Министерот демантира. А и штом не се гледа целиот број, можно е да е лажно. https://www.slobodenpecat.mk/minist...nata-rosica-mu-barala-pomosh-preku-sms-poraka
Можда она направила скрин дента и ја пратила некому, поише верувам дека не е лажна не би ме зачудило воопшто да не одговорил.
Дали е лажна, не знам ама од искуство знам дека луѓе на позиции одговараат само на тоа што им годи. Така да и да ја добил којзнае дали и ја прочитал. Многу жално нема изговор пријавила и се борела на секој начин да се спаси и ништо. Да биде убиена на таков подмолен начин е навистина голем пропуст на сите институции под ред.
Небитно е тудеј. Ама не се гледа целиот број. Тоа е битно. Ако личноста која ја објавила наводнава порака ја кажува вистината, зошто тогаш не го покажала целиот број? Така сите кои го имаат бројот на министерот веднаш ќе можат да утврдат дали станува збор за неговиот. И ќе се разбере оти опозиционите медиуми веднаш ќе објават. Вака 90% е лага и манипулација.
Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата Борис Бојаџиски во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека бабата, родена 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената ја заклучила вратата, седнала врз неа и со перница врз главата се обидела да ја задуши. Таа исто така ја удирала со тупаници по главата. Според информациите од Обвинителството, престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција. Бабата била пренесена во болница, каде и биле констатирани нагмечување на главата и вилицата, како и хематоми. До судот доставен е предлог за определување мерка притвор.
Пак, нема доволно инфо за да се потврди дека се автентични. Лажни пораки може да направи скоро секој кој е вешт со ВИ и програми. Тоа се има случено многу пати.
стварно бе,што се случува со народов? Ко опседнати со демони се. Или уште полошо. Троа памет бе да се немало. и јас истото се запрашав. Ајде тие спасиле жива глава некако. Ама па за една иста особа 5 различни жени поднесуваат пријава и никој да не изреагира? Мене тоа ми е уште побизарно.
Епа сега ви е јасно дека живееме во општество и држава каде што никако не си заштитен, освен ако сам не се заштитиш.
Значи, запознаваш некој ,почнуваш врска , сакаш да прекине таа врска и те убива , Господ на помош кој ли ќе запознаеме утре и што има низ болниот памет ......