Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.084
    Сите овие критичари, бранители забораваат дека штркот не ги донел на свет туку ЖЕНА!
     
    На Gosh, SummerGirl, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Затоа виновна за се е жената. Ја удрил затоа што го изнервирала, ја изневерил затоа што не му пружила незнам какво задоволство, ја навредил зашто не била цврќе за мирисање... и ред други оправдувања за мажите. А да си преземат одговорност за постапките неможе, како дебили се да им дадеш на послужавник. Со чест на исклучоци. Знаете само што мислам, мајката е таа што го учи синот каков да биде, нормално и таткото ама во нормално општество зашто ние живееме со мажи што мајките нивни не мислеле како да ги воспитаат во врска со односот кон жената. И нивните татковци не биле вклучени...и така и овие не се вклучени. И сега јас како мајка на син само зборувам... мама девојчиња не се тепаат се чуваат, се сакаат ова уште во градинка кога беше, сега го учам да почитува, да другарува...каков да биде кога ќе се заљуби ехее само зборувај си, среќа досега ме слуша. Таткото си има улога да, ама ако се вклучи. Да даде пример преку своето однесување, да разговара ама.... има ама. После ако испадне не воспитан правилно пак жената е крива... како велеше бабами Бог да ја прости. "Кога ќе се роди женско и стреите плачат" не би требало да е така во денешно време ама како иде гледам на полошо е за жал. Сакам да кажам дете се учи од мало, после џабе е. Ако грешам испревете ме...
    Друго што сакав да додадам е да ги научиме маливе што е правилно, ние како мајки дури не е доцна, ако ги научиме можеби нешто ќе смениме за во иднина барем. Ете така со зборување до бескарј. Ќерките да не трпат се, синовите да ги штитат жените... ама и од нас има исклучоци, мајки што ги мрзи да разговараат а на децава баш тоа им треба. Искрен разговор за се, апсолутно за се, ништо да не е табу тема
     
    Последна измена: 19 септември 2025
    На Лејди Гага, LiquidLuna, SURF и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Мајката на наркоманов уште ли предава англиски јазик на децата во орце?
     
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    41.431
    Пол:
    Машки
    Уште еден случај каде што полицијата и судството потфрла. Кој по ред?

    Не го следев случајот од почеток оти не бев тука, ама да не превземеш ништо после толку пријави од различни жени, и да дадеш само условна за палење на автомобил е нешто недозволиво. :|

    Зошто никаде не се спомнуваат судиите што дале таква пресуда? Полицијата нема ингеренции понатаму да делува, освен да го приведат. Судијата изречува дополнителни мерки и пресуди.

    Уште полошо е што сите го знаеле убиецот, и го штителе, од пријатели, пријателки, урбани фаци, до неговите родители кои веројатно со нивното влијание и врски допринеле да не одговара до убиството. :(

    Имаше еден ваков случај во Прилеп каде што локален насилник ја малтретирал ќерка му, па татко и го упуца.
    А, мислам баш и во Велес имаше случај каде што татко и син го киднапираа и убија насилникот.

    Луд запад. Каубојско време не ни е рамно. Треба работите во свои раце да ги земаме за да се заштитиме. :worried:
     
    На Panda00, Лејди Гага, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  5. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    6.942
    Пол:
    Женски
    Во Велес беше. Они си одлежаа, него не го најдоа.
     
    На Panda00, LiquidLuna, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    12.933
    Пол:
    Женски
    Предава, е сега неделава не знам како е, ама не верувам дека нешто конкретно ќе напраат за неа, освен родителите со петиција ако се за.
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    41.431
    Пол:
    Машки
    Така нешто беше, ја земаа правдата во свои раце и одлежаа затвор. Не можам да го најдам на интернет, ама со ваква извршна власт, само на тој начин можеме да се заштитиме.
     
    На Panda00, SURF, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  8. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    8.874
    Пол:
    Женски
    Најмногу од се сакам да има правда и тој што на било каков начин има удел во целиов ужас треба да одговара... без разлика дали е полицаец, судија, мајка, татко.
    НО ЗА ЖАЛ, реалноста е дека живееме во една вукојебина кај што попрво ќе лежиш затвор за 150 ќебапи отколку за кривично дело! :swear: :@
    Затоа и толку сила си имаат земено да прават што сакаат, затоа што закон не важи за никој освен за обичниот смртник, затоа што знаат дека со паричка и влијание се се средува тука, и тоа по брза постапка.
    Сигурна сум дека се потплатени сите што се вмешани за да ќутат и за да замижат, затоа и ниту еден случај не е решен и нема праведност, нема никакви мерки на заштита.

