Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.825
    Допаѓања:
    80.739
    Пол:
    Женски
    Државата не им е виновна за ништо. Најлесно е така, вината да се префрли на друг. Ако јас утре немам никакви услови за живот, за тоа виновна ќе сум само јас, што не сум направила ништо за себе. Работа има, за тие што сакаат да работат и да живеат барем пристоен живот. Работоспособни луѓе, тројца, и пак ништо од нив. Епа не е до државата. Животот е борба и се граба од животот, од небо не паѓа ништо.
     
    На EraBon, marchi-cool, Harper и 15 други им се допаѓа ова.
  2. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.710
    Се сеќавате на случајот од скоро, еден татко бараше помош во фб групите и на телевизија... Бебето беше изгладнето, немале услови за да го прехранат... Собираа луѓе донации, реагираше и државата и му најдоа работа, која на господинот не му одговараше, на крај испадна дека целта му е само да собере пари преку кутрото дете
    Е и со овие не верувам дека е нешто поинаку
    Најлесно е друг да обвиниш за своите грешки
     
    На M&M, violetblue, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Да, и јас истотот го помислив. Кукаа зошто куќата што ја граделе 4 години им изгорела:(:(.
    Обвинуваа дека пожарот им е подметнат:x.
    Чудни суштетства...
     
    На violetblue, mimiiiii, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.721
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Државата не им е крива што они дома оставиле деца од 1, 2 и 4 год. сами .
     
    На ванилала, violetblue, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Јас се запрепастив кога ги видов родителите на тв. Човече, три деца им иозгореле а они мирно стојат и даваат интервју. Значи и овој господ не знае што прави, дава деца таму каде што не треба а не дава таму каде што треба. Или ние сме премногу глупи па неможеме да го разбереме или очигледно и тој не е безгрешен. Потоа следен прилог, исто една се жали дека немала услови бара помош, околу неа куп деца и стомак до заби. Па добро мајку му стара, како неможат да се фатат за работа а можат да се сексаат.
    Искрено жал ми е за децата кои живеат во ужасни услови ни криви ни должни, не џабе рекле, пријатели можеш да бираш ама родители не.
     
    На Alisa22, Gosh, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Крива е државата, т.е. социјалните служби што дозволиле децата да живејат во такви услови. Да имавме нормален систем дечињата ќе живееја во дом, а не во една соба без струја и вода на рид.
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.721
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Тоа е друга тема. Никој друг не им е крив што тројца возрасни заедно отишле на продавница, а оставиле 2 мали деца дома сами.
     
    На crimson, cresa-jagoda, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Најмалото немало ни една полна годинка, изроди од луѓе:(.
    Во друга држава да беа до сега во затвор ќе беа, немаше да кукаат за куќата по Тв.
     
    На Alisa22, crimson, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Несовесен родител како што може од пети да ме извади ништо на светов не може! Абе после некој ќе рече сурово е да се забрани секој да има дете ама не може бе секој дете да има алооо не можее тоа право да го имаш без да поминеш психолошки тест за здраворазумна личност и додека не си финансиски незавсисна личност не ти давам дете да имаш бее!!! Како бе нема ваков закон?!
    Многу жално за дечињата.. :(
     
    На Lella, violetblue, manako1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Родителите на трите дечиња кои вчера изгореа во страотен пожар во нивниот дом во Велес, уште минатата година се обратиле до Центарот за социјална работа во Велес и побарале кров над главата. Таткото поднел барање до комисијата за станбени прашања минатата година, но наводно биле одбиени бидејќи тој имал имот од неговата мајка, јавува Фокус.

    Азиза Буши, директорка на Центарот за социјални работи Велес, потврдила дека семејството имало проблем со сместувањето.

    – Уште лани родителите бараа помош од нас, бидејќи сакаа да се преселат од тогашното живеалиште во социјален стан. Ни кажаа дека имале проблеми со поранешниот сопруг на Марина. Ние им доделивме еднократна парична помош, а тие користат социјална помош од некаде кон крајот на минатата година. Информирани сме дека поднеле барање до комисијата за станбени прашања, но таткото ни кажа дека биле одбиени оти имал некој наследен имот од неговата мајка која е почината. Им понудивме помош во храна, во народната кујна, но одбија, ни кажаа дека сакаат единствено кров над главата, раскажaлa Буши.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Сега треба да добијат кров над глава. Во затвор. Жално и тажно но некој треба да одговара за хороров.
     
