Не реагираат службите никаде, особено не во Велес. Сто пати пријавував родители кои си ги оставаат децата среде ноќ на улица сами и џабе. Штом децата имале мајка и татко, тие си береле гајле за децата. Куќата навистина била на недостапно место. Претпоставувам дивоградба, затоа таму ја направиле. Таму по ридот се се дивоградби, без никаков план. Не знам ни како воопшто стигнала пожарна таму.
Луѓе, има вакви ретардирани родители. Една познаничка ми кажуваше дека нејзини соседу го оставиле своето петгодишно дете дома само, а тие излегле некаде божем на кратко и почнало да врне, грми надвор и детето плачело, се исплашило многу. Значи колку памет треба да имаш да го оставиш детето така. Баш како овие. Сешто
Како човек, ми се повраќа! Како жена, ме "удавија" емоции! Како мајка, како некој да ми ја распарал утробата! Излишни се зборови
Деца не се оставаат на секунда сами од око не заклучени во соба сами. Родители?! Какви се овие да ги заклучат и да одат?! Не да се нервирам ми се иде таму да ги задавам. Ако си ги создал чувај ги пази ги грижи се.
И јас помислив нешто како @simonka93 ама ај... Без мозок, еј. Ај да речеш некоја куќа на улица, па набрзинка се симнале до некое дуќанче, а децава гледале цртани. Ова е бре сред шума!! Не разбирам каде е куќава, не можам да препознаам добро. Велес е стрмен, ама ова е апла спикано во некоја дупка, којзнае колку време ги барала Пожарната. Додека викнат, додека дојдат, додека изгасат... отидоа од рака.
Родителите сами ги оставиле,што не смееле ниту да си помислат,ама се прашувам зошто никој од тие кои што го забележале пожарот и јавиле не се ни обиделе да влезат некако или помогнат,можеби ќе останеа живи ,милион прашања,за одговор премногу касно
Ова ми личи на класично дело планирано ги оставиле само малите, а они и најстариот син излегле зошто тој не останал со нив... Да не си ставам грев на душа ама се мислам дека тоа ќе излезе на истрагата. Како што реков родителиве па и братот изгледаат многу смирени, мислам јас недај боже да бев ќе се мрднев.
Значи се згрозив од настанов ,не можам да се соземам. Родителите од авион се гледа дека се на граница од интлектуална попреченост. И ги има многу вакви и обично тие одат по законите на природата и најмногу раѓаат деца кои потоа патат цел живот...а некои и плаќаат со својот. Но ова е уште еден доказ колку сме за никаде како држава.Не функционира ништо значи ни социјала ни ништо.Одземај ги децата на вакви родители,згрижи ги некаде во некој дом ,па за леб и вода белким има државата да ги храни... Уф,гневна сум бре... И навистина ми делува како намерно да ги заклучиле и запалиле. Еден грев тој што го сторил а сто ние што предпоставуваме велат ама не можам а да не помислам...
Децата му изгореле, таткото државата ја обвинил. Озбилно, државата? Сфаќам дека не ви помогнале, ама во моменти на очај до тоа ти дојде? И јас си помислив да не си го подметнале тие пожарот, ама да не грешам душа. Од тројца возрасни ни еден да нема. Ами ме оставила мајка ми мене на две минути сама на 4 години со сестра ми, до горниот кат да се качи и да се симне веднаш. Кога се вратила јас на сестра ми шишето во уста, ќе ја хранам оти ми рекла мајка ми да ја пазам На подолго да ме оставела сум можела и да ја угушам. Тие три деца оставиле, ни едно свесно, премали. Што се однесува само до оставањето, тие можеле и сами да се испоубијат, од играчка, ич не мора ни пожар да имало.
Спомнаа на вести дека децата биле од различни татковци, не знам ни дали и колку е битно. Одговорни родителите, одговорни институциите. Каде нема услови, децата треба да се одземат. Без струја и вода што правеле овие дечиња зимава, каков живот никаков, душа ми се кине мислејќи. Ни по своја вина дошле на светов ни по своја ќе заминат.
Уште кога видов во какви услови живееле, ми стана јасно за какви родители се работи. Тие деца треба да ги прехраниш, а не само прави ги и раѓај ги. Очигледно им фали нешто. Друг пример. Кај мене во маало има комшии кои ги тераат децата да истрчуваат на улица пред автомобили, за да ги удри кола и после да си земат отштета. Се работи за лица од Ромска националност. Имаат ли мозок бре?
По текстов каде вели внатре имале пластика мене одма ми стана јасно,се задушиле од токсичните соединенија што се ослободуваат при горење на пластика. Изгледа бил несреќен случај,а брзо се разгорел огнот од запалена пластика се преплашиле и биднало што биднало. Затоа мали деца сами дома не се оставаат. Но тоа го знае секој одговорен и присебен родител. Жално,Бог да им ги прости душичките
https://kurir.mk/makedonija/hronika...-godishno-devojche-pochina-pri-pad-od-terasa/ Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид. Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година, пренесува МИА. По добивање на информацијата, според него, формирана била увидна екипа и Јавен обвинител излегле на по што излезено е на местото на настанот. -Констатирано е дека малолетното девојче било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хирургија при Општата болница во Струга, појасни Димоски.
Ако добро се сеќавам имаше во Скопје пред некоја година сличен случај, девојче на возраст од 3-4 год оставено само дома и падна од балкон ( не ми текнува кој спрат беше). Страшно е да помислиш, а не да оставиш дете само.
Како бе сами ги оставаат децата ? Па еве и јас и маж ми одиме на пазарење дури на другиот крај од градот по некои работи ( памперсот на ќерка ми го немам во близина ) , па со нас си ги земаме во кола и со нив пазаруваме или јас чекам со нив во кола а мм пазарува , а ако ептен не можеме да ги земеме ( обично кога купуваме многу работи количински , обавезно ги оставам со возрасна , свесна и одговорна особа ( золва , сестра , мајка , свекрва ) а плус и исклучувам електричен шпорет од струја ( синот многу чепка по кабли , сака електричар да биде коа ќе порасне ) па превентивно вадам опасни апарати од струја и ниските штекери ги лепам со прозирен лепак . Ако родителите морале да пазаруваат , а немале кола , можеле да повикаат некој од познаници , комшии , фамилија да им ги причуваат на час - два децата . Страшна трагедија е ова , Бог нека ги прости дечињата , жално е што на ваков начин го изгубиле животот , а родителиве со едно дрво трнливо и удри мавај кај стигнеш . Девојчето што паднало од тераса .. греота и за него . Затоа децата со себе па и на секунда да е . Бидејќи ете толку треба за да дојде до трагедија . Бог нека го прости , на родителите сила да им даде , и можеби памет да не оставаат дете на тераса да излегува ако не се веднаш до него .
Пред малку гледав видео на фб. Родителите се жалат за куќата што им изгорела. А за децата нивни дали им е жал? Се чудам како е можно да постојат вакви луѓе.
Mene mi nema zemeno pari jas tek ke se poragam enos sum bremena dosega za nisto mi nema pobarano pari a I ne me interesira mnogu mnogu oti nema da se poragam vo strumica a za sestra mi neznam ne e kazala nisto zatoa