Ти овде навредуваше на национална основа.Не знам како се толерира тоа овде на форумов.Не не те читам и да сум те прочитала баш тебе ќе те памтам.Нас не,тебе те потресоа,цело време овде ни докажуваш како треба да се делиме.Секој во свој двор нека си гледа.Ти ни го знаеш,ни го познаваш семејството а се објаснуваш овде со денови.Зошто оделе на гости,што му зеле како му зеле.Ќе прочиташ еден статус на фб и мислеш се знаеш.
https://24.mk/details/vtor-den-potraga-po-16-godishnoto-devojche Многу сомнителен случај, вика се бањале во Вардар, и после ја повлекла водата као демек.. Сега читам дека оваа што уствари се спасила од водата била на мајка и љубовница, а таа што пријавила била уствари сестра ии.. Вардар е загаден, и таму каде што исчезнала копале предходно, не било природно течиште на река и било длабоко, и никој не се бањал таму..
Никој не се бања во Вардар, повеќе од 30 години, особено не жени, да закачат инфекции па да се лечат со месеци.. Да видиме што ќе искочи на крај, ама веројатноста да ја најдат жива е мн мала, ако стварно реката ја однела..
По изминати повеќе од 24 часа, би било чудо да ја најдат жива. Што и да биде, барем да се расветли случајот.
Жено, ни родител ни никој не е должен имот да ти остави. И лично јас сум оставила имот во кој сум плаќала мебел и сметки ЗА МИР, лично за мене. Секој физички и психички здрав човек пари може да направи, кој на полесен, кој на потежок начин..ама не се решение убиствата
Дискутабилен ми е поимот дека секој може да направи пари, јас под правење пари подразбирам јак бизнис каде имаш илјадници евра во сите банки, во секое џебче, другото е животарење, нормално живеење или некој луксуз плус, но не е правење пари. Јас не реков дека убиство е решение. Зошто воопшто дојдовме до темава? Затоа што народов не прави пари, а алчноста е плус. Велиш за мир си оставила. Си призна дека блиски те оштетиле. Па што не направиле пари ако секој можел? И ако брат, сестра, родител не сака да ти остави ништо или те измачува во смисла се на синот, тебе собче во подрумот со мувла, што родител е тоа? Што луѓе се тоа? Родиле деца за да се изживуваат со нив. Ако сакале да фаворизираат едно дете, немало потреба да раѓаат две, не се стока нели, требало да имаат контрола.
Добро да те прашам нешто. Те читам неколку денови околу убиството во Прилеп . Што всушност Ти сакаш да ни "објасниш,кажеш, доловиш заклучок" ?! Никако да те разберам.
Сакам да ви кажам дека народов ич не е ок, дека не треба во една фамилија да има привилегирани и 13-ти прасиња, независно од случај Прилеп. И жените се боксерски вреќи во бракови баш поради тоа што ги лишуваат од имот вака или онака, а Македонија не е Лас Вегас па демек секој ќе направел пари. Не за џабе сме трета најсиромашна нација во Европа, ваму па пари се правеле.
Во Црна Хроника, на тема убиство на дете , ти 10 страни пишуваш де за 13те прасиња , де за боксот , де за лоши бракови . И на крај наравоучението е дека не сме Лас Вегас , т.е дека сме трета најсиромашна земја во Европа. Ок до тука . Некако го сконтав овој твој пост. Сега ти ќе поентираш или треба ние ?! Сосем очекувано е во една од трите најсиромашни земји да се убиваат деца заради нерасчистени имотно правни односи. Толку ?! Или погрешен ми е резонот?
Никој не ме оштетил, само не сум побарала или земала од некој, и не, немам илјадници во сите банки а сепак не би се согласила дека “животарам” жално е колку некои личности с(т)е ненаситни до тој степен, тука завршувам дискусија