Ova se seriozni znaci na psihopatija. Iako sekoj buling e losh ovoj tip na buling e jeziv i morbiden i ne znam koj drug zbor da go upotrebam.
Не ја пишува возраста на тие. Ако немаат 14, нема да одговараат. Чудо ќе биде и родителите да ги гонат. Барем Божјата правда или кармата да ги стаса. Од тоа нема бегање.
Моето прво мислење беше напишано за веста серија случаи на сексуална патологија, последната вест за врснички булинг не успеав да ја испратам ни па искоментирам. Можеби ќе беше посоодветно да напишам дека се во затвор, наместо во ментална установа? Моето лично доживување е дека во државата каде што живеам имам поголема доверба во институциите, оттаму и "розевото" гледиште. Ова никако не го негира постоењето на вакви случаи, но се во значително помал број баш поради таа ажурност на институциите.
Ама и вие што сте чудни. За да гасат цигари од човечко тело, значи гледале од некаде. Измет? Па ова се коси со сето нормално. Тука акцент на ЦСР, релација дете-родител. И да ги испегла. Само реалноста е што сето ова пак ќе мине онака.
Оваа работа со гасенје цигари,јаденје измет ми изгледа на болни психопати, кои треба да се сместат во ментална болница. Сигурно сите повеќето од училиштето знаеле што се случува, треба да одговараат сите до еден,ова е сериозен проблем.
Девојчето пишува 6то одделенка значи 12 преку сила, ако биле сооученици и они се толку. Ужас, немам зборови, немам коментар, не можам да си замислам дека било кој родител би имал оправдувањр за свое дете за вакво нешто. Вчера и го раскажав случајов на ќерка ми, она е 5то, ќе рече некој мала е зошто ја изложувам на вакви вести ама јас сметам дека треба да знае колку е страшно и лошо. Ме интересира како ќе заврши ова или како и секое друго чудо за неколку дена додека не се деси некоја друга одвратна глупост.
Ликвидација по кратка постапка, а родителите доживотно на радна акција од јутра до сутра, нема што да се мисли тука, ко малце луѓе да има на планетава па ќе се штедиме на генетски грешки ќе рехабилитираме насилници а жртвата кој ја ебе. Доста веќе од политичка коректност и емпатија кон психопати кои ги заболе газот за вас. Аман веќе од патетики.
Да, што толку разбирање имате за пореметени и општествено штетни лица? Има деца што се препаметни, ете измислиле некој пронајдок, па никој за нив не знае, ваму илјада оправдувања за некои што на 11 години се рамни на ИСИС терористи. И школиве како кампови на ИСИС, места каде има тортура, пикање на стаклени шишиња во анус, кршење нос, школите се како воена зона. И не ги прифаќам оправдувањата дека таму некаде во други земји исто било. Како да не, на размена кога бев во странство и одев една недела во нивно школо на настава, на децата глас не им се слуша, толку се мирни и тивки, се знае што е час, што е одмор, што е ручек во кантина. Може имало 2-3 глупаци во целото школо што се невоспитани и користат вулгарности, кај нас па е обратно.
,,Дали можеме да следиме дали тие црви од девојчиња ќе сносат последици? Дали некој од мајка роден, ќе се заангажира и ќе тера до крај? Не ми е јасно.. Прелута, прегневна сум. Не смееме да дозволиме ова да биде само вест на денот и ништо повеќе. Многу жалам за сиротото девојче, Господ сила да и даде да ја надмине таа траума. Други гниди што ја малтретирале, треба да ги обесат. Речете шо сакате, не заслужуваат втора шанса.
Се ми излезе вест дека не. Е единствената малтретирана од оваа група. Жалосно е какви деца има за лајк шо се ќе направи. Друго ми падна во очи пријавата е од 30 ти март ,во меѓувреме децата оделе во школо и продолжувале со девијантно однесување. Значи најверојатно не е постапувано па затоа родителиве се обратиле во медиуми.