    На tessie, Alisa22, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Службите требало да им ги одземат тие деца, ете за тоа им се криви.
    Јас како што мразам бесчувствителност, се згрозив уште повеќе кога го видов видеото. Па нормални луѓе после обичен грабеж изгледаат попотресено од „татково“! А има ли поголема трагедија од вакво нешто?
    Само и само децата се жртви и ми е премногу жал само за нив :u: А родителиве си ги убиле, дали од несовесност или се такви монструми за намерно да ги затворат - тоа МВР треба да истражи, а не Царовска.
     
    На M&M, simonka93, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не може да им бидат одземени децата, само поради тоа што се сиромашни. Не претерувајте.
    Деца се одземаат доколку се запоставени или малтретирани, а не оти родителите немале пари.

    И мора да почекаме МВР и обвинителството, да ја завршат истрагата.
    Глупаво е вака да судиме без увид во доказите, ако воопшто има доказ за кривично дело.
    Секој е невин, додека не се докаже спротивното - тоа е основа на правниот систем.
     
    На LollySky и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не мора намерно да е за да одговараат. Нека е и од немарност, криви се. Камо сами да си пресудат, вид морална оставка од функцијата -родител?
     
    На makedonkamak, violetblue, simonka93 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе не сме ние ни полиција, ни обвинителство, ни судии, ни џелати.
    Оставете институциите да си ја вршат работата.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Штом при тројца возрасни оставиле едногодишно бебе со двегодишно и четиригодишно дете не тешко да се помисли дека децата можеби биле запоставувани.

    Не можат да се одземат деца поради сиромаштија, ама можат поради пречки во развојот, неухранетост, запоставеност.
    Не знам искрено, постојат социолози, педагози, психолози, педијатри што треба да го следат развојот на сите деца, особено на ранливите случаи и да интервенираат ако има потреба.

    Не мора одма да се земаат децата, доволно е да се почне со опомена и нудење советувалиште и помош. Ете општината им понудила храна во народна кујна. Имаат предност за стипендии и за факултет. Можеби нема многу но сепак постојат програми за загрозени семејства.

    Можеби сум грешка, можеби родителите добро ги одгледувале децата и немало потреба од мешање на државата. Но знаејќи како функционира државава, не ми е верно.

    Сега веќе е касно за дечињата, но не е касно службите да се освестат и да реагираат за многуте деца што живеат гладни, на улица, во насилни семејства и слично.
     
    На mimiiiii, cresa-jagoda, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Вајлдке, јас сум и за тоа дека не се раѓаат и растат четири деца во ваква дупка. Не ги оправдувам таквите родители и секогаш најмногу ми е жал за децата во такви семејства.
    Се согласувам, не се одземаат деца поради ова, но тука очигледно не била само сиромаштијата. Можеби далеку од сјајно ќе им било и во некој дом за згрижување, ама ќе се избегнела ваква трагедија...
    И да, невини не се во никој случај, и за самото тоа што ги оставиле сами треба да одговараат.
     
    На Nausicaa, theowndemon, simonka93 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ви го разбирам револтот, и мене ме обзедоа најразлични чувства.
    Одговорност (вака, одокативно), лежи и кај родителите и кај службите.

    Во право си @Joi , дека треба во иднина да се спречат вакви трагедии.
    Само сакав да речам, да не судиме пред време.
     
    На theowndemon, Joi, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Уште една работа ме чуди, зошто пластиката која ја собирале била во собата? Зошто не ја чувале надвор имале неограничен простор, хартија не е па да не се натопи. За да дојде до пожар мора да имало во близина запалки кибрит, а такви работи не се оставаат на дофат на толку мали деца. Сите знаеме дека во тие години во кој што биле дечињата се многу љубопитни и се сакаат да видат да пипнат. Многу лесно доаѓа до пожар во кој има пластика во близина. Пластика кога ќе се запали многу тешко се гасне и многу брзо се шири огнот.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    26.293
    Пол:
    Женски
    Страшно ми е жал за дечињата, огромна трагедија. Не знам какви родители се тие луѓе, но мои роднини, кои ги запознале таткото и синот, ми кажаа дека се вредни, работливи, културни, не бираат работа и земаат колку ќе им платиш.
    А за структурата на градот и (не)пристапноста на пожарната :x
    Постои ли градски архитект? Со сите оние доградени балкони на секоја зграда и на главна улица нема да можат да изгаснат пожар! (извинете за оф топик)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.