    Вчера не отидов на протест затоа што имав час возење, се спремам за полагање градска.
    Не сакам да бидам погрешно разбрана ама гледав видеа од протестот и нешто сфатив...
    НИЕ СМЕ ПРЕМНОГУ МИРНИ, се одржува протест поради убиство на невина девојка и татко и (којзнае кое е по ред) а на видеата присутните одат, некои се и насмеани, си прават муабет, не гледам покажување на револт туку само одење по улица на толпа луѓе. Правиме нешто колку да се рече... АБЕ ТРЕБА ДА ГРМИМЕ, ДА БИДЕМЕ ГЛАСНИ, ДА ИМ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СЕРИОЗНИ, ДЕКА СМЕ ЛУТИ, ДЕКА СМЕ БЕСНИ, ДЕКА НИ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД СЕ, ДЕКА Е ДОСТА! Со неколку протести не правиме ништо, само упорно и порадикално за овие тука треба!
    Научени сме да ќутиме, повеќето не се ни приклучуваат затоа што НЕ СЕ ЛИЧНО ЗАСЕГНАТИ, затоа што се себични ПОШТО НЕ ИМ СЕ СЛУЧИЛО НА НИВ.
    Мора да се смениме ние самите, да ја подигнеме свеста за ова што се случува овде затоа што веќе не се трпи, работите се одамна излезени од контрола и нормала, тек што не чека ако продолжиме да сме волку мирни и да мислиме дека немаме моќ за нешто да смениме...
     
    На Panda00, SURF, Miss666 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    256
    Lele ovaa glumenje ludilo..zelna za vnimanie na vakva tragika
     
    На Gosh, Medea., Troi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    3.430
    На вести кажуваат дека девојчето подолг период трпела напади од ненормалниот ,пред неколку години мене еден дечко ме замараше многу ,поради него и бројот морав да го менувам , секој ден по неколку пораки ми праќаше , така 2 години ,дури еднаш ми дојде пред зградата на работа , сите ми викаа пријави го , ќе престане , знаев дека џабе ќе беше да го пријавувам , фала богу пола година го нема да ме замара , пу пу да не се подречам.
     
    На Лејди Гага, SURF, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  11. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Има такви будали. И мене еден тип пред многу години ми звонеше на тел. ми се закануваше ако не се видиме ќе направам вака ќе направам така а јас пак баш кога ми се заканувале и сакале со сила нешто не сум ги сакала. Едно време се расправав со него се додека не испадна братучедми да биде тука па ми рече одговори му и закажи средба :D така и направив ама нормално не отидов јас отидоја моите четворица братучеди и си доби батката што си заслужи. Овој јакиов што ми се закануваше кога видел четворица по скоро 2 метри високи, сакал да избега. Не го испеглале многу, внимавале сепак. Одтогаш ги викам моите лоши браќа :D како по филмовине уште се смееме за тоа:D ехее пред 100 години беше ова, средно прва година бев, абер немав за дечко. Прво требеше да оди едниот ама овие кога слушнаа дека е таква работата сите со него. Нема што некој малава да ја чепка :D малава веќе не е мала ама сигурна сум дека ако се пожалам истото би го направиле
     
    Последна измена: 19 септември 2025
    На Panda00, Лејди Гага, LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    25.847
    Пол:
    Женски
    Сите од писмени по писмени :|
     
    На SURF, Gosh и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    8.874
    Пол:
    Женски
    На Panda00, Tea678, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    4.634
    Пол:
    Машки
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    45.540
    Девојката и да знаела и да не знаела што мустра е пред да се фатат, неважно. Подоцна увидела и барала спас, помош, не добила. А и сакала да има богато ,, бате,, де, нели ,, кучка,,. Требало со некој селанец да се фати, место со нож, со ашов да ја отепа.

    Кажете ми нешто ново. Мужи. Да имам една желба, би посакала да цркнат сите мужи што не заслужуваат да живеат. И две третини, од кои и татковци и браќа ќе пцовисаат. Тоа е нивен проблем, не мој. Мој проблем е што не убиваат, силоваат, мачат само оти сме ЖЕНИ.

    Али неее, тоа не е фемицид, се растревожија генетски отпадоци со жени и деца по форуми, и отидоа да го измаваат на инцестоидни порничи да се релаксираат.

    Е, да имам две желби би посакала да цркнат и сите жени што не заслужуваат да живеат. Лесно една третина минимум иде. Исто, мајки, баби, куропаченички.
    Бранителки на своите синови, шиканирачки на своите ќерки, продавачки на своите деца за пари и 200 грама месо, и што се уште не...