Децава се последица на погрешно воспитување. Денес воспитуваме неемпатични, егоцентрични , самобендисани деца мислејќи дека така ќе бидат самоуверени и успешни. Од оние кои уште додека се мали не умееш да им речеш НЕ. Поправно воспитен дом постои во Тетово и Велес каде работат психолози, нека ги сместат на некоја година таму , да се поправат грешките во воспитувањето.
Косми, не знам колку и што се работи со децата таму, особено со девојчињата... Не знам дали се сеќаваш за случајот со девојчето кое беше единствена малолетничка која требаше да биде во дом, но бидејќи немаше услови (односно немало како да ја одделат од машките во домот) беше во женското крило во Идризово? Значи немало девојчето ни задолжително формално образование што и е законско право, со што беше дискриминирана во однос на машките кои беа смесетени во домот. Ова е веста и настанов не беше ни така одамна - од октомври 2025: https://sdk.mk/index.php/neraskazha...tno-popraven-dom-kade-e-sama-vo-tsela-zgrada/ До пред некоја година немаа ни нормални услови за сместување на малолетници, беа во затворите сместени, па се крена свеста преку медиумите за состојбата и институциите, народниот првобранител се заложија и им направија. Баш ме заинтересира дали и колку добиваат стручна помош и прогуглав и го најдов и видов извештајот од народен првобранител за 2025 година за домот во Тетово. Пишува дека од лани е од 1.10.2025 е овозможено формално образование и на девојчињата и дека се прават напори да им се обезбеди терапија за АДХД за овие деца. Вели - Недостига чуварски персонал и обуки за стручните лица со акцент на родова чувствителност, работа со траума и комуникациски вештини. Линк: https://ombudsman.mk/media/documents/GI-2025.pdf
Ве читам и ви се чудам на некои од вас. Стварно се прашувам каде живеам јас тоа? Со кого живеам? Во кој век мислам дека живеам? Сакате ли да ги линчувате децата, нивните родители? Џабе ви се обидите да осудувате насилство, кога и вие самите бирате насилство како решение. Каде ќе ни биде крајот тогаш? Кругот треба да се прекине, не да се продолжи.. Не е решение ни да се убијат, ни да се затворат и изолираат негде далеку од очи. Револтот на погрешен начин се манифестира мислам. Според мене во вакви ситуации сите деца се оштетени и сите се жртви. Како сакате сфатете ме. Колку и да не ви се допаѓа, колку и да ве плашат, колку и да ве згрозуваат тие деца се одраз на НАС, на нашето друштво, на нашиот образовен систем, на она што ние како колектив го поддржуваме и потхрануваме во децата и во себе. Тоа што се почесто ги слушаме е и заради реалната состојба која е доста опадната, но и заради медиумската ориентираност кон негативни вести, црна хроника (зошто тоа се чита повеќе од позитивни вести- за што се криви и тие што ги конзумираат тие вести т.е. ние). Ако сакаме да не се случуваат и во иднина се повеќе вакви глупости, крајно време е да се фатиме во костец со коренот на овие девијации и да се трудиме да ги превенираме да не се појават. А ако се појават да се работи со тие лица и да се реагира во правец на нивно лечење и третман (зошто често се и тие жртви од дома и се истрауматизирани) и на нивна ресоцијализација. Поентата е да се вратат во друштвото и да функционираат во него... Каде е вашата емпатија пак ќе прашам?
Колку што знам во Воспитно поправниот дом во Волковија сега има ограда и нема пречки да се сместуваат и девојчиња. Што се однесува до стручноста имаат одличен раководител на проблематичните деца /психолог и лично ја познавам, многу посветена,едуцирана и стручна. И кадар има, нема нешто многу штитеници , образование им е обезбедено.
Допрва ќе слушаме за вакви случки, затоа што немаме соодветни закони за вакви малолетни деликвенти. Кога ќе има казни да ги удрат по џебот родителите, можеби ќе се заангажираат да видат што прават нивните деца надвор.
Епа ете имаш од прва рака инфо дека е подобро сега таму. На интернет тешко се наоѓаат информации освен овие официјалните. Жално е што не се обезбедија такви услови и порано.