Не мора да се тепани за да се насилници, може и да се запоставени, никој од родителите не им обрнува внимание, ги пуштаат да прават што сакаат.. Не дека немало, имало, кај нас од населба имаше дете, не беше булинг, ама ако го изнервира некој ќе се тепа, беше слаб за да се тепа и одеше дома земаше нож, секира и не бркаше да не заколе.. Татко му дома го млатеше од ќотек за глупи работи, еднаш му снемало некои клешти и ги тепаше децата затоа што му ги снемало.. Ама кога нашите родители се пожалија од него, тој се испокара со сите немало шанси неговиот син тоа да го прави... Сега е доста проблематичен, агресивен си е уште, заработува така што краде акомулатори од коли и ги продава.. Не велам дека ако е тепано детето дека ќе стане и тоа насилник, некое ќе извлече поука од тоа и ќе биде доста успешно, со сестра му се небо и земја и тогаш, а и сега, сестра му си заврши факултет си работи, се пресели во странство... А татко му овој сега иако тогаш го тепаше, станат е копија на него и го чува како од злато да, а сестра му ја остави сама да се снаоѓа, само затоа што не го слушаше и одбра да си го среди живот... Насилство раѓа насилници, некои деца ако се попаметни само ќе извлечат поука од тоа.. Ама никој не знае дали ако си го тепаш дете ќе има капацитет да го земе како поука или ќе направиш насилник.. Постојат многу подобри начини за да се воспита едно дете и не нежното родителство не исто што и запоставено дете.. Треба детално да се испитуваат вакви случаи и родителите и децата.. И секој да си добие соодветна казна.. Во Србија две години се влечат по суд и ништо не преземаат, имало доказ дека е запоставувано детето, не соодветно соработувано што довело до тоа неговите воопшто да немаат претстава што му се случува во животот и што планира, си чуваат оружје дома несоодветно, го учат да пука, за се ова добиле пресуда и на крај е повлечена па одново сега се судат,а.и се спомнува дека Коста е како во домашен притвор..Исто е и кај нас, никогаш не се презема ништо...
Отсекогаш имало вакви насилници. Убаво е објаснето во соодветната тема за разликите помеѓу видовите на родителство. Нежното дава казни, само не такви што се сметаат за нарушување на моралниот и телесниот интегритет на децата. Деца растени под ова знаат за граници. Насилниците произлегуваат од останатите видови на родителство. Тоа е до незаинтересираноста на родителите кои се насилни, пермисивни или попустливи кон нив. Децата растат сами без концепт и поим за етика, морал и срам. Тука си е и системот во државата крив. Мора да се развијат нови механизми за одгледување на семејство. Психотерапијата да е нормала, не табу.
Овие со шамарите ќе речат јадат шамари од дома, а оние со гомната, и тие вајда со гомна ги ранат? Ниту една генерација не е совршена, џабе браниме нашата ваква таква, гомна сегде и секад ималo, ама ова више е психопатско што се дешава, ги надмина сите граници, испаѓа ко мнозинство да се со психопатски црти.. Не ме чуди и да јадат луѓе богами, па овие трошка емпатија и ништо добро немаат у себе. Да можат се ќе изгазат што би им се нашло на пат. Се иживуваат со луѓе, малтретираат животни, ко никаква грижа на совест да не осеќаат.
Неам дефиниција за овие што терале дете гомна да јаде, тоа треба професионалци да се занимаваат со вакви деца и нивните дома. Ние од насилство, ќе се затуркавме и ќе се запцуевме, држи ме да не го истепам обично така завршувавме, и после нормално фудбал игравме. Тепачки кога имаше беа групни, 20 на 20, никогаш не сум видел 20 на 1 ко на видеава, а за девојчиња па да не зборам, многу многу ретко, баш беа прави девојки, пристојни.
Најсмешно е кога се прави разлика меѓу "старите“ и " новиве“ тепачки, а во двата случаи толпа се собира да лечи комплекси. Демек порано било фер пошто било 20 на 20? Ферска си е ферска де. И во двата случаи насилство е. Лол
Абе факт е дека секогаш имало тепачки и булинг, ама како што има последниве години, не било! Секој втор ден има нешто поврзано со училиште, дали професор, дали деца, дали тепачки, булинг... премногу е зачестено. Порано се броеше на една рака кој е пропалитет и будала, денес на една рака се брои кој е нормален и воспитан. Џабе интернет од раѓање, џабе достапни информации до се, кога овие деца сега се надвор од контрола (секоја чест на исклучоци).
