Ама имињата и случката во другата објава со скриншотови кај буре весник се однесува на осмо и деветто одделенци. А за немилиот настан со девојчево пишува дека се шесто одделенци. Најверојатно се работи за различни настани.
Законите по ЕУ каде што се крие идентитет на осудени злостори е за да се заштити идентитетот на жртвата. Не знам, поделени мислења имам.
И јас сум збунета. Ако е вистина дека се деветто одделенци ,тогаш тоа се деца на 14 годишна возраст и истите можат да бидат кривично гонети.
Ама во овој случај и сторителите се малолетни , не смеат новинарите да го објавуваат ниту нивниот идентитет. Кај Зоран Божиновски на ФБ има неколку објави поврзани со овој настан и искрено сум шокирана од информациите. Страшно меѓу какви деца ни учат децата и какви ,,родители,, имаат тие деца.