Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Шизофренија, психопатија, социопатија, нарцисизам, сето тоа се ментални болести. Бараш од ментално болен човек сам да преземе мерки за себеси, сериозна си?
     
  2. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    259
    Исто не ми е јасно зашто не ги сметаат за болни психопатите како и шизофреничарите што се, со ова како да им се дава простор да делуваат како нормални а уств скроз пореметени се.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    194.751
    Дијагнозиве негде ги има во здравствен картон кај особава или си измислувате за да докажете некоја поента?
     
    На Panda00, marsilia, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  4. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    259
    Не мора да ги има, делата кажуваат дека бил тежок психопат, социопат што и да е.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    194.751
    Кои дела? Сите претходни или тоа последното? Ако се сите претходни, кој требало да интервенира? Ако е последното, дали секој нарцис е потенцијален убиец?
    Сите тие дијагнозите, измислени, (пошто официјално нема дијагноза ) се мотаат сега за да си го објасните исходов. А не мислам дека е така. Мислам, за особа што свесно извршува планирано убиство, никаква дијагноза не го пере.
     
    На Panda00, marsilia, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    259
    Многу погрешно се тумачат ствариве :D
    Мислам дека секој социопат е и нарцис воедно
    а сега видов дека за социопатија има дијагноза ASPD али нема лек.
     
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Никој не се обидува да го испере, напротив. А, дека имал ментално нарушување, тоа е повеќе и очигледно за сите што не се прават слепи насила.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    194.751
    А дијагностика има? Нешто преку крв од прст или како?
    И во идеален случај, да бидат сите дијагностицирани, сите ли се потенцијални убијци?

    Втф ви е поентата уствари? Она не била китка, он бил социопат. И?:^)
     
    На Mumoftwo30 и Goran1os им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Тебе што ти е поентата со прашањава?
     
    На flawlessss, DEFNEDEFO и Larea им се допаѓа ова.
  10. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    259
    И што сакаш да кажеш, дека треба да сметаме дека бил нормален?? :^)
     
  11. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.085
    Сметам дека дечкото во својата основа бил нормален човек, но околината му давала поддршка и му кажувала дека работите што ги правел се нормални. Тој сам се сметал за нормален, но во себе носел шизофренија и елементи на депресија, што значи дека емоциите во него биле многу силни и често го контролирале нешто што самиот не можел да го сопре.
    Како дел од урбаната култура, тој сакал да остави впечаток, да биде забележан, да заврши славно, и на некој начин тоа го постигнал. Најверојатно Росица брзо сфатила со каков човек има работа и се откачила, додека тој не можел сам да ги процесира своите чувства. Никој навистина не знаел што чувствувал, затоа што секогаш свесно говорел она што другите сакале да го слушнат, криејќи ги вистинските емоции зад маската што ја градел за светот.
     
    На SURF, lorenn, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Како бил нормален, ако самата велиш дека во себе носел шизофренија?
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.278
    Допаѓања:
    129.791
    Пол:
    Женски
    Не, ама не очекувам со татко му да оди да пали коли на луѓе, и мајка му да не ја заштити девојката од него туку да на нејзините пораки за помош и одговара : Што ми пишуваш мене...
     
    На rainbowec и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    194.751
    Дали нормален или ненормален човек во континуитет таргетирано малтретира некого?
    Убаво си прашувам јас, не знам оти не знаете да одговорите.

    Еве, уште некој експерт паламуди нешто, за лажни урбани ликови и радикализирани млади мажи(facepalm). На 40 години млад маж и не, никако не може да е урбан, мора да е лажен. Јер урбаните се некој ,,супервид,, https://racin.mk/vesti/opasnite-dig...menuvaat-lugeto-i-opshtestvoto-vo-makedonija/
    За греота со какви глупости и магли се занимавате. Ама проблемот никако да се идентификува, а следствено на тоа, ни решение нема.
     
    На Gosh, azelea и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.085
    Со ‘нормален’ мислев како го гледале другите и како се однесувал надворешно, иако во себе носел свои психолошки проблеми и емоции кои често го контролирале.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    42.019
    Пол:
    Женски
    А како тврдиш дека "во себе носел шизофренија"?
    Ај да не забегуваме со дијагнози, зашто се' ова е лепење од ракав.

    Ниту можел да биде комплетно ментално здрав, ниту па сите луѓе со нарцисоидност извршуваат убиства, ниту па тоа што бил пресметлив значи дека немал ментална болест, ниту таа ментална болест не му ја намалува вината бидејќи бил свесен...многу работи има и многу работи се мешаат.
    Некој што извршува убиство што не е во самоодбрана не може да биде психички стабилен и до тука е доста. Другото не е работа на народ, туку на стручни лица. Во моментов е мртов па и стручно лице не може да го дијагностицира.
     
    На Panda00, BlackNight, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Баш тоа можеш да очекуваш од ментално недобар човек. За мајка му не знам ништо.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    6.724
    Пол:
    Женски
    Добро еве и мене бившиот ме изнервира и не беше цвеќе за мирисање, може требаше да го утепам.
     
    На Panda00, kim.k, Лејди Гага и 4 други им се допаѓа ова.
  19. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.085
    Можеме да набљудуваме што се случувало надворешно, но вистинското внатрешно живеење на човекот останува недостапно. Надворешно можел да делува „нормално“ да се вклопува во урбаната култура, да ја следи динамиката на околината, да зборува и постапува така како што другите очекувале. Но внатре, неговиот свет бил сложен и немирен, исполнет со емоции и мотиви кои ретко можеле да се видат или разберат.
    Желбата да биде запаметен, да остави впечаток, да постигне некаква слава сите тие аспекти се преплетувале со личните слабости и манипулации на околината. Често зборувал она што другите сакале да го слушнат, градејќи фасада која ги сокривала неговите вистински чувства и мотиви. Околните ја потврдувале неговата „нормалност“, не знаејќи дека зад маската се кријат сложени, понекогаш опасни импулси.
    Сè ова покажува колку човечкото однесување е резултат на мрежа од фактори од внатрешни емоции, преку социјални влијанија, до свесни и несвесни мотиви.
    Овој заклучок го донесов по анализата на скриновите од разговори страници наназад.
    Единственото што ни останува е да ја разбираме комплексноста на човечката психа и како различни сили внатрешни и надворешни обликуваат личност и постапки.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    42.019
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова не сугерира дека имал шизофренија.
    Мислам се подразбира дека имал сложени емоции, убил двајца луѓе.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.