Овие па цајканчињава наши искомплексирани што едвај чекаат да се изживуваат на немоќни, жени, а поготово на роми. Зошто ваква сила не покажуваат кога апсат некого во Чаир? Ќутат тогаш како ќосиња чекаат шефот што ќе нареди.
Душата ми гори, душиче мало го извадиле да се радува на огнометот и си го враќаат во ковчег, ни криво ни должно без никаква причина. Ја мразам државава и сите неизживеани копилиња што ја газат. Во цел свет може културно сите да одат да гледаат огномет, само кај нас мора да се докажува кој е најголем маж со петарди и пиштоли.
И истите тие што коментираат за огнометиве и пукањево, прва свадба во фамилија и ќе ја земаат невестата со рафали. Ах беее... Летно време па не дај боже да си на запад Гостивар, Тетово. Мислиш во Газа си, дење ноќе пукања има паѓаат проектили на сите страни. Уште ако им кажеш да пукаат ќорци се вреѓаат. Мажи сме ние или што сме, нема да се заебаваме со ќорци да ни се смеат.
Иначе, кој испадна стрелецот на малото 2 годишно дете? Разбрав дека мајката со детето излегле надвор за да гледаат огномет и кога одеднаш крв на глава. Ама не пишале дали го фатиле тој што пукал.
нема ни да се дознае. Ромче е. Не е битно за жал. Да беше на некој друг.. Инаку нешто за убиството на Турскиот државјанин во Чаршија и што го фатиле убиецот во Косово некој да каже? Или да зборуваме за убави работи како што вели Премиерот... Му умира 2 годишно дете, убиство му се дешава на километар од плоштад, он вика Новогодишната ноќ помина мирно. Ало бре, кај живее овој?
Жално што Ромските деца не ги сметаат за деца, ниту една институција не се залага за нив, и тоа не само во Македонија, низ цел балкан е исто. Баш поради што е Ромче уште толку ќе се заташка случајот.. Пред некој ден сакав за ова да коментирам.. Социјалните служби и државата ништо не превземаат во врска со Ромските деца што просат по улица, на тие деца место им е во училиште, не на улица.. Се пуштаат деца од комбе сабајле да просат и се собираат вечер, сите го гледаат тоа, сите се запознаени ама на никој од инстициите не им се решава случајот само затоа што се Роми (случајот не е од МК, ама сигурно истото и кај нас се случува во поголемите градови).
Да се надоврзам само. Лани, шетавме гости низ Скопје, забележав детенце, не повеќе од две години во скут кај една жена, модро душиче во ноџињата, заспано или мртво беше не сакам ни да помислам. Оно лежи, таа пита демек, слика што и после година и пол не ми излегува од глава. Толку жална слика, срце да ти распара. Реков ќе пријавам у полиција, социјално, како смее така. Застанав понастрана и ја следев, готова да вртам во полиција. Не знаев во моментот каде на друго место. Знаеш што ме советуваа? Ќе си накачиш беља на врат, ни инстуции ни бутур се секира за нив, не е едно, 1001 се по улициве, а ти дете имаш, којзнае која мафија ги тера вака. Најтрагично е што сите го знаат ова, и никој не презема ништо. Срце ми се скрши. Не можев да се свртам, не можев да издржам да го видам. Сонце златно. Грев. Се надевам дека е добро. Што може реално да се направи да се спречи питачењето на ромите деца? Да се пуштат на школо, да се згрижат? Како може да им се помогне ако веќе институциите вртат глава? Општо прашувам, не само тебе. Еве некој подосетлив од мене нека сподели..
Незнам за кое место стануваше збор ама имам гледано видео кај што кажуваат како се користат бебињата, за жал секој ден иста жена различно бебе носи затоа што им даваат дрога за да спијат и не плачат додека просат и умираат од дрогата и утре друго дете пак исто.. Мислам дека без социјално ништо не може да се направи, дури и луѓето да соберат преку донации или било кој да отвори дом и да сака да ги згрижи тие деца не може без служба да ги одземе децата.
Се кријат од цср ,ако ги најдат ги носат во домовите ама бидејќи нели здрави прави родителите ги пуштаат додека пак не ги најдат... Барем така знам за еден случај ,на крај успеаа да ја тргнат малата од татко и. Е сеа ова во помал град се случуваше во Скопје не знам како е
Ги раѓаат дома, не ги пријавуваат. Ги клукаат со лексилиуми да спијат. Месец дена после пороѓај одма трудна е. Како да ги серат ги раѓаат ич не им е гајле дали ќе е живо дали ќе умре. Тоа е.
Имаше едно ромче девојче, околу 5-6 години, доаѓаше кај мене кај што работев, еднаш и купив смоки и многу ме засака, кукла права многу убава. Секој ден и давав по нешто, некогаш помфрит некогаш тостче, и еднаш ми рече не мора да ми даваш пари дома имаме многу пари. Ја прашав зошто тогаш е надвор боса зимно време, (и чорапчиња и купив), рече мајка и така ги терала. Беа околу 3-4 деца сосе неа, и мајка и пак бремена... Немав моќ ништо да направам, еден ден ја немаше само мајка и беше со другите деца, прашав кај е, рече остана дома и те поздрави, многу те сака... А и јас ја засакав искрено...
Како да ги пријават ако и самите родители се неевидентирани лица? Има и такви кои со години се борат за извод на родени за да добијат шанса да се тргнат од улиците. Им недостига едукација ради нас оти наместо да се залагаме државата да ги згрижи, ние ги осудуваме.
Имаше лани емисија за тие луѓе фантоми што не се регистрирани во ниедна матична книга. И реално ниедна институција не сака да се замара со роми, тие со децана од домовине и со СОС детско село што се под нивна надлежност не се замараат, ужаси се случуваат и по хранителскине семејства, не па за ромчиња ќе се потресуваат. Се сеќавам другар еднаш отиде да пријави во полиција му украдоа нов велосипед итоа поприлично скап неколку илјади евра. И тие таму батињата дежурни му се изнасмеале му рекле - абе дечко, ние луѓе изгубени не бараме не па точаци. За поголема помош да не ни помислуваме.
Работата е што можеби им одговара да се нерегистрирани, затоа шро така не ги фаќа закон и немаат давачки кон државата. Се лечат сами дома како индијанци и живеат номадски живот. А може на некои од нив ги држи мафијата и не им дозволува да се регистрираат, бидејќи имаат корист од нив, како на пример просење, проституција, кражби итн. Пред околу 10 години, Американската амбасада им даваше на секоја фамилија по 2.000 долари за да се тргнат од семафорите што се во близина на амбасадата и ете ги после 2 години пак на семафори. Едноставно можеби е најдобро да се нема контакт со нив, мислам на тие што живеат така и просат, бидејќи тоа што ќе им го дадете на семафори или ете на работа ако ви поминат, дома им го зимаат и ги тепаат. Ете погоре кажаа дека на една и доаѓало мало ромче на работа и после го снемало, а дошла мајката. Не ти треба многу размислување за да сфатиш што било работата. За жал државата и институциите не можат да им помогнат на овие луѓе, бидејќи тие не можат да им помогнат ниту на обичните граѓани што не се како нив, а исто така живеат тежок живот.