Да во идеален свет, сите би се бореле до последен здив. Но не секој може. Затоа не осудувам никого што реагирал како што можел. Ако мајката реагира насилно, според мене, голема е веројатноста дека нема да биде препознаено како самоодбрана, особено ако нема сведоци или ако тој го заврти случајот како што сака. Мислам дека имаше пред скоро кога жена го уби својот сопруг и свекор и таа заврши во затвор. Не е страв од пајак или темница тоа е години живеен терор, со закани, уцени, па и убиства кои ги слушаме на вести. Сепак потенцирам ова е само мое мислење. Можеби мајката сметала дека видеото ќе и помогне како најсилен доказ затоа што модринки можат да избледат, може лажно да се сведочи дека се случајно направени, а целиот процес да се одолговлечи или да заврши без правда.