Леле, аман ај не ги глорифицирај нашиве генерации Демек ние многу мирни бевме, овие насилници Отсекогаш имало насилство меѓу децата, само што не беше толку јавно како сега. Првенствено дека се затскриваа институционално случаите (и сега не се нешто поарни институциите) а и немаше интернет и не ни беше се на дланка. Не постои нешто како лоши генерации, добри генерации... Сите на свој начин се добри и лоши.
Кај мене во одделение имаше едно дете ќотек јадеше од сите машки по грб секој ден. И не кажуваше на никој, мислам дека не ни дознаа наставници, родители. Ние деца ќутевме. Денес тоа да се прави без последици и без да се расчуе, нема шанса. Машки мастурбираа во 8мо одделение на клупа, исто така помина. Ова почеток на 2000 години било.
Пред петнаесетина. Во средно на една моја школска ѝ се собраа поголеми девојки во женска соблекувална и ѝ измаваа неколку шамари. И уште еден куп работи имам да пишувам на кои немам сведочено али имам слушано дека се дешаваа. Е сеа, овие случаи не одеа на вести и на интернет. И тоа со групните тепачки беше секојдневие, се собираа по десетина малокурци од други школи, обично крекаа у толпа, одеа у друго школо за тепачки. Ова денес мислам дека е поретко како ,,тренд".
Точно.Јас не памтам петок сабота во кафич да помине без тепачка измеѓу машки.Гужва,турканица секогаш резултираше со тепачка.
Лошо, не знам кај мене немаше, барем јас не сум видел а и немаше гласини за таков вид малтретирања, јас не памтам тепачка на девојчиња ни групна ни поединечна, вакви шамарања поготово не, ни па терања некого гомна да јаде од куче.Групни тепачки имаше константно, и тоа беа организирани, и имало и полиција не е дека немало, само што секогаш се завршувало исто, односно немало никакви последици по тепачите.
Ич немаше насилство. Аман со тоа во наше време. Епа тие од ваше време, пошо биле тепани, нели треба поарно да воспитуваат? Еве го производот. Тепаните имаат деца. Први плачете некој што добар ден нема да ви каже, не па некој да ве удри. Ама океј е своето дете да го маваш. Пред 100 години и на живо ги оперирале бебињата, пошо мислеле дека не чувствуваат болка. Така и ти. Удри, ништо не му е. За памет да е. Па ти ако немаш памет и не знаеш освен со насилство да се справиш инаку, како очекуваш од ќотекот да те разбере мало дете. Ни годините, ни паметот да ви го имам.
Тоа го кажав во контекст на она - гледаат на нет- тикток и слично.. и во наше време имаше. Ама еве сега модерни родители без тепање а децава.... испуштени деца без контрола.
Што има врска со ќотекот? Дете што го тепаш, практично веќе си го испуштила од контрола. Може да се согласиме дека тоа нема врска со дете растено без ќотек, туку стриктно дете кај кое недостасува воспитување и внимание? Мора воспитувањето да е со ќотек? Имаш ли ти деца?
Ниту мене не ме тепале ниту јас тепам. Ама она нежно и пермисивно родителатво каде родителот е другар доведува до вакви работи. Родителот не е другар. Родителот треба да воспостави авторитет. Сфаќаш ти? Ова е излезено од контрола. Во Битола школото листа за отстрел и датум има. Дете 7 мо оделение. Префрлано од едно во друго одделение зашто било невозможно. Рибникар треба да се деси? Детето е сега дома, децата не одат на школо, цајкани во цивил се шетаар низ школо. Зашто? Зашто кога малиот извадил брз кредит со на тато лк родителите се смееле, се снашол малиот и платиле. Кој знае што друго правел.
https://fokus.mk/1telohranitelot-na-premierot-ja-tepal-i-davel-soprugata-pred-maloletnata-kerka/ За ова Мицко изјави дека е МАЛ ПРЕКРШОК!!!
А како ти знаеш дали родителите на овие деца воспоставиле нежно родителство?? Нежно родителство не прави вакви насилници. Ова треба ти да го почувствуваш на себе, па да го пренесеш на другите. Ако моето дете е израснато во љубов, внимание, разбирање не може да оди на улица и да тепа други (бидејќи нема да знае како). Дете што е растено без внимание, со ќотек и насилство е насилник. Докажано е. Јас сум сведок кај што гледам кај пријатели кои имаат тинејџери деца, ги растеле со gentle parenting и децата се мелем. Ама треба да разберете што е gentle parenting и што е пуштање од ланец и не замарање со децата. Не значи дека ете не го тепа детето и одма е gentle parenting.