред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“. Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки. Вторите протести - моментот кога сè стана јасно Веќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот - имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж. Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно. Манипулацијата почнува и жртвата станува неважна Присуствував на еден состанок - последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент. И тука морам да бидам прецизна - тие што тогаш го водеа тој наратив, тие што не гледаа како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците. И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор - тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат - зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце. 8 Март - најболната навреда Протестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта. Од ожалостено семејство - до мета Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето - се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација. Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата. ❗️ “Кој е следен?” да ве прашаме вас: Кој е следен❓ Која мајка❓ Кој брат❓ Која сестра❓ Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси❓
Ќе излезат и ќе ги поддржат тие кои изгубиле блиски и кој знаат каква е таа болка и неправда. Што е ова бе како муви само серете по форумов страни и страни испишавте.
Ај малце култура прво. Сите сочуствуваме со тие што изгубиле деца. Народот излезе и протестираше, сега и тоа не чини.
Епа на тоа мислеви Фросина има пеено на Супер Ѕвезда 2008, јас бев во хорот таму. Се сеќавам дека носеше сребрени чевлички што светкаат. Ах бре Фросинче
Затоа што самите плукаат по народот. А да беше СДСМ на власт и ВМРО сенките да ги организираа протестите ќе беа хвалоспеви. Кога они во најголема болка делат на шарени, на вакви на такви.. извини не ми е нормално!
И мене ништо не ми е нормално.. ама ни тоа што ако било вистина дека ја искористуваат смртта на Фросина за нивни цели (како што има сестра и пишувано), а не за неа како личност, ми е уште поненормално
Не знам какви луѓе биле,што направиле во минатото и не навлегувам ама колку патат и се уништени како родители се гледа на нив Таткото на Фросина за 3месеци остарел како за 30години.. Многу многу жално,Господ нека им дава сила некако да продолжат понатаму..
Па тој што има време и што сака, јас бев и имаше стотина луѓе кои ниту една партија не ги викна и дојоа со искрен пристап. И да има пак протест ако сум слободна ќе одам и за Теодора, Слободан, Јелена за Јилдиз Веаповска. Впрочем не рече сестрата дојдете Кој е следен и вие од првиот протест, ако не ви се оди не одете. Да, јас ве разбирам и се сложувам дека не беа потребни изјавите на таткото на Фросина и Теодора ама тоа го препишувам на состојбата во која се наоѓаат, претпоставувам имаат притисок од власта и плус се надеваат дека така ќе дојдат до правда. Семејството на Слободан исто има проблем во процесот, кај нас е проблем судскиот корумпиран систем.
Се тоа јас го разбирам, ама треба една работа да се запази, дека тие се они што мешаат политика. Односно излезете на протест, ама немојте вака немојте така... Сите бевме потресени од ваква грозоморна случка. Едноставно не треба да се дофрла бензин на огнот. Многу луѓе излегоа спонтано на протестот. Не викам дека немало и партиски војничиња, ама покрај сувото гори и суровото. На крај и краева опозицијата е секогаш во право когаќе згреши власта па само чекаат ваков момент, за после тие да дојдат на власт, па тие кога ќе грешат овие другиве ќе бидат опозиција и ќе бидат во право и така во круг. Како и да е народот пати. Во коментарите на постот на Росица подолу имаше пишано една девојка дека излегла на протест рамо до рамо со нејзината мајка, и дека тоа го направила за да даде поддршка...На што Росица и враќа дека можеби и тие се дел од Кој е следен... Што да кажам понатаму?