Секако социјално загрозени биле во една соба нели, така прочитав. Мали деца може во игра и од запалка или кибрит да направат пожар, секако ако е една просторија само за 10 мин ќе изгори така речено.
И јас имам видено пијани доктори, имам видено и медицинскиот персонал како се понаша со пациентите. Крајно непрофесионално и неетички, ама тоа е друга тема. Во врска со последната реченица твоја, не секогаш се докторите криви. Имам пишувано назад за родилката што почина пред година и пол, да не се повторувам.
Се потресов вчера вечерта кога слушнав на вести. Жално прежално толку мали дечиња душички...можам да замислам колку било страшно ,колку многу се исплашиле мали биле ....немам зборови едноставно запрепастена сум. Требало со нив да ги земат ,а не дома да ги заклучат како да се кучиња Даваа изјави комште на сите им беше зборот не ги познаваме знаеме дека тука живеат али една изјава ме уби -Слушавме врисоци и плачење Си викам добро бе тие комши неможеле да истрчат додека дојде пожарната да им помогнат И јас слушнав дека имало некој кој им се заканувал нон стоп си имале проблеми тие родители Нека им е лесна земјата на тие три душички ....
Докторот е таму да даде максумум.Секако дека се случувале грешки и ќе се случуваат.И не велам дека докторот е секогаш крив,но има големо влијание неговото познавање и искуство.
Може никогаш не се знае Али народот наш веќе не е тој што беше како порано Зимото во комши се запали куќа кога почна да гори од комшите сите искочија и одма со телефонитре снимаа додека на дм братучедкаму и еден комшија ѕвонеа како луди во пожарна за 15 мин куќата пепел стана ,среќа што сите беа спасени на време Со ова сакам да кажам дека такво време дојде само завист има кај народов и се нешто да дознат да снимат да сликаат неголи да помогнат на човек кој му е потребна помош. Можеби ќе се дознае за трагедијава што навистина е причината за пожарот И виновникот ако има виновник ќе си добие содветна казна
Такви родители очигледно немаат совест. Ќе звучам груба, ама Господ нека ги казни. Невини душички заминаа.
Се согласувам со тебе тотално Јас иако немам дечиња сеуште ама никогаш нема да ги оставам моите деца сами ако неможам со мене да ги земам ќе најдам кај некој да ги оставам. Секој ќе си ја добие заслужената казна од тој горе Може никој не е виновен може така требало да биде,може има и виновник ама тешко дека ке дознаеме Може таму горе на тие невини душички ќе им биде подобро.... едит еве некое видено мислам дека таа е мајката што разговара со полицијата има еден дел кога човек од погребално носи црна ќеса https://vecer.mk/makedonija/uzhas-vo-veles-tri-deca-pregrnati-izgorea-vo-pozhar-video
Штета за дечињата. Иако и мене ми падна во очи дека немаат струја, а сепак пожар, но можно е уз игра да палат ќибритчиња, можеби свеќи имале оставено родителите. Многу е тешко да се бара вина во ваква ситуација. Најлесно е да се речи дека родителите се виновни, како смееле да остават сами деца дома- што се согласувам до некаде, децата се премали за да останат сами, ама да имаме на ум дека тие се родители и тие родители изгубиле деца. Три деца. Навистина жално.
Мајката ако е таа што мислам некако не ми стое потресена за некој кој изгубил 3 дечиња. Чудна работа. Зошто и двајцата заедно отишле на продавница, зошто само едниот родител не отишол. Мали деца се оставаат ли сами?
Таткото да му е сеедно така увидов по видеово ,мајката се расправаше со тие како да се други виновни и нејзе како да и е сеедно едно време беше седната и се држеше за глава Имаше и едно дете си седеше како ништо да не се десило си кинеше трева .... Незнам што семејство ќе беше не сакам да си ставам гревови на душа ^ Да и јас тоа си го помислив зашто не отишол едниот Можеме милион причини и претпоставки да дадеме ,али само тие двајца ја знаат точната вистина
Совесен и одговорен родител не остава толку мали деца заклучени и сами. Не е најлесно, туку тоа е тоа. На цел памет што го имале тие оставиле бебе само дома, ма дајте ви се молам. Децата изгореле поради нивната несовесност. Тројца возрасни лица( двајца родители и еден 19 годишен син) да немааг основно чуство на одговорност , За мене не се нормални личности. Кога раѓаш дете си одговорен за неговиот живот и безбедност, а овие лица се далеку од родители. Нека одговараат сега, само што ништо живо не ги враќа децата.
Се согласувам. Децата не требаше да бидат оставени сами, тоа е факт, тоа е нешто кое и самата го напишав. Ама исто така не можиме да смениме дека тие се родителите кои само шо ги изгубиле децата. Три деца, ќе нагласам. Не треба уште некој веднаш да му вика над глава, сигурна сум дека се свесни. Не верувам да е некој побесен од нив, полут на себе од самите тие или да тагува повеќе од нив.
Четвртото дете, 19годишното, кој им го дал? Или нивно е? Оти посинок или слично нешто некаде пишуваше.
Дали психички се здрави луѓево? Психички здрав човек не остава дома сами толку мали деца. Толку. Не знам каков родител да си, не, не, не и не, никогаш, по никој основ не се оставаат сами. Не! Изгореле, боже, кој страв чувствувале тие деца, срце ме боли, кој ужас и каква трагедија. Тие за мене не се луѓе. Сурова сум? Сурово е да заклучиш дома мали деца сами и да се задушат и да изгорат, е тоа е сурово.
И ради некои ретардирани родители 3 дечиња невини се бореле до смрт и на најлош начин заминале . Зошто бе господе зошто им даваш деца??? и пак речете ми после секој има право на дете. не нема!!
Господ дава, ама наместо он и да ги зеде, каде биле службите да ја завршат таа работа. Зарем 3 мали деца треба да живеат во тие услови. Се надевам не го зеле најголемото за пари да касираат од државата и некој со сиот памет не им го дал.