Од секаде само црни хроники ми идат, дали го видовте најновиот инцидент на аеродром кај што некој наводен “маж” фаќа дете кое што не е негово и со сета сила го лупа од земјата? Додека мајката го вади багажот од лента, 18м тодлерче, избегани од војната со мајка му во Москва. Ужас до ужас. Детето е во кома со сериозно повреди, тргнале со надеж за подобар живот…е*ате денешницава, до кој степен стигнавме.
^ Прочитав, не гледам. Немам срце. Ама после ја ко викам да се врати јавна бесилка, сум била 15 век. Не, туку народов е збеснат и крајно време е граници да се постават. Вриеме, не се трпиме.
Туку камо протести, Кој е следен, статуси за жената што загина на ТРОТОАР во Охрид? Ај да погодам, нема. Ни името не ѝ се расчу, ни ништо Не е на позната локација, нема фамилијата силен грб, Кој е следен се прават наглуви. Свако чудо за три дена, тоа е.
^ И јас за жената од Охрид прочитав дека загинала , на тротоар си одела најнормално. А тоа што велиш @Munchmallow20 барем на име да ја знаевме која е... Ќе се осуди тој што направил несреќа, и тоа е казната. Да е поголема само, за да служи за пример за сите несовесни. А не само колку да се осуди, и да биде помилуван по некој месец како досега што имаше случај. Нема да имаат мир најблиските така, жената фамилија оставила..страшно.
Ние од Охрид ја знаеме жената и ја знаеме нејзината фамилија,но секогаш кај нас се чути за вакви работи и тоа е ....
Во притвор е и лицето без возачка дозвола што ја возеше колата исто така и неговиот совозач(кој му дал да ја вози колата) https://shilomagazine.com.au/2025/0...N2CCv3UU-g-ttnUYpk_aem_ccRT3hlUtMz9kKG45h259g
И пак некој лигуш без возачка со на тате колата, секој пат исто. Сите што убиваат луѓе по улициве ко у калап правени, ебате стоките.
https://ecrowd.mk/projects/579b3b55...R5TKnxE4SImUSiC4Xp_aem_kfhYCaqkh6ZW9GEte5seFQ Нека донира кој колку може Ова е за девојчето што беше истепано од својот татко. Ја пишува и нивната приказна
Има ли некако да се донира за децата од Драчево, а да не е преку E crowd? Некако шубе ми е сите податоци од сметка да ги оставам.
Со оглед на тоа што пишуваше дека мајката била вработена во Црвен Крст, најверојатно можеш директно таму со назнака дека е за нив. Само они најчесто се теренски, женава живее во Драчево па пробај во тој Црвен Крст. Провери си го тоа, распрашај се, јас само нагодувам, а од кај нив ќе ти дадат сигурно поточни информации.
Донирал некој на E crowd ? Сакам да донирам за децата , само не знам дали да го сторам тоа преку оваа платформа. Мислам дека е сигурна , но сепак...
Ми искочи ова вчера и мене.Се здрвив буквално од страв кога гледав.Нешто по монструозно немав одамна видено на нет.