Mene ova za decata sto izgorea mi lice da e namerno storeno ova neka mi proste gospod koj ostava Sami tolku mali deca nez dodusa I na nas pocnaa da ne ostavaat sami roditelite na 6 I 3 godini koga bevme so sestra mi oti nemavme babi I dedovci da ne cuvaat ednite se daleku drugite nemozea da ne cuvaat I komsiite ne nadgleduvaa cesto posto ziveevme vo zgrada I fala bogu nemase kojznae kakvi nezgodi
Тек ќе горат со неспособнава ни министерка Мила Лицемерковска. Женава освен пресови, сликање и предизвикување скандали како тој во Неготино ништо друго не направи. И Диме Спасов беше тука некаде, но позади него имаше популистичка партија која ете, долгови ќе им прости, струја ќе им вклучи, ќе им даде некоја ситна пара, ќе ги вработи во комунално итн. Патем, излезе ли госпожава на некој прес да каже кој ќе сноси одговорност? Дали тие како министерство дали родителите или некој трет?
Мене не ми е јасно зошт еве гледам и тука и на фб се обвинува државата и институциите за настанот? Значи биле приматели на социјална помош, плус 3 работоспособни единки и 3 мали деца. Што треба да се направи повеќе? Да им ги зеле децата ќе има плачки по медиуми како им одзеле 3 мали деца па затоа ќе ги сожалуваме, кога они веќе немаат свест и направиле 3 деца едноподруго а немаат леб да јадат. Не ми е јасно што пазарување за јадење ке беше да мора да одат сите тројца, можела мајката да остане дома, синот и таткото да одат, нема никаква логика во тоа. Од држава економски слаба како нашава не знам што луѓето очекуваат да се направи со социјалните случаи, им опростија сметки и кредити (ние останатите глупи што првите пари од плата на сметки си ги даваме, па што остане натаму тоа) имат други попусти и поволности, им се нуди тешка физичка работа не прифаќаат епа сега нема во канцеларија да те стават, ама подобро им е да се размножуваат , да ја напаѓаат државата дека им е крива, кога имаат повеќе права од останатите. И јас може сакам 3 деца да родам, ама не можам ни на едно да се одлучам поради нестабилна работа, а они си го тераат кефот после друг нека дава пари и цел живот на социјално демек толку се нема работа за нив.
Неќам да зборувам вака ама искрено сумлива ми е работава. Тројца души да отидат на пазарење, и сами да остават три мали деца не ми е во ред. Дури на вести го слушнав татково, не ми личеше на ожалостен родител кој само што изгубил три деца. Можеби би се спречила трагедијата ама да бидеме реални. Ем на некој рид, ем една соба од 8 квадрата. Толку мала куќа би била цела зафатена во пламен за 15тина минути, ако има што да гори внатре, може и помалку А и телата биле најдени јагленосани, значи изгорени бајаги. Сигурно дечињата се задушиле од чад уште кога избувнал пожарот. Така да родителите повеќе ги обвинувам отколку службиве. Жално за децава само..
П а искрено, мене ми личи дека намерно они си ги убиле децата, али и да не било така, се гледа дека им паднал камен од душата оти имаат три усти помалку за ранење... Али кога се еба*але арно им било, ќејфот си го терале... И да , државата е крива, оти имаме толкава сиромаштија, оти луѓе немаат ни за леб и вода, и оти народот е неедуциран и ментално затуцан, и неспособни завршуваат факултет, и се пикаат со врски у социјални служби да работат, па клати врата, зимај плата... Се е тоа затворен круг... Фмп.
Ова е толку потресно, во пожар да се загине... Заради вакви работи, не сум сигурна дека треба да се остават деца заклучени дома. Родителите мислат дека така се безбедни, но не. Еве, ќе се случи нешто, нема да можат да излезат. Тој 19 годишниот, каде бил? Случајов е навистина сомнителен, за да се отиде до продавница, или било каде, тоа може да го направи едниот родител а другиот да остане покрај децата. Каква е таа совест да се остават толку мали деца без надзор од некој возрасен?
Има државата и тоа како удел. Последниве наши две влади упорно си форсираат популистички мерки и се прават неработници од социјалните случаеви. Велите 3 возрасни луѓе дома а земале социјално никој не работел. Тоа никаде во свет го нема само во будалиот ни Балкан. Во други земји една година ти следува социјално, после ако не одиш на работа ти го укинуваат. Додека државата не ги натера да работат постојано ке се случуваат вакви работи.
Господе прости ми ова ми е мене толку сомнително целава работа... нема струја, има пожар.. тројцата наеднаш си одат од дома.. да не ми пиши грев господ ама и јас сум со мисла како @Gosh . Страшно..
