Абе не е за срамот Каме, ги заболе рандом коментатори за срамот. И таа жена ја прогласија за ненормална, оти го снимала мажот, оти објавувала. Ваљда морала да објави, за да си го симне од грб, место некој некого да убие. Страшно отсуство на емпатија, Многу тешка таа промената на свест дека насилство не е нормален метод на комуникација.
Никогаш ништо нема да се смени кај нас, додека не научиме дека системот го градиме ние граѓаните,гласаме ние, нашиот народ е народ напатен,но многу пати премолчува,гледа ама се прави дека не гледа,мисли дека подобро е да се прави нем,глув,слеп. Како што погоре прочитав во коментарите ...Тој е син на некој си, од видна фамилијата е,е од тоа и дојдовме до овој степен. Синот и ќерката на судијата стануваат судии,адвокати,цели фамилии доктори од дедо до внук и да не набројувам,ако вујко ти е владика и ти ке бидеш поп.Ние како народ заедно сме посилни но сепак во реалноста не нема на дела. Не сакам да бидам песимист или негативец,но мислам ништо нема да се смени,ке си читаме вакви црни хроники и ке си дискутираме. Секоја чест на поединци...и тие се разочарани.. Зошто... затоа што кога треба да се протестира тие се во првиот ред сами без поддршка. Не е важно кој е на власт, кој сака нека биде само да има ред и закон. Таткото што го тепаше детето досега требаше да биде во затвор. Секоја мајка и дете треба да бидат заштитени, финансиски помогнати од државата. Секој силувач во затвор...
Сигурно не наишла на помош,единствена цел да се одбрани од таткото психопат е да го сними,за да го видат сите,и кутрата пак не успеала,тој се шета на слобода
Јасно ми е мене. Еднаш да земе да тепа-во шок си, после или остануваш во шок и denial или праиш тоа што направила. Сигурно и пријавувала, ја пратиле да се смират-ко по обичај. Секако, ќе се јават и такви-она го испровоцирала. Абе на лустер да се качам, не можам да испровоцирам некого, ако не е ,,испровоцирлив,, . Не сите луѓе реагираат со насилство! Насилство не е нормална реакција! Точка.
Зборувајте ми за правда: https://sdk.mk/index.php/makedonija...ov-za-podkastot-vo-koj-se-ismevashe-siluvane/
Па делото "расизам, ксенофобија" нека кажат правници, ама веројатно и не е сторено во случајот. Баш добро одбрал обвинителот, таман за да не бидат осудени.
не го гледав поткастот ама мислам дека беше to much што ги однесоа на суд поради разговорот во поткастот. Ако било тоа така латас требало да биде затворен и да одговара тогаш кога го направил делото. Многу педофили шетаат слободно тие латас и лазаров најдоа да ги одведат на суд. - ЗБОРУВАЈТЕ МИ ЗА ПРАВДА
Што коментираш кога не го гледала? Препрочитај се што пиша. Со причина многумина се згрозивме. Силувањето е кривично дело и мора да биде казнето! Со исмејување наместо осуда на таквиот акт, истиот се промовира и се поттикнува. И ај оди речи им го истово на жртвите на силување, па кажи како си помина.
па зошто тогаш латас не одговарал за тоа дело кога се десило? Глупо ми е да се суди за некој кој се смеел низ муабетот. Латас пошол на поткаст а не на суд. Јас ви го разбирам муабетот,не е во ред на сериозна случка да се коментира со смеење ама има случаи далеку побитни за на суд па не дошле до тамо
Па има и бетер од нив, ама и тие не се затвараат, а не па овие. На јавен медиум да кажува вакви работи Латас и после да се клештат двајцата, стварно е срамотљ. А за тоа требаше и двајцата да бидат затворени, затоа што едниот признава, а другиот го подржува.
Цела низа пропусти од страна на вработени во МВР му овозможиле на убиецот да продолжи слободно да убива. Новинарот враќајќи се наназад кон минатото доаѓа до информации дека службениците од училиштето во кое учел убиецот,многу пати имале дадено мислење дека тогашниот нивен ученик покажувал загрижувачко однесување. Ниту родителите ниту социјалните служби не преземале никакви дејства. Лекар прогласил природна смрт кај младата жена која имала видливи повреди на насилство...
,,Малолетник од Велес, околу една година трпел сексуално злостастува од полициски службеник и молчел". Циркус сме бе луѓе, наместо они да не штитат, глеј они што прават..
Полицијава кај нас за ништо не ја бива. Внатре меѓу нив има криминалци. Владеат врски, прикривање, ослободување на луѓе кои треба да се позади решетки само затоа што имаат јак грб. Неспособни за со Албанци да се соочат. Ко да нема полиција, туку пиончиња во некаква институција која постои колку да се рече.
Најголеми криминалци кај нас се политичари, судии, адвокати, полиција... Тие со ромите не можат да се справат не па со Албанците. Дно!
Кога секој со партиска книшка може полицаец да стане, не треба и да не чуди дека полицијата е една обична криминална банда. Критериум за да станиш полицаец е да имаш врски, сите бараби полицајци станаа, па мавваат рекет и изиграваат босови низ градот. Не бидува ништо од државава.
Која полиција,ние немаме полиција ни за време на СДСМ ниту сега. Клати врата земи плата. Ретки се оние од полицијата кои чесно си ја вршат работата. 80%се самобендисани, горделиви,сопоствените фрустации си ги лечат на граѓаните.(Познавам случај кога еден полицаец се иживуваше на еден граѓанин,кога и да го видеше си лечеше комплексите на граѓанинот,му пишуваше секогаш казна, демек многу бил јак),со килажа неможат 100 метри да истрчат. Култура, што е тоа култура,поим немаат. Некој ке рече "полицаец бил",или он е син на полицаец тоа е јака ствар за во Македонија. Пак се повторам секоја чест има и исклучоци
Ова со велешкиот педофил полицаец е преголем скандал, ама веста помина како крава кроз кукуруз, бидејќи кај нас ова е секојдневие, никој веќе не е шокиран, јасно е дека повеќето кои работат у полиција се полуписмени, џуџести и искомплексирани дилери и кокаин-шмркатели. Во Германија фрлав око на полицијата, ги има на секој чекор, да ти е мерак да те уапсат. Какви расни пастуви! Се гледа дека се физички спремни, ова е претпоставувам доста важно за таков вид професија. Мене ми е дозволено да сум штрумф, со слаба кондиција, не се занимавам со таков вид професија, нив не. Како нешто што уште повеќе ме згрози (се шалам, се навикнав, у Фиром живеам) се некои од коментарите, зошто жртвата била момче, малку ли девојки имало. Значи некои фиромски мозоци у овој чин на педофилија го караат силувачот-монструм, зошто вршел полови дејствија врз лице од истиот пол, педерлуци. Ние никогаш не требаше да постоиме како држава, оној Тито е идиот.
После се прашуваме зошто жртвите не пријавуваат. Потребни се детални психолошки тестирања за вакви професии. Не да ги примаат секакви преку врски.