Еве јас како некој што студирал и бил во контакт со шизофреничари ќе ти кажам дека очигледно и ти немаш доволно познавање. Овие луѓе и те како се впечатливи и освен ова што наброи преочигледно е дека изгледаат дури како дезориентирани без концентрација и внимание кон работите што не е случај кај него. Важен момент е што типов бил на проценка и не е утврдена никаква шизофренија. А да имаш шизофренија треба време и треба редовна терапија и пак немаш целосно подобрување, а не па да не пиеш.
Да, од секогаш постоеле такви ама за толку мал број луѓе во државава што сме премногу има убиства, сообраќајни несреќи од алкохол и дрога и криминали.
Не сакаме да исчезнете. Сакаме да бидете нормални и проблемите што ви се во главите да си ги решавате со помош од стручни лица, не да посегате по оружје кога ви велиме не.
Не, не задоволува. Никој не сака машкиот пол да исчезне, секој сака да биде безбеден, оставен на раат да живее, да не биде малтретиран, напаѓан, искористуван и убиен. Може така?
Еве јас признавам дека нешто не е во ред, но не сум експерт за да знам зошто е тоа така.Ајде да им помогнеме на сите жени што трпат семејно насилство, да соберат храброст и да излезат да кренат глас а ние да ги одбраниме.
Јас можам конкретно за себе да зборам, не сум експерт да знам зошто на толку мала површина се насобраа толку психопати во земјава.
И јас сум една од тие, мене бившиот ми удри шамар, а на тоа претходеше психичко насилство. Со една пријава во полиција бевме на суд и се решија работите, не знам како девојкава никој не ја заштитил на толку многу пријави и сето тоа што и го направил претходно.
Затоа што сите ќутите како пички кога гледате како другарите ви се понашаат спрема девојките. Никогаш не почнува со убиство, почнува со влечење за рака, коса, шамар. Ама тоа не е ваша работа нели… не е лош другарот, малку е само нервозен
Пријавуван бил и ид други девојки, во 2013, во 2015 и 2019 година. Значи насилништво и демнење хоби му било. Или можеби и овие што претходно го пријавувале не биле цвеќиња за мирисање. Уметничка и емотивна душа, дизајнер, моден гуру, урбан лик и пред се, цвеќе за мирисање: *преземено од фејсбук. Инаку, некаде прочитав, не биле седум пријави против него, вкупно СЕДУМДЕСЕТ биле, од кои пет од убиената девојка. Џабе муабетиве и victim blaming-ов по форуми за тоа каков и бил изборот на девојката. Ако се реагирало на време, можеби немала ни да има прилика да го запознае, пошто ќе бил или на лекување или ќе си лежел казни за делата од деценија уназад. Не знам зошто имаме институции ко МВР, обвинителство, судство, што ги плаќаме од буџет. Замисли плаќаш даноци во држава, за оној што треба да те заштити да може да земе плата, и на крај те убива психо кој бил 70 пати пријавуван во полиција. Тумор од држава.
Еее мажи, мажишта, секогаш ќе се најде некој да удри жена ама неможеш ниеден да најдеш шо ќе натепа таков психо ко овој урбаниов. Тешете си се после дека мажите се протектори..... абе сите до една треба нож да носиме, ма по еден во секој џеб. Можеби кога ќе почнеме да им возвраќаме со насилство, ќе престанат да не убиваат. Оти друг јазик не разбираат они.
Држава рај за сељаци, криминалци, шабани, наркомани, коцкари, психопати и останати болесници не е држава.Во тие институции 90% се забегани ко сторителите, дојдени таму со врски, не оти што се многу учени.
Револтот кај сите нас од овој настан,е тоа што е дојдена ситуација на неказнивост,односно не постои начин како да се казни виновникот.Тоа што си пресудил сам,е најмалку важно.Тоа што изигравал Господ и што им го одзел животот на Росица и татко и,и причината која дошла до тоа е дискутабилно.Сите ќе се прашуваме зошто иако раскинала со него во октомври лани,за Нова Година со него одела за Бугарија.Од сожалување ли,да му помогне ли?Колку и да била заслепена,кога повлекла линија во нивните односи,требало да има самодоверба и решителност бидејќи со таа постапка му давала лажни сигнали. Од овој настан сите ние како општество треба да извлечеме поука,кај младите да ги форсираме позитивните вредности.Ако децата ги учиме на библиските вредности,тоа една ден ќе даде плод.А ова сега што се случува,сите негативности се плод на погрешната перцепција што сите овие години сите лоши дела кај поединците сме ги сметале за убави.
Муабетов тоа е тоа. Сите зборат за убијците и насилниците како да се апстрактни идеи паднати од Јупитер, не наши другари, познаници, роднини и семејство.
Што ти значи тоа му давала лажни сигнали? Цела анализа направи кај биле кога биле кога раскинале само да го оправдаш?!? Невозможни сте значи.
Ќе го казнат, да, но тоа што му било во глава никој не може да го смени, ќе лежел, но сепак ќе продолжил со истото. Ја манипулирал, лажел, се заканувал сакал да ја контролира и поседува, дефинитивно психопатско створење без емпатија кон животот. Ако не била оваа девојка , ако се спасила некако ќе била друга.Да можел некој нејзин близок да го скрши од ќотек за да не и се приближи, или да се отсели од тука.
Да бе, така има изјава..да помогне, дека го владеела бугарскиот..Мислам дека, она и престојуваше во Бугарија..дали за раб или факс..нз
Ни на крај не ми е тоа целта да оправдувам некого.Самата рекла во изјава во полиција,кога се вратиле со него од Бугарија,тој сакал да ја обноват врската.А вие сега кажете како жени од нејзин аспект што барала со него во Бугарија,иако биле раскинати,иако бил пријавуван во полиција од нејзе.