    Еве, сега, после се што знаеме, со докази и се...
    Шо кур таа украинска куропаченичка го жали по сториња, од коа УТЕПАЛ жена и татко и?
    Шо кур го правдаат вампирки со деца, ќерки и внуки по интернети?
    Шо кур другарките го бранеле, и ќе го бранат тет а тет само оти спрема нив добар бил?
    Шо кур уште сто женски имал од коа секоја една ја малтретирал, сталкал и тепал, и СИТЕ знаеле?

    Лична одговорност за своите постапки и својот ЖИВОТ каде?!

    Жени сме возрасни или дебили со пречки у развојот? Аман веќе од романтизација на криминалци, дилери, коцкари, лихвари, мафијаши ала Ране и такозвани урбани фаци или ми ти боеми, попознати меѓу нормални луѓе као клошари!

    Ајде да си дете, млада, со пречки у развој, да не знаеш, да немаш искуство, ама да се праиш слепа при очи?
    Да се осеќаш препичкесто оти ТИ и твојата златна дунда ќе мењаш генетски отпадок, па цело маало ќе застане и ќе ти апалудира и државна пензија ќе земеш?!
    Ахам, да... се додека не те зарога и тебе меѓу рогови.

    Сите овие мужи демек што пишуваат и коментираат - се, и ќе бидат женети. Деца ќе имаат, али не од мене.И внуци ќе дочекаат.

    Зашто?!
    Затоа што у факинг 21 век, у слободна држава Македонија, ЖЕНАТА го рани патријахалниот ред и поредок, и крај.
    Никој не ме тера, продава, фрла на улица, работам, учам, се школовам, можам парталите да си ги соберам и да се носам у три лепе.

    Како жена, должност ми е генетски да ликвидирам општествени отпадоци. Да се заштитам себе и своите деца, наредните поколенија. А не да се котам со кого стигнам.

    И должност ми е да се заштитам себе, и своите деца по СЕКОЈА цена. Па и додека ми се уште у јајници, од чукунчукунбаба ми аманет оставени.

    Али тоа не можеш да го објасниш на жени што се понашаат ко мужи, што се водат по животински инстинкт, а некој горе, Господ, Алах, Сатаната,Вонземјаните или у кој и да веруваат им дал демек интелегенција, свест, чуства.

    Да не ме сватите погрешно, а уствари сватете ме како сакате - сами сме си криви.

    IMG_20250921_113620.jpg
     
    Последна измена: 21 септември 2025
    На shekerna, x.Daisy.x, Priroden и 36 други им се допаѓа ова.
  16. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle дојди тоа кажи го на една девојка која од соседните држави дојде да се омажи овде за мој комшија, изглед просечен ,однесување предобар , сестра да ме прашаше ќе и речев дечково е топ ,колку културен ,колку пати ме прашувал дали смее да остави кола кај нас ,па се извинуваше , на негова ограда дали смеел нешто да остави , додека еден ден не ја убиеше за малце од ќотек жена му , наводно дознавме дека се дрогира ,значи веќе ни на изглед ни на однесување не се верува, јас цел живот преку улица не го знаев дека е таков и јас ќе се омажев за него колку се правеше внимателен ,добар , фин таквите некогаш најлоши испаѓаат , веќе човек во ништо ме може да биде сигурен.
     
    На kim.k, Tea678, franca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Само едно нешто не ми е јасно како може толку девојки да паѓале на наркоманов а познат е низ цело скопје дека тепа жени.. Дури има еден дечко статус за него од 2019 година секскви коментари се изначитав на статусот.
     
    На Лејди Гага, SummerGirl, franca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    256
    Истово го прашував во тема психологија пред месец дена.
    Не знам зашто повеќето паѓаат на лоши типови..
     
    На SURF, Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  19. SeñorPink

    SeñorPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Брат најтрагично е што девојчето има продадено нејзин стан да му го финансира бизнисот на кафич/концепт студио на ликот. Имала у Скопје стан и го продала да го финансира типов што ја отепа...и нејзе ја викаат дека била со него за пари.
     
    На Panda00, eliesaab, SURF и 5 други им се допаѓа ова.
  20. flawlessss

    flawlessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе и за братучедите, само ќотеќ е спасот … многу е ми е жал за девојките што го трпеле, се прашувам немале ли браќа, другари, роднини да го фатат на клоци па да не му текне уште еднаш да се приближи … нит е некој крупен ниту некој јак батка …обично џанкерче .. а може и намерно таргетирал девојки од помирни фамилии, не знам ..
    Лесна нека и е земјата на Росица, и голема поука за сите жени во државава, ниту една институција нема да ве заштити превземете си ја правдата во свои раце - од затвор може да се излезе ама од гроб не
     
    На Лејди Гага, SummerGirl, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.