Немам коментар пак ќе кажам... Има изјава по порталиве татково кажува дека се сомневал во нешто дека изгубил деца и останатиот дел од изјавата т.с 99 посто кажува дека е државата виновна. Може е виновна да ама тие родители немат памет кај се остава три деца сами Се сложувам со многу коментари погоре што се напишани Се надевам дека ќе се дознае кој е виновникот https://www.24.mk/ojo-veles-gi-istr...pozharot-vo-koj-zhivotot-go-zagubija-tri-deca
Се гледа дека родителиве немаат памет. Ја обвинуваат државата. Излегува дека заради лошите услови децата им загинаа. Јас мислам дека и да живееја добро, пак ќе беше исто. Сомнителна ми е работава. Второ - Како им дошло до правење деца, а немаат леб да јадат?
Да, државата го приморала да одгледува 4 деца кога за себе нема леб да купи и државата го приморала да ги остави трите дома сами.. Ебати паметот ебати. Греота за децата а ваквите 'родители ' би ги праќала на Голи Оток и би ги кастрирала за да не уништуваат повеќе животи.
А кога им се нуди работа, ја одбиваат. Научени се да живеат паразитски, од милостина. И после обвинуваат други. Се загрижиле што останале без дом. А децата???
Жално е. Нејќам да коментирам и мислам дали намерно си ги запалиле децата. Од видеа и изјави по медиуми, знам дека многу аир за да се долови некоја ситуација нема. Прикажуваат една страна, еден агол од сето така што..не би да правам изводи за луѓето. Жално.
^ Ич немат памет па се прави ли толку деца ненормални. Кога ќе ги видам тука се жалат немаме пари ,децата ми се гладни и боси па што си начукала 10 деца ненормална ,никој не ни помага Не дека никој не им помага им се нуди и работа и можат да најдат работа ама не сакат сакат цел живот да се жалат Големото дете што го имале тој му е очув од друг маж и е големиот син. Неможел он да остане дома со маливе ?Мора сите да одат Ова е премногу чудно ,господ нека ми пишува грев ако не е така ама ова све е наместено намерно нешто има позади сето ова . Читав општината ќе им нашла стан и ќе им плаќала кирија и дека погребот за дечињата градот ќе го плати
И ќе им биде супер. Како што пиша некоја членка, 3 усти помалку за хранење. Колку што разбрав, 3 деца биле од овој маж, а 19 годишниот од првиот маж. Јас да сум на место на мајкава, ќе се самоубијам. Што ќе ми е живот без деца. Едно е болест, ама да им заврши животот на ваков начин? Имаше случај во Србија (минатиот месец) каде што едно дететнце и избегало на мајката и рипнало од тераса. На место мртво. Кога видела, и она скокнала.
Сигурно све е плански или некој им се има заканувано ако имат напревно нешто лошо комшите кога даваа изјава дури не им се збореше како да знаеле нешто чудни ми беа Сега ќе бидат најсреќни како не им е жал. Мајката па уште и се расправа со пожарникарите и џандарите Покрај таква трагедија и да се расправа навистина многу ми е чудно. И кажувам вчера на мајками за трагедијава остана без зборови ми вика па добро бе немало никој дома ,мајката каде била ,како можеле да ги остават толку мали децата барем да не им заклучеле врата . Познавам жена што се има малце психички уништено поради дете и секоја мајка би го направила истото од твое тело искочено и за миг да го снема си го чувал си му дал се и да го снема секоја би отишла по него или би станал психички неспособен
За тешките услови во кои живееле, можеби е крива државата. Ама за пожарот и трагедијава апсолутно е во родителиве вината,
Не знам зошто 19 годишниот не останал со децата. На интернет има доста слични коментари како нашите. Кога прочитав за трагедијата, на момент помислив дека тоа можеле да бидат моите деца. Страв ме фати. Кој знае колку вриштеле. Душички. Не биле виновни што имаа такви ненормални родители.
Да и јас читав коментари и скоро сите го имат мислењето како тука Кога даде изјава еден од комшите кога рече слушнавме врисоци и плачење крвта ми застана
Не може никој да ме убеди дека до толку тројца возрасни луѓе не можеле да најдат БИЛО КАКВА работа, па морале да живеат од 2-3000 социјална помош. Значи, не. Имаме ние проблем во државава, ама не е до толку за да се живее без струја и вода во 21 век. Многу е лесно да се криви државата, најлесно е така. Не им давале стан. Мхм. Тие оставиле бебе со две мали деца заклучени и којзнае кај отишле, не пожар, има милион начини на кои можеле да се повредат. А да не зборувам за условите во кои живееле претходно.