Од ситуацијата едно знам: Една мајка остана без дете и сопруга без сопруг. Остана сама . Една баба без внуче и син. Кој грабал и зошто веќе не е ни битно.
НЕ ИМ Е СРАМ, ГРАМ ОСЕТ ДА СЕ НЕМАЛО! Имам приметено дека голем дел од луѓево на форумов ЕДВАЈ ЧЕКААТ прилика да пишуваат, да се објаснуваат, да се докажуваат, да се препукуваат... Така да џабе на таквите да се објаснува кога не знаат за ДОСТА.
Ti si potencijalen ubiec stom opravduvas ubistvo na nevini lugje. Vakvite treba da se proverat.od strucni sluzbi i od policija, no najseriozno.
Се тоа мене ми делува како да бил завидлив човекот, бидејќи немал семејство бил сам ни жена ни деца,сам осамен и зол човек, ако е само за имотот зошто би убивал кога нема кому да го остави нема наследник.
Не реков дека ако има наследник треба да убие,само кажав дека мислам нее убиството само за имотот, за убиство нема оправдување никакво.
Чуден народ сме,чудна нација сме мислам дека за имот само ние на балканот се убиваме и караме до толкава омраза ,кога ќе согледаш баш е за две ќерамиди,
Пишал: скоро се ми земаа а останатото сам им го дадов. Психопатов веројатно мислел дека е ова пред 100год.и само синот треба да земе а ќерката не, очигледно дека куќата според неговиот пост сам им ја дал затоа што му го зеле/делеле другиот имот. И тоа не е битно, очигледно дека е пропалица која цел живот и љубоморел на сестра му и затоа го направил ова. А овие што го бранат се исти потенцијални убици како него. Можам тотално да му ги замислам коментарите на фб на слични злосторства како наоѓа начин да ја окриви жртвата.
Ne ste pochnale da se delite. Pri delbite ne mozes da gi prepoznaes lugjeto so koi parche leb si delel.Nitu roditelite ne mozes da si gi prepoznaes. Sluchkata vo Prilep e golema nesreka I prikaze na anomalii vo opstestvoto.
Не, туку човечки да си решавате на суд. Не со крвопролевање. Ако маж ти се смени преку ноќ и земе да те истепа и исфрли, на улица ли ќе седиш? Ако на твоето дете му се случи ова, на улица ли ќе седи? Нема да можеш на улица, нема да може ни твоето дете. Закони си има, само треба да се почитуваат. И покрај вакви случаи, никој не треба да се обесхрабрува да си го бара и земе својот дел од имотот. Особено не лице кое трпи насилство од партнерот. Мислете пред да напишете. И како да ви се објасни, овде не било до имотот. Тоа му било само изговор. Ненормален бил. Има многу семејства раскарани за поделби, но не сите пролеваат крв.
Баш ми е мило ако е така се розово кај тебе, кај нене откако почина мајка ми и дедо ми, требаше наследството да се подели и тетка ми( сестра на мајка ми) ќе ми земеш се ако не покажев заби да се борам за своето, односно ангажирам адвокат итн.
+1 на ова. Апсолутно нема да остам "мој дел" оти ми е гаранција некаква, ама нема да "земам" од брат ми. Оти го сакам и му следва. Јас идев само истото да кажам како неколку луѓе претходно. "Разбирам и лошо е, ама..." луѓето. Оправдувате 1) убиство и 2) убиство на дете. Видов еден коментар шо велеше: "така треба, кај шо боли најмногу се удира". Друг коментар шо вели дека 13 годишно дете било доволно возрасно за да носи вина. Само оти не го кажвате на ваков гнасен начин, то "ама" го кажва ова. Јас би се срамела. Вие си знајте. Релативизирате нешто шо не смеј да се разводнува и да му се зема од важност зошто "можеби на убиецот му згрешија". Бу-ху.
Јаки хуманисти може не сме, ама двата грама памет у глава прво викаат Да сме живи и здрави, на имот тури му кур. Овде ни живот ни здравје, имотот распадната куќа ама пази имотот да не ти го земат. Тука треба да се стави акцент на менталното здравје и колку вакви прикриени психопатчиња можат да распаднат цели фамилии за шупичка ако им светне, а не на светиот имот. Јебал ве имот Коментарот "Така им треба, се знае кај најмногу боли" ме прогонува. Врие од психопати.
Па богами да. Во случај да немало никаква зла намера нивна, ако гледаш дека човекот е напорен, умислува работи, не се дели бре, и така по институции наместо 6 дена се глави 6 месеци(ова од искуство сега делиме нешто). Значи секако ќе го наследиш по смртта, дури и да препише на друг, што имот е тоа бре? Требаат пари таа куќа да се закрпи. Ако гледаш дека не е ок, подалеку од него, дали е комшија, роднина. А сите што тука тврдат дека бездомници би биле, нема врска ако некој ги остави без ништо со финти, нема да убијат, ама за гуша ќе се фатат со тој што ќе ги направи бездомници. Тој што те прави бездомник свесно и намерно, не е невин, криминалец е, блиску до убиец. Да имало суд во државата немаше во секоја втора фамилија при делба некој да е оштетен. Ќе се суделе. Каде? Судството е на страната на посилниот и тој што има врски. Цел проблем е што народов е мрза, алчен. Нека ве исфрлат на улица со шеќер, притисок, попуштени вени на старост, реума, кога ќе почне да врне и вее надвор, а во вашиот град ни шелтер за бездомници нема, ќе видам што фајде ќе имате од 2 грама памет. Гледајте да не ве извиси некој, не сме во времето на Тарзан па по пештери ќе спиеме. Лесно е да се збори на 20 или 30 години со ич животно искуство, ќе почнете да делите ќе видите. Еден штрбнал, друг штрбнал, ќе ве вратат 10 години назад и болести ќе закачите од најблиските.
Замисли има некој од нас што размислуваат да си остварат нешто свое и си имаат остварено.Па не мора да чекаме на мама,тато станот куќата да се дели.Не може никој да ме остави без ништо,затоа што не очекувам од никој ништо.Ако има во ред,ако нема здравје.Ти очигледно си во времето на Тарзан и пред нашиот век што само поделби те интресираат.Одмори малку
Девојко, прва сум за самостојност и работам на тоа, ама не ме читаш по темите и не мора. Што толку ве потресоа муабети за поделби? Којзнае колку глумите и лажете тука по форуми. Во реалноста Македончето за 100 денари очи ќе извади, не па демек ќе оставите имоти во кои сте плаќале сметки со години, сте купувале мебел, сте реновирале. Штом сте толку алтруисти, дај по 3-4 стана печалете, пола дајте на другите, за вас доста е 1 гарсониерче. И велиш ако има во ред, ако не здравје. Па родители што имаш треба и имот од нив, не е никој паднат од небо. Кое здравје ќе го имаш, ако најблиските те остават без ништо? Демек во 2025 година нешто е демоде да се коментира за поделба на имот? Нормално дека не.