Исто Што ми требаше да отворам , ми се слоши Леле душиче девојчево , злато невино Мајката ОК ли е , да не ги малтретира и она ? Се надевам стоката во затвор некој убаво ќе го подбере леле како со задоволство би била јас , говедо
Имам 4 годишно девојче душата ми се распара.. се надевам и јас. Имаше ли на вести за ова? Денеска не гледав. Да видиме утре што ќе биде...
Кружи скриншот од слика дека жена му избегала лани, па ја нашле. Значи од арно никоја не бега, толку на темава. Гнасни коментари како мајката не си ја заштитила ќерката, ама ако нема доказ каде е доказот.. Премалку заштитени, а премногу експонирани ни се жртвите.
Извинете, ама и мајката е виновна. Три деца имаат заедно. Не му е прв пат. Епа знаејќи дека е насилник, бегаш уште со првото, или пријавуваш, или правиш уште две. Тоа па никогаш нема да го сфатам.
Како можеме да и помогнеме на мајката? Како и каде да се врши притисок. Дајте баталете кој шо рекол за тепање деца, да направиме нешто добро за мајката. Има ли психолози што си ја познаваат материјата да и се јават? Дали е мајката згрижена? Да се понуди помош на детето.. Шо можеме да напраеме? Сега читам дека имале уште две деца. Ок, може е некоја простичка жена, не знам. Да помогнеме на децата, социјалното кај нас катастрофа е.. Душа ме боли вака.
Ако оваа снимка помогне барем некој да се освести, тогаш нека е и драматично само нека престане. Точно е дека на Балканот постојат дерење, шамари, закани, подчукнување... но токму поради тоа денес пола Балкан страда од трауми, агресија, недоверба, анксиозност и други психички проблеми. Можеби и овој човек е израснат во такво семејство и сега само го репродуцира тоа. Но тоа не е оправдување.
Не сметам дека се работи за ,,простичка жена" туку за жена која најверојатно долго време живее во страв, изолација и беспомошност. Жените не остануваат со насилници затоа што се наивни или глупави туку затоа што се плашат, немаат поддршка, често се финансиски зависни и психички скршени. Насилникот не е 24/7 ѕвер знае да манипулира, да моли, да се заканува, да те натера да поверуваш дека немаш каде. А кога општеството не нуди реална заштита жртвата станува уште поизгубена. Насилниците често знаат да се заканат ,,ќе ти ги земам децата“,,ќе те убијам ако заминеш“ ,,немаш каде“. Можеби децата се случиле и во време кога не смеела ни да помисли на бегство. Иако ете еднаш сд обидела.. Или едноставно – немала никаква реална поддршка од никого.
Да, истото и јас го велам. Не е муабетот тука да се докажувате "јас не сум како другите" него да сфатиме дека ова што го гледаме е нажалост секојдневно и "нормално" на Балканов.
А ниеден нормален човек не би тепал дете. Ама ете тоа поминува некако, а снимањето е поголем проблем за некои. Лесно е од страна да се збори кога не си ти тој што живее во страв, изолиран, без поддршка, и со години можеби бара начин да излезе. Снимката можеби е единственото оружје што и останало за конечно некој да и поверува. Да се реагиралo порано, можеби ни снимка немаше да треба.. Вака се прескокнува суштината и ја напаѓаат жртвата што е типичен проблем во нашево општество.
Мајката да не го снимила, скотов не би бил во притвор. Се спасиле и таа и децата благодарение на снимката.
Не знам што искрено да кажам на оваа констатација. Од една страна, не знам ни јас како, но од друга страна, предизвикуваш револт и притисок во јавноста. Колку пати се случило, пријавени мажи за насилство, па полицијата се прави глува и слепа. Мада требала да снима уште првиот пат. Барем да не се дотрауматизира детето. Во секој случај, пак и секогаш децата се жртва на родителите. Едниот во активна, другиот во пасивна форма.
Детето е жртва, аман веќе. Сите жени жртви се, а сите мажи генијални манипулатори. Има лек за вакви генетски грешки, ама мајчинските инстинкти не им работат на сите очигледно. Што ако го убил детето додека она снимала?!
Штотуку прочитав пост. Бил пријавуван повеќе пати, но никому ништо, очигледно ризикувала за да конечно некој нешто превземе. Можеби за огромна жртва. Но, точно не ја знаеме целата приказна. Психопат на слобода е полошо од само бегање со децата. Ќе те најде, може тебе да те убие, може сите да ги убие.
Ќе ја убиел и неа. Едноставно е. Јас сум дете пораснато во брак со насилство. Кога ја тепал мајка ми ќутеше за да не го лутеше уште повеќе. Затоа што ако изреагирала детето уште повеќе ќотек ќе јадеше а и сите во куќата. Вака собрала среќа храброст барем да снима.
Зошто направила 3 деца со него? Ај, едно се десило. Ама, 3 со таков човек е чудно. Требала да бега уште кога било само едно дете.