Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    И шо понатаму реално може да му се деси? Да биде притворен, осуден некоја година?
    Или може да биде пуштен, да се брани од слобода? Има некој правник..?
     
  2. Vitkano

    Vitkano Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ако ја убиеше додека таа реагираше, ќе ја прашувавте зошто не снимила. Жените не се светици, мажите не се ѓаволи но факт е дека системски, жртвите најчесто се тие што се малтретирани, а институциите најчесто молчат. Можеби мајчинскиот инстинкт и рекол дека снимањето е последниот начин некој да и поверува. Таа самата вели јас сум пак виновна што објавив, а сакав само да ги заштитам децата.
    Реалноста е дека насилството се прикрива, жртвите се игнорираат, и кога конечно ќе соберат храброст да покажат пак тие се виновни.
     
    На Tinaaa, M&M, Чанто и 6 други им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    12.980
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно некои луѓе треба да се кастрираат за да не можат да се размножуваат понатаму и обавезно да им се одземе секое право што го имаат врз тие деца што веќе ги направиле после вакви морбидни потези.
    Треба да си сериозно ментално и душевно болен за вака насилно и крвнички да тепаш дете, поготово свое.
    А за снимкава.. од една страна да не беше снимкава како доказ никој немаше да види како ги малтретира психово позади затворени врати, ама од друга страна не би можела само да снимам потајно дури го млати детето така беспомошно… Страшна ситуација, се надевам дека на отпадоков ќе му дадат taste of his own medicine.
     
    На boo3, Amelia., SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Повеќето нема кај да одат. Нема. Државата не дава засолниште. Од дома и не ја прибираат. Кај ќе оди? И дали на ваков скот мислиш дека може да му каже - нe,не сакам да имаме односи. ?? Луѓе аманте. Многу причини има зошто.
     
    На eliesaab, jacqueline.s, awkey и 5 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.932
    Допаѓања:
    130.248
    Пол:
    Женски
    Можеби, ама тоа не е добра одлука.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Не е во секој случај.Ама еве мајка ми беше претепувана па не доби помош од никој. Кога еден ден заврши на болница тогаш ја зедоја нејзините и пак мачно беше многу. Нема закон,народов е за никаде пак срамот кај неа ќе го бараат затоа и од дома и нема најверојатно поддршка. Да не и сме во кожа.
     
    На christinnn, eliesaab, awkey и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Наидов на пост дека еднаш избегала. Оставила децата во градинка и исчезнала, па ја нашол.
     
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    7.537
    Пол:
    Женски
    https://vidivaka.mk/zhenite-vo-make...o-LdoN_VBaRcotjDsA_aem_KwPEO9wigtenotFAGD7LjQ
    Муабетот, зошто снимала.

    Многу комплексна тема. Но, се почнува од родителите. Или бабите и дедовците, да бидам подобро сфатена. Има многу, што не даваат никаква поддршка на своите ќерки, учени да седат во бракови, а тие самите дел од балканска теленовела испреплетена со насилство.

    Мислам дека многу работи би се смениле, во полза на жртвите ако некој од матичното семејство подаде рака. Не знам ни јас што родител е тој што те остава да седиш во таков брак и ти ги млати децата.
     
    На lovely91, M&M, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Тешко децава... се потежок е случајов. Душички. Среќа барем говедово не е покрај нив.
     
    На Mumoftwo30 и Miss666 им се допаѓа ова.
  10. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    12.980
    Пол:
    Женски
    Јас најголемиот проблем во ваквите ситуации го гледам пред се во државата и институциите што не се занимаваат со вакви “семејства”. После тоа народот што нема капацитет да резонира во ситуацијата кој е жртва а кој насилник и на крајот само ја бламираат жртвата. А и тие семејства на жртвата што ја пуштаат по вода наместо да ја заштитат се на ист левел монструми ко насилникот.
     
    На eliesaab, Miss666, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    7.537
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250624_000018_Chrome.jpg

    Закониве, се ми се чини, како да се правени во полза на злосторникот. Пази, парична казна, затвор од 6 месеци до 3 години. Да речеме максимална добие, а нема. Што после?

    Не знам. Ама пак ќе кажам. Деца не се прават, ако пред првото, имаш насилство во бракот и ако после првото, пак имаш насилство во бракот.

    Има уште една што ја знам од Срце на дланка. После првото, имаше проблеми со мажот, па ги остави гладни, па се смирија и решија второ да имаат. Пак ги остави и пак живеат во сиромаштија.
     
    На SummerGirl, 1209, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    10.265
    Пол:
    Женски
    И ова е така, јас одма би отишла да го одбранам детето, а на овој очи да му ископам!
    Иако, не знам каква ситуација е, можеби и мајката ја малтретирал... Не знам што да кажам, лошо за дечињата...
     
