Обвинителството ја осуди жената шо ги уби сопругот и свекорот, на 7ипол години затвор. Па добро бе мајката, зарем толку немаат грам свест и човечност овие бе? Зошто да ја осудат жената кога тоа било во самоодбрана? Кога жената била со години малтретирана од нивна страна? А овие шо малтретираат жени ги пушќаат со условни, мал престап било тоа..... Мрш ѓубриња.
80 годишно копито силувало 14 годишно момче во Валандово?! Животот му го уништил фосилов со една нога в гроб. До кога ова ќе се дешава? Најстроги казни мора да има.
Абе нели порано педофилите јавно се објавуваа на некоја страна? Од кога дојдоа првиве Северни на власт, како да ја снема таа опција или се лажам...?
Toj fosilot od 80 god si teral kjeif bolen, I unistil eden zivot na 14 god momce. Koga drzavata nema soodvetni kazni, togash tatkoto da go egzekutira No I toa ne e dovolno ako roditelite se siromashni I nemaat pari za odbrana. A pedofilot na 80 godini koj znae kolku deca iskoristil a ne e prijaven.Na 80 god takvo libido da siluva dete ,sigurna sum ne mu e prvpat ,tuku samo prv pat e prijaven.
Уште една жена убиена. Веројатно поранешниот сопруг е сторителот. https://sitel.com.mk/ubiena-48-godi...neshniot-soprug-koj-ja-prijavil-za-ischeznata https://sitel.com.mk/30-dena-pritvor-za-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-zhenata-od-selo-taor
Нов случај на врсничко насилство. https://netpress.com.mk/video-tolpa-tepa-i-matretira-devojche-kleknato-na-kolena-vo-aerodrom/ Гнаси невоспитани. Не сум за насилство од ниедна страна. Ама, не зборете ни дека требаат меки мерки за насилниците. Не смее да се остават да продолжат како вообичаено. Арно велам дека треба да бидат изолирани од општеството.
Се згоризв. Се знае ли колкави се фраеркиве? Дали се над 14 и ги подлежи некој закон или не? Овие децава што тепаат, што гледаат и што снимаат се деца на мамичките што практикуваат џентл родителство, што потрошија стотина страни по други теми да докажат дека ако удриш сопствено дете додека го воспитуваш си насилник и треба да ти биде одземено детето и дека насилните деца требале да се гушкаат. затоа што тепале затоа што им недостасувало гушкање. Епа сега ако нивно е детево што го малтретираат нека ги гушнат багабонтиве кои очигледно никогаш во животов не се карани ниту пак биле казнети и кои имаат слобода да прават што сакаат затоа што знаат дека мамичка и татичко ништо нема да им направат.
Не е секој за родител. Треба да има задолжителни обуки кај млади брачни парови, за време на бременост. Ако немаат потврда за положена обука, шибај казни. А и во задолжителново образование треба да се исфрлат некои непотребни предмети и наместо нив да се стави некој предмет како етика или животни вештини, да учат емпатија, солидарност, и тоа со практична настава, не само теорија. Но за ваков предмет не треба професорите да бидат од партиските книшки, ниту пак од невладини организации на Сорос, туку некои стручни педагози. И за таков предмет јас би ги поделил учениците во помали групи, максимум 7-8, а не 30 деца во клас па поради 3-4 распрдени деца да отиде целиот час у три лепе.
Казни. Само казни е решението. 1000 евра за родителот, а за детето нешто чистење по горештините и снегот, едно две недели, месец дена. Плус ќотекот од дома шо ќе го добијат оти родителот неможе да ги плати тие 1000 евра. Таман ќе им дојде.
Не бе Ади, децата со црчење да ги платат тие 1000 евра, потта да им истече, мама и тато лесно може да дадат 1000 евра. Треба децава лебот да учат како се раѓа.
Не, не, родителите да си ги платат тие 1000 евра, а децата за без пари да го чистат градот, да фарбаат железнички, да ги празнат контењерите, да косаат трева.... значи сите да ги гледаат и да знаат зошто го праат тоа а овие да умираат од срам. Ете така. Плус и родителите ќе умираат од срам.
И косичињата да им ги исечат. Ќе ме нападнат овде, ама полна сум со бес и гнев, не поминаа ни три месеци од настанот во Ѓорче. Се си поминува.. така.
Имам многу да зборам, многу. Се ежам од вакви настани. Едната Дарија Васева се викала, и го нема профилот. Ако се праиш јака, биди јака до крај, нема потреба од бегање.
И нема да биде ни последен пат. Во нашата држава најлесно поминуваат насилниците оти нема никакви последици. Мора последици да осетат шо се.
Не е џентл родителство. Во СДК и темата за ќотек има поставени линкови кои ја објаснуваат разликата. Нежното родителство од казни ја исклучува само телесната, верглано е милијарда пати на форумов и општо на интернет. Дава други казни кои и те како се ефикасни и ефективни сè додека родителите реагираат на време и се консултираат со стручни лица. Ова е пасивно или пермисивно родителство (при кои само еднаш во 100 години се кажува или не се презема ништо и нема казни). Не бива луѓе од вакви деца. Мора да ги тргнат од средината. Еее...А одамна се исмеваа на предметот Етика. Вишок и непотребен бил. Аха, еве сега како се покажува дека е тотално потребен, дури и најважен. И да, убаво би било да има ефективна настава во природа. Баш читав негде дека во странство тие деца кои имаат поголема пракса надвор стануваат подружељубиви и посмирени.
Страшно...уште па машките од страна снимаат и ја бодрат. Не е само девојката Дарија насилникот во ситуацијава. И другиве што ја силат да удри и што снимаат се виновни.
Не знам што е пострашно, дали оваа што тепа или тие што снимаат и навиваат. Секој ден се повеќе се прашувам како да израснам дете со вредности и човечност во вакво ненормално општество. Во какво ненормално време живееме.
Има профил и на фб и на инста. Само се исплаши, ги избриша сликите и стави пред еден час црна профил слика. Сега ќе го поврати мајчиното млеко. За 5минути правење јака пи*ка, 2 месеци мин ќе трпи коментари и напади од сите. Родителите на сите и што снимаат да си одговараат.