Обвинителството бара мерки на претпазливост за ненормалните малолетнички. Божем со тоа ќе бидат спречени да направат нешто ново...
И во Штип девојче тепано и снимано со месеци. Нецивилизирани и тие и нивните дома и тие што снимаат. Абе Македонче, за сеир душа дава.
Јас колку што разбрав за случајов завршило судењето ама приговор поднеле сега, не ги осудиле ништо ниту рудителите туку само кажале да се следат децата.. А требало родителите да се судат за негрижа и насилство врз нивните деца (ове што го тепаат девојчето).
Ја гледав снимката на девојчето од Штип, останав без зборови, според мене ова не го прави здраво и среќно дете,ова е чин на очај,тага и докажуванје проститулак. Мене ме интересира дали родителите се запознати со овој булизам. Овде треба да реагира школството, полицијата, родителите. Ако не се преземат поостри мерки, лошо но се пишува, уште многу време ке си гледаме вакви снимки,или родителите сами ке пресудуваат како знаат и умеат.
Којзнае какви се снимки постојат што не сме ги виделе и нема да ги видиме. Младината во Македонија е катастрофална, ужас, диви бре. Кај малку млади, па и диви, прости, насилни. Фајде нема никакво од нив, штетата е многуууу голема. И како што гледам на снимката тепаното девојче е повисоко од таа Марија што тепа. Мрсул да не фрлиш на таква младина. Кога Агелер амбасадорката си замина од Македонија, еден колега на работа кажа дека имала 70 години, се посомневав, па отворив да ја видам биографијата, и жената е помлада, има некаде 62-63 години, а била на служба во Индија, Пакистан, во Париз, во Унгарија, па кога тоа го кажав, еден маж рече „Од сите тие нации ние сме најмирни, најпитоми“. По кој параметар сме помирни од тие нации? По тоа што не сме кадарни воени да се браниме или некого воено да нападнеме, ама сме спремни на примитивно- селски инциденти да тераме некого да јаде измет, да тепаме и да се снимаме како јаки тепачи. И овие тапачките не ги направиле ни Роми, ни Турци, ни Албанци, ни Власи, ни Срби, Македонци се. Па и девојчиња, а замисли па какви се машките. И вчера кога ја гледав снимката, се сетив дека има жени што со години одеа по инвитра, расипаа здравје за да добијат дете и не добија, ама што ќе ти дете во ваква средина што личи на ИСИС камп? Реално, нека бидат среќни што немаат деца тука, оти или треба да даваат пари по адвокати, или да плачат по школо, или да одат да се тепаат со невоспитани дечишта.
Видеото го објави адвокатката на малтретираното девојче,поради незадоволство од пресудата. Случајот е процесиран но не се повела постапка ,по службена должност, и против родителите на сторителите, па поради тоа незадоволната адвокатка,а и да се искористи моменталното внимание од другиот случај во Ѓорче ,вака јавно истапи на ФБ. Читам, телефоните да се забранат. Не е до телефоните , да не биле телефоните во овие случаи како и во многу други , можеби немаше ниту да дознаеме какво насилство трпат децава. Не сакам да се повторувам ама проблемот не е во децава сторители, туку во родителите. Нив треба некој да ги прегледа и процесуира. Само што нема ресурси државава, ниту има доволен број на кадар по социјалните служби ниту има центри/згрижувачки семејства за привремено згрижување на децава. Не е секое дете за во поправен дом. Има деца кои од жртва преминале во насилници. И тоа е посебна проблематика. Немаме функционален систем, немаме чувство за одговорност...се плашам дека народот ќе почне сам да ги решава проблемите,на свој начин, како знае и умее.
Порано ми се чини немаше вакви булис до овој степен малтретирање или па немаше телефони да се снимат?
Имаше. У средно на еден од моја генерација му ги искршија предните заби со боксови пошто овој го подбутнал со рамо еден додека минувал. Јас шетав со плуканици на грб само зошто постоев, без да провоцирам. Исти психопати имало у Фиром и тогаш, сега само ги гледаме на снимки. Често знаат овие од 40 и 50+ да лапрдаат дека порано било поинаку, да да, Скандинавци живееле тука, лол... ами овие испрдоци се ваши деца.
Па претпоставувам дека секогаш имало, зависи како си налетал, кај мене у школо тие што беа булингувани беа само со зборови, машките често се тепаа али некои вака психопати/ки не памтам а сигурно ги имало на други места.
Само ме интересира, ако сега се растат децата без ќотек, нели нежно родителство, од каде оваа агресија кај децава?
Агресијава главно кај децава доаѓа мислам од достапност на се на социјални мрежи, насилство се провлекува низ смешни видеа, буквално завиткано во целофанче. А за да се запечати работата, имаш родители што си ги игнорираат децата, не пазат што гледаат, не им обрнуваат внимание. Мислам дека ќотекот нема воопшто удел тука.
Во друга тема викаат дека деца кои се тепани тепаат. Па затоа прашувам. Ове е страшно што се случува.
И мене ова ме занима. Дали ова значи дека родителите што воспитуваат преку нежното родителство се изолирани случаи, а преовладува некое насилничко родителство, или сепак си го тераат пермисивното, мислејќи дека се нежни кон своето дете, а тие страшно потфрлаат со нивното пасивно и незаинтересирано однесување, и им се излизгуваат од раце..
А бе ние растевме со Том и Џери како се маваат со тави по глава па не тепавме по улица деца сп тави не емитиравме..
Не знам ти кога си завршил средно, ја не памтам вака девојчиња да се собирале и да се шамараат, плукаат и тегнат ко сељаци пред коперација. Лесната достапност до интернет, од таму се почнува.Таму се следат сите трендови и глупости.Не се насочени децата како да го користат интернетот за паметни цели, по цел ден ТикТок гледаат.
Видете ги оние 500 хехенца и стотици коментари пред некој ден на пост за силување, е па голем дел од тие имбецили се раскотени, па зар мислите дека нивното младунче ќе биде пацифист.
Да точно, ама овие генерации се различни, за нас беше незамисливо на 13-14години да одиш на Десингерица и да те маваат со чорапи на концерт.
Да ама некој треба да одвои од неговото скапоцено време, да му се посвети на тоа дете, да се заинтересира и контролира што тоа прави по цел ден на телефонот. А и шо ќе се меша, 'големи се', си имаат свој приватен живот, не ќе им се мешаат па и ти.. Кузнае кај им се децата во моментот, и што све прават, овие абер немаат за ништо.
Се е точно, се почнува од родителите.Не е нормално на 13 години да делиш шамари и мува да не те лази.Па овие на 30 што ќе прават, ќе јадат луѓе?