Можам само тебе да ти одговорам, затоа што се испревртуваат зборови како да сум рекол дека треба да биде убиена. Иначе, само ќе кажам..врати на претходната страна, се сложувам со Фб постот, друго ништо.
Значи.. жена може да биде и најлоша на свет, и 'кучка' и 'мрдната' и каква и да е, нејзин живот, нејзино право, и НЕМА НЕКОЈ МОЧКО ПРАВО ДА И ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ само затоа што не бил гушкан како мал и е стока распала и егото психопатско му е нежно.
Кој рече дека заслужила да биде убиена? Зашто извртувате зборови? Факт дека цело друштво му било нарцисоидно и површно и другари-ките негови што не го спречиле на време (пошто ценеле други ствари очигледно) дошло до ваков крај.
Не била цвеќе за мирисање. Оф мори мајко, типично македонско просто размислување. Како и во претходните случаи и во овој кој ја терал да оде со овој, сама си го барала. Е заради вакви мислења ќе има вакви убиства
Кој извртува зборови? Овде пишуваше дека во случајов немало цвеќиња за мирисање... и што значи тоа? Дека без разлика дали е маж или жена ако не е цвеќе за мирисање што треба??? Да се убиваме?
Со пуканки не чекам на форум нит па сум чекала (тие што ме читале баш убаво знаат дека не сум пасивна и доволно имам пишувано на тема насилство во соодветна тема), ајде да повикаме и машки членови - форумски идоли. Оти фемина направи исклучок и машките да се закитат со титула форумски идол, каде се? Нели бараа простор да се еднакви тука, да не се истиснуваат? Сите понежни половини нетрпеливо ги чекаме. Ама нема да дојдат, нормално. Инаку на темава, машките што го знаеле масовно си го отследуваат. Ова исто не е јавна тајна, само најдете некој веродостоен извор кој ќе ви покаже разговори. Зошто на мажите им е полесно да отследат некој ако веќе го знаеле/се дружеле? Ах, да погодам. Да не бидат идентификувани дека се исти ко него?
Па и вие што коментирате дека она не била цвеќе за мирисање, не сте цвеќиња за мирисање. Дали тоа ми дава право да ви дојдам дома и да ве рокнам? Еве и мене ме нервирате, па знам да си ги контролирам емоциите.
Новиот партнер да ја сакал, ќе ја заштител. А тоа жена на жена дека е волк, и останати работи кои не се на темава во најмала рака е безобразно да се употребуваат во онаква ситуација. Исто, многу мажи се воздржани оти си викаат којзнае каква била. И тука исто се гледа доста. Па да е некоја најникаква, никој нема право да убие бивша партнерка, толку ладнокрвно. Mezarlik / Тhe graveyard (кратка-мини серија) за сите мажи, на Нетфликс.
Реалноста е дека повеќето мислите дека не била цвеќе, дека требало да гледа со кој оде, дека женските за пари одиле и дека го убила човекот во него пред тој да ја убие. Ова ли треба да го прифатиме?
Ако веќе се коментира кој што заслужил, никаков вид на насилство не заслужила а камоли убиство. Почнувајќи од навреди до графити, уцени и ред др ствари што и правел психопатот.
Ова што го коментираат сељациве е за некое убиство во Виена, не е поврзано со случајот од Велес. Ама тоа не е битно, пошто они секако вака размислуват
Епа истите овие не се психопати, со вакво размислување? Не дај боже на нив жена да им згреши или да ги одбие, верувам дека истиот исход ќе го имаат... или во најмала рака ќе бидат тепани, физички и психички малтретирани. Боже со какви дишеме ист воздух... а дел од таквите ни ја раководат државава...