Мислам дека еден ден пред овој настан претходеше скоро ист, еден 18 годишник што пукаше исто во училиште во Турција. Уште кога беше со Кецмановиќ случајот, психолозите и социолозите предупредуваа дека може да се повтори слично нешто одма после мадовното убиство, има нешто у глупавата човечка психа што имитира туѓи постапки посебно жичка ако ти фали и толку, нели и после Кецмановиќ тој волот во селото исто направи масовно убиство а имаше и други деца што носеа ножеви у школо и беа пријавувани тој период..
Се случува кога родителите не сакаат да бидат родители. А и ако самите се нетокму и децата им се такви.
Точно дека голем удел има (не)родителството ама некако денешниве деца не прифаќаат воспитивање од дома побитно им е да се докажат пред другите со пакости одколку да послушаат родител. Во секој случај на глобално ниво треба сериозно да се сватат работиве и секоја промена кај децата да ја решат со помош на стручно лице. Јас сум баш згрозена од настаниве.
Точно е ова? Во кој век живееме, да си ги продавате децата?! Мразам што им се штити вака идентитетот.. Јавно со слика треба да ги стават..
Традиција кај ромската заедница. Не знам дали станува збор за роми во конкретниот случај ,но во повеќето ситуации не се ни пријавуваат вакви случаи под изговор ,,традиција кај Ромите,,.
И кај наши е вака. Да знаете колку луѓе со ментален заостанат склоп живеат уште под мотото бегалка. Чекаа да дојде прочка па да дојдат “младоженецот” и “невестата” кај родителите да се простат зашто бегалка била. Останав со подзината уста. Родителите со нивниот менталитет ги осакатуват децата.
Без разлика дали се Роми, Албаници, Македонци или било што друго не треба да се каже "абе ајде Роми се..". А е пречесто ова кај нас се знае дека е така, ама овие не се казнуваат, не се пријавуваат бидејќи се Роми.. Се надевам соодветно ќе бидат казнети и овие, а и дека ќе почне да се залага полицијата и со други вакви случаи. Тоа што девојчето е од Ромска националност нема врска, треба да е на тие години во училиште, а не на 50 годишни мажи деца да раѓа и чува..
Кој сака нека е инвеститор, трагедија е. Одговорноста секако е на изведувачот, тој треба прописно да работи, ако му биле работниците без хтз да не ги пушта да работат итн. Проклето мачна работа е секако, и уште вака да ти заврши животот...
Процесот на градба е составен од многу чинители.. почнувајќи од инвеститор па се до надзор и употребна дозвола.. во тој синџир ако појави ЕДНА слаба алка синџирот ќе попушти односно ќе се скине.. можеби изведувачот е директно инволвиран но каде се проектантите, надзорот, изиис, ревизија.. кај нас не е проблем една слаба алка, имаме повеќе слаби алки.. и синџирот е пред кинење..
Имајќи предвид дека знам како „работеше„ дотичниот крадоначалник, многу е важно кој е инвеститор. Истиот „господин„ ја уништи општинава, имаше еден куп криминали и заедно со Стевчо другар му развија супер бизнис, од секоја зграда станче. Не за џабе згради кои според ДУП беа предвидени да бидат 9катници, станаа 11катници. Итн... Не ми се збори за тоа време. Муабетов ми е, дека не се почитувале никакви правила и прописи во случајов, особено што дотичниов е инвеститор и знаејќи го од претходните искуства каков е