Девојчето тоа е, плава девојка на неговиот инста, објавувани слики од втора половина на 2024-та? По објавите, кратко ми изгледа дека биле заедно.
Го познавав убиецот, 10-тина години, го знам од свои 14-15, кога и почнав со скејт да се занимавам. Не верував дека е ваков човек. Не знаев за насилството, затоа што не сме биле во контакт од 2017-та, ама онака чат пат, знаеш какво место е Скопје мало. Моите родители ги познавале Коцеви, долг период, т.е. мојот татко и мојата маштеа. Се видовме летово со чичкото, само никој од нас немаше впечаток дека е до толку врвка ситуацијава. Не знам. Немам зборови. Не ни знаев дека е Илија, истиот лик кога ни зборуваше... Душава ме јаде.
Најмалку е важно колку биле заедно, важно е што на време се спасила од него - но за кратко. Да, љубовта е убава,болната опсесивност кон некого - убива!!! А најголем убиец на сите времиња во оваа земја е СИСТЕМОТ!
Тоа ми беше и зборот. Не знае човек за каков психопат ќе се закачи. Претажно и за неа и за татко ѝ. Монструмот секако не е за жалење.
Инаку околу убиецов, вчера кога го видов прв пат профилот забележав дека студирал архитектура, скејтер, улична мода, фотографија, прошетал свет, голем љубител на животни, на прв поглед доста кул лик, делува едуцирано, кој би помислил дека е пореметен психопат. Кој знае уште колку психовци шетаат меѓу нас со оваква фасада.
И сега, кога ќе одговара мвр? Кога ќе се побара кој не преземал ништо, зошто девојкава стопати пријавувала, и за џабе? За колку дена ќе заборавиме?
Истото сакав да го кажам. Така ми делуваше и мене на прва, ама очигледно е дека изгледот лаже и не треба да судиме според тоа. А девојкава Росица е преубава. Нека почива во мир.
И јас тоа ќе го искоментирав, дека сите кога ќе се деси нешто вакво очекуваме некој затуцан лик, а во случајов е урбан човек од кок никој не би очекувал вакво нешто. Не ни сакам да помислам во каков страв живеела девојката, незаштитена од никој и немоќна, очекуваајќи во секој момент да настрада. Изгледот дефинитивно лаже и ова е огромен доказ за тоа. Државата ни е мизерна дупка во која жените се апсолутно на дното и нивната безбедност не преоритет. Нека почиваат во мир.
Ете доказ дека човек не треба да се суди по лик, туку по карактер. Изгледот лаже. Дур не го запознаеш добро, не можеш да знаеш каков е и што ти мисли.
Ова уште повеќе му ја зголемува вината и тежината на делото. За жал, нема да има прилика да одговара пред законот.
Е овие ни ебаа матер. Овие генерации создадоа и воспитаа психопати и тоа се пренесува од колено на колено. ,,Сподели ја Св. Петка за здравје" (де)генерација.
За жал колку вакви навидум кул ликови, или пак, образовани, ценети или пак видни луѓе се психопати и насилници. Жени, жртви на насилство се и жени со кариери, образовани. Јас не знам што мислите дека насилници и жртви се луѓе со низок социјален статус? Не. И уште пожално е што полицијата е слепа и глува на оваа насилство. Колку од жените секојдневно живеаат во страв, со закани, со ќотеци. И на крај и убиени.