На утакмица во Штип навивачи на шкупи нападнале фудбалери од 15,16 години на Брегалница од што некои деца имале сериозни повреди и скршеници. Крај ќе има ли на неандерталско и селско понашање на спортски натпревари од браќата?
Не, затоа што племето си останува племе, без разлика дали е на спортски натпревар, на улица или во болница.
Treba da se zabrani da igraat oficijalni utakmici 10 godini I da ne se igra so mk timovi. No SE dodeka nema kazni I zabrani ke se odnesuvaat nasilnichki zasto im se moze.
Не се секирајте за кратко време тој клуб нема да постои веќе и нема да има повеќе проблеми со нив. Гостински навивачи скоро и да нема во сениорскиот фудбал во ПМФЛ. Повеќето натпревари се прогласени за натпревари од висок ризик и има само домашна публика. Во помладите селекции дозволено е да биде присутна публика, затоа што не се сметаат за ризични натпревари. Денес полицијата највеќе има вина, затоа што соодветно не реагирала за да протече настанот во најдобар ред и тие се единствената гаранција за безбедност на присутните.
Дали некој може да ми го објасни овој феномен? Оваа глупоќа и простоќа на овие генерации. Овакви вести читам по не знам кој пат. МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г. 88 од Велес пријавила дека на 27. овој месец околу 10 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што и го сторила. Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес. Сериозно, како е можно некој да ти каже „ќерка ти прегазила дете, дај 50 000 евра“, и првата мисла да ти биде - „ај да одам да земам пари“, наместо „ај да ѝ се јавам на ќерка ми“? Или јави им се на блиски, кажи им, оди до комшии побогу. Фаќаш автобус, одиш до Скопје на 88 години, оставаш пари во канта за отпадоци и пак се враќаш во Велес. Тоа е бумер супермоќ. На мајка ми ова да ѝ се деси, ќе ѝ речам - „немој да го гониш човекот, повеќе пари требало да ти земат“!!
Објаснување за феноменот: Антисоцијално - преварантско - незрело - кукавичко - садистичко - простачко понашањесо кој памет се јавуваш да...? Ваквите типови треба да се затворат засекогаш, затоа што може да се вратат на старото однесување и да крадат, лажат без срам. Не ја судам жената сакала да се спаси од ситуацијата, страв и било да не заврши ќерка и в затвор и од паника ги оставила паритеможе и не знаела дека се работи за преварант. Не можам ни да замислам колку се осеќа виновно жената..... Грозно е
И јас не разбирам,ако направило прекршок мора да одговара.Како така ги учат гази сине ние ќе плаќаме.Барем од повозрасните очекуваме мозок и емпатија.
Ете уште една интересна забелешка. Носела пари за да го сокрие наводното убиство кое го извршила нејзината ќерка, класичен поткуп.
Жената е очигледно ментално не океј и можеби не е ни свесна за своите акции и не гледам како било кому помагаат вашиве прекреативни коментари и снимање како да е некаков спектакл. Први за во Бардовци се овие што снимаат и свиркаат.
Темава не е за видеа какви што постираш ти, туку за тешки случаи и случаи со смртни последици. И никој не знае што ѝ е на жената, па коментарите се несоодветни.
Za zal zenata treba da se lekuva vo ustanova.Taa ne e svesna sto pravi. Koj znae dali ima rodnini Ili bliski da I pomognat I da ja odnesat na lekuvanje. Mnogu zalno koga se gubi dostoinstvoto poradi mentalna bolest. Moze I da ja zgazi kola na bulevarot. A za tie sto snimaat I postiraat nemam komentar. Da ne mu se sluchi na nikogo.
Ако мислиш на Лара Костовска, а ми личи колку што се гледа на снимката, таа му е внука на Џаро. Страшно и треба помош.
https://www.slobodenpecat.mk/mvr-za...-ubil-poraneshnata-sopruga-i-nejziniot-tatko/ "Неофицијално, жртвата повеќепати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а тој и ѝ го запалил автомобилот." Апсолутно неприфатливо! Жртвата повеќе пати пријавувала закани по својот и животот на својот татко, а полицијата не презела ништо. Игнорирањето на вакви пријави го остава човекот ранлив и овозможува насилникот да делува. Ова е сериозен пропуст и јасно покажува дека довербата во институциите треба да се зајакне.