    На sweet dreams ** и fbaby им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.819
    Допаѓања:
    40.917
    Пол:
    Женски
    Искрено, наративот дека сите жени во брак со вакви мажи автоматски се и жртви е многу неточен. Значи да нагласам-очигледно не зборам конкретно за оваа жена, ниту ја знам ниту ја познавам.

    А зошто мислам така? Па да тргнеме од фактот што има и еден куп жени кои го делат истиот менталитет кога се работи за насилство и "воспитување".
    Го знаеле каков е мажот, го земале зашто им било нормално ете тој да си има такви минути, сепак да се знае кој е главата на семејството дома. Додека го пишувам ова ми доаѓаат барем неколку примери од реален живот за жени кои се реализирани на секое поле и кои немале никаква пречка да заминат, а сепак ги оставиле своите сопрузи да им ги млатат децата бидејќи тоа е нашата токсична култура во кој живееме. Така да, не е баш од помош да се генерализира дека сите жени немаат глас. Да, еден куп жени немаат и се заглавени, ама исто така еден куп имаат и не го користат...Треба прво да се бориме вакви машки примероци воопшто да не стигнат ни да имаат животен сопатник ни деца.
    Браво за женава што го снимила ова како последна шанса за да се спаси. И потсетник дека воопшто не е толку ретко за да биде толку шокантно.
     
    На Lavender13, M&M, Munchmallow20 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.932
    Допаѓања:
    45.457
    Пол:
    Женски
    Абе вака да ми го млати детето јас да снимам за доказ, абе со што најдам ќе го избодам бе, ќе го лежам говедото ама веќе нема рака да крене на детето.
    Кој што сака нека каже мајка што после прв удар и насилство од таткото кон децата молчки и седи таму не е здрава и е учесник во малтретирањето.
    Да жално е и она е жртва ама ако треба нокти ќе откорнам да си ги спасам децата бе, а не да снимам за доказ.

    Малтретирање и насилство кон деца е дно на човечка вредност. Мивка. Покажува сила на 4г девојче.
     
    Последна измена: 24 јуни 2025 во 00:51
    На sweet dreams **, Mumoftwo30, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.662
    Допаѓања:
    38.241
    Пол:
    Женски
    Затоа се бега при најмала агресија. Еднаш ако те удри, бегај. Оти пак ќе те удри. Ама има жени кои се заслепени од љубовта спрема партнерот и мислат дека тој ќе се смени. Стока не се менува.
     
    На felisitas, Mumoftwo30, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Vitkano

    Vitkano Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека гневот е голем секој нормален човек би полудел ако му се допре дете.
    Ако го нападнеше и повредеше таткото, тогаш децата ќе останеа без двајцата родители. Ако немала поддршка од дома кој ќе ги згрижеше тие деца? Таа е во стапица каде секој потег може да ја чини или сопствена слобода, или сигурноста на децата.
    Стравот не е рационален го јаде човекот однатре. Жените кои се со години под закани, понижувања и уцени, често не гледаат начин да излезат. Објавувањето на снимката е активен обид за спас. Ако веќе се гневиме, да се гневиме на системот што ги остава жртвите сами не на тие што конечно решиле да проговорат.
    Секако, ова е само мое мислење, бидејќи се уште не се знае целосно што точно се случувало.
     
    На Angie1432, Ani93, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.932
    Допаѓања:
    45.457
    Пол:
    Женски
    Не во нормална држава немало да останат без двајца родители оти нападот ќе се сметал за самоодбрана.Да да бидеш жртва со години е комплексно, ама жива сила нема да ме натера да прифатам дек мајка нема да направи се да си ги спаси децата.
    Јас барам свесно тврдам дека амо некогаш вака се осуди маж ми да ги тепа децата, ќе го лежам ако треба, ама последно ќе му е.
     
    На Aschenputtel, eliesaab, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.932
    Допаѓања:
    130.248
    Пол:
    Женски
    Можеби да, а можеби и не ако тврди дека го нападнала во самоодбрана или одбрана на лице кое не може самото да се одбрани.
    Снимањето може да помогне, но и да одмогне. Некој ќе рече дека снимала наместо да му помогне на детето и ќе ја прогласи за соучесник.
    Погрешно е да му се подлегне на стравот.
    Жени немале ништо, ама ги зеле децата и избегале. Си рекле подобро да умреме од глад отколку од неговите раце. Ако од сопствените семејства немале помош, ја побарале од други.
    Во денешно време со медиуми и форуми е полесно да се прочуе дека некој/а е во опасност. И организациите не се ради реда.Треба да се искористи сè што може да помогне.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    7.537
    Пол:
    Женски
    Кои организации? На кого помогнале?
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.932
    Допаѓања:
    130.248
    Пол:
    Женски
    На форумов често препорачуваат една адвокатка Катерина како прв чекор за барање правна помош.
    А, информации каде жените можат да се обратат има на Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство. На пример во Женски Центар за Поддршка.