Сите што се во тие ризични спортови знаат што ставаат на клада чим ќе ја стават кацигата... Прежално во секој случај.
Толку ли сме бе жални да мислиме и пишуваме вакви коментари бе, толку ли… Нека почива во мир, не ми се верува.
Да почне дел од народот да сее омраза и да се ситат врз несреќата. Во секоја несреќа наместо да се жали се ситат, затоа и не се уклучив на соц.мрежи од кога прочитав.
Не си ме разбрала бе, како така ми се обраќаш. Јас сум во шок, сите низ Скопје го знаевме. Потенцирав дека дел од народот ќе се сити како и за Мукоски. Јас не читам од што немам трпение за такви ср.ња. Мене ми се гади од тоа за ваква трагедија да се сее омраза.
Ај те молам контролирај се малце. На што личи ова?! Човекот починал, а ти без срам пишуваш глупости тука Се гледа колку си огорчена, имај малце емпатија. Слушај кога ќе ти се каже нешто, не ти мислиме лошо! Наместо да прифатиш совет ти тука ги вреѓаш фемининките... Нека почива во мир, лесна му земја
Избоден пациент во Бардовци од друг пациент кој лежи поради убиство на мајка во 2012. Ја заклал и ја фрлил во контејнер. Нооо, уште пострашно е што Димитар Спасов (што избодел друг пациент и ја убил својата мајка) има фб профил и е често пуштен надвор. со шизофренија е, убиец е, два пати убил, но се шета надвор од Бардовци слободно? Како??
Да де колнати пари, божем не умираат млади сиромашни деца, не мора да барате возвишена смисла во се. Таков брз живот исполнет со одредени адреналински активности си носи и одредени ризици и последици за жал. Огромна загуба за дечково, прежално..
Скапан систем тоа ти се вика. Во државата уште ментално здравје е табу. Јас видов еден кај Лисиче (близу Драчево) со пушка шеташеваљда за на лов му требала. А стар човек беше, накај 65-70 години можда...
Овој требало директно во затвор во самица да го стават па да видиме како ќе си помине таму. Вака ко одмор му дошло. Јадење обезбедено, си искачал редовно, сега му ги видов и профилите, најиронично ми е што бодри еден затвореник да тепа друг и уште вика "да види како е семејно насилство врз жена и мајка", а он својата ладнокрвно ја прободел неколку пати со нож и телото го фрлил во контејнер. Каква свиња еј, ми се згади.
Што е најтрагично истиот овој, пред две години објавил видео на фб како малтретира друг пациент кој штотуку го сместиле… Добро има ли бе еден нормален што работи по институцииве?
Тоа не го видов ама дефинитивно местото не му било таму. Друго е затвор, построго, ем гарантирам дека нема вака да се курчи кога ќе знае дека надвор му дремат вооружени полицајци. Види го колкав е, а и упорно вежба, во Бардовци не работат батки за да го совладаат баш лесно. Затоа и му се можело.
Институциите многу и не се грижат за психички болните луѓе, знам за 2-3ца со психички проблеми кои можат да бидат опасни за сите околу нив а никаде не се згрижени, често прават проблеми и кога некој ќе ги пријави ќе ги приведат на некое време и подоцна ги пуштаат на слобода и пак исто. Не се сомневам дека по поголемите градови, особено Скопје, има премногу вакви случаи. Жално е што во Македонија мора нешто вакво да се случи за да се свестат за пропустите во државата. Мислам дека ако бил соодветно чуван, третиран и затворен (дури и во болница), немало да дојде до ова.
Законот е таков, ако некој судски не е прогласен за непресметлив, со одземена деловна способност, немаат право со сила да го држат во болница повеќе од еден месец, а и тој еден месец е ако направи беља некоја, присилна хоспитализација со брза помош и полиција. Не зборувам конкретно за случајов, туку општо за сите со сериозни психијатриски дијагнози кои шетаат слободно. Дури и за оние кои се прогласени непресметливи, чиј старател е член од семејството, треба триста врски да се фатат да се смести некаде затоа што немаме доволно капацитет и соодветни институции