Јас не реков „пуши кур, што ти е гајле тебе дали ќе лежи“ и по таа логика, сега стариот требало да го убие тетовчанецот, а не обратно. Никој нема право да зема туѓо, не ми нормализирај кражби на имоти. И има разлика, тој човек се самоуби, а мртов човек не можат да притворат и судат, а овој си отишол дома, си јадел, пиел, спиел со надеж нема да го фатат. Тие што крадат туѓо на крај ги стига божја казна, не мора казна од човечка рака. Не според мене дека му земел имот, туку според него му зеле имот. Како според мене? Јас не ги знам луѓето. Не 13-то прасе, ако ти земат имот и си без никаков имот, ти си бездомник.
Сиве овие што го бранат убиецов - син му, другарите, од братството, соселаните, треба да се соберат и еден убав психолошки преглед и анализа да им се направи, зошто истите утре истово ќе го направат.
https://skopje1.mk/index.php/mvr-so...man-27-godisnikot-sam-se-prijavil-vo-policija Не осамнува ден без ново убиство, мексикански картел станавме.
Мислам дека човек треба да се држи на дистанца од другите и да не се спријателува со секакви. Панче Жежовски со живот го плати познанството со Палевски, а еве човекот од Охрид со живот го плати познанството со Жарко. Со непознати само два реда муабет, површно, водење дома не, пиење кафиња не, зближување не, затоа што може да има разорни последици. Близу мене еден фин и културен дечко, млад, прошетан, секогаш ме персира, ама го бараат за брзи кредити и тоа од различни ФД. Толку од културата негова, очигледно е апаш. Друг што исто го сметав за фино дете, младо дете, учествувал во кражби на дрва. Толку од чесноста. Страшно и за родителите, не знаат со какви ги пуштаат деца да излегуваат и да се дружат.
Ако одиме по оваа логика твоја, како ќе стекнуваме пријатели/ партнери? Или да се затвориме дома и да го чекаме судниот ден?
Филтер. Ај на млади ако им требаат пријатели, и грешат, на возрасни во 8-ма деценија од животот не е дека им требаат многу пријатели, па да мораат со секакви ликови да комуницираат. Мое мислење е дека луѓето што имаат помал круг на блиски личности имаат мир. Не мора секој да мисли исто. Не мора да се убијци, има доста лажговци, манипулатори, коцкари, порочни, искористувачи, која е ползата ако ги пуштиш во животот? Само штета. Ако се пријатели таквите лошо, а ако се партнери уште полоши.