Ама зборуваме за исфрустрираното, искомлексирано, балканско нежно родителство. Да, таквото раѓа насилници. Абе гледаме веќе пред нос! Што се правиме луди?
Вакви групни тепачки и групен булинг врз една жртва имало секогаш, не се од вчера за да заклучиме дека се резултат на некој трендинг родителски стил. Само што тогаш немаше вирален контент и не се снимаше за на тикток или инстаграм.
Имало тепачки, ама немало од ваков размер. Секогаш ќе се нашол некој другар да ги раздели и сите ќе се разбегаа. Овие навиваат како во зоолошка. Реткост беше и обично беа деца на сериозно нефункционални семејства. Ова не се такви случаи. А на што е резултат, кажи?
Стварно немаше у вакви размери, или ја у некој друг свет живеев ко дете? Нешто е драстично променето, исто и пред месец дена случката со девојчето со изметот од куче ова ко од дарк веб сценарија да се.
Како тврдиш т.е. сигурна си, дали ја познаваш насилничкава? Нема потреба од правење жртва од нејзе или лажни тврдења, секако дека се работи за нормално семејство и родители, мало е Скопје одма се дозна од каде е и која е.
Да бе сите деца кој се на видеото и навиваат ко мајмуни се " кутри жртви на семејно насилство" па затоа се такви. Не овие се разгалени, распрдени со пари но не и родителско внимание и воспитување.
Скоро нешто прочитав, што ме замисли. Децата гледаат тик-ток, инстаграм видеа, со многу гадна содржина, црна хроника, па мозокот со тек на време се "приспособува" и децата се помалку сочувствуваат, стануваат рамнодушни.. грам емпатија нема во нив. Ни едно дете да не рипне, да рече.. чекајте малку, да застане меѓу нив, амаа јок... сите деца рамнодушни, а тоа е баш страшно. Еден родител да греши, двајца, тројца...?! Неее, ова е веќе некој огромен проблем. Убаво си тргна Петрушевска со забраната на социјалните мрежи до одредена возраст, мора нешто да се превземе зошто децава мозоци испраа по тоа интернетот...
Да можеби немало толку процентуално застапено физичко насилство, а што правиме со психичкото? Пасив- агресив започнувајќи од учителки, па до некои покондирени тиквишта од високо- интелектуалните родители или деца од дисфункционални семејства и да не редам од кои се други. Нежното, а функционално родителство не создава насилници. Овие се веќе испуштени од контрола и далеку се од производ на било какво родителство, освен она на отсутни или непосветени родители. Погоре пишаа во толпа се силат, ех секаде е така кадешто чопорот со неандерталско понашање доминира, нажалост.
Тотално си во право, но за селекција што ќе се гледа и колку пак родителите се одговорни. Во случаиве кога отсуствува нивниот надзор и грижа или соодветна посветеност кон децата во зависност од возраста и индивидуалните потреби еве читаме во црни хроники какви последици има.
Точно... Мора и разговарање, советување, пренасочување на интереси. Не затворени во собите и по цел ден на телефоните. Во училиште работам и деца кои се со ограничен лимит на телефоните се каде каде подобри во однесувањето од овие што се без контрола на телефон... Деца се човече, кревки, зелени во мозокот, па којзнае што све гледаат на интернет и тоа сигурно има негативни последици... Не сум стручна и баш пред некој ден беше текстот што го прочитав за ова (не сум истражувала), ама сигурно има многу негативно влијание..
Па тргни од родителите, сите што ги знам околу мене имаат тик ток. Инстаграм исто, ќе го изнаслика за сториња ʼљубов најголемаʼ и после пушти го по маси да досаѓа додека си скролаш на инста. Телефон грабнало од годинка, несвесно за околината, за опасност, неспособно за надворешен свет. Ама битно ќе ги плукаме овие што се посветени на децата, на другото замижи. Колку пати сум слушнала напад кон родители што НЕ си ги тепаат децата, па утре ќе ги воспитуваме дека не смеат да удираат. Која контрадикторност. @Iva:) ги видов родителите и не ги познавам. На први братучеди не знам како им е дома, а не на некои и на лик да би ги знаела. Само знам дека нешто смрди од дома, дали е насилство, дали е запуштеност, нагаѓам.
Можеби ни се чини дека немаше во вакви размери затоа што порано немаше социјални мрежи и не сите имаа интернет, па потешко се дознаваше. Но насилството е прастар проблем. Сигурно го имало. Измислуваме нови техники, наоѓаме нови лекови и веројатно ќе одиме и на Марс. Но никако да најдеме трајно чаре за него. Тоа е трагично.
Да повториме уште еднаш. Нежно родителство не постои како воспитен стил. Тоа е производ на инфлуенс на несоодветни стручни лица на социјални мрежи. Како тоа тврдите дека нежното родителство НЕ создава насилници?! нема никаков доказ ниту студија за такво нешто. Резултатот на студијата во Англија покажа дека децата воспитувани на овој начин довеле до размазени деца и недисциплина во училиште. Тоа го добивме и кај нас. Не се проблемот социјалните мрежи на децата, туку на родителите кои читајќи популарна измислена психологија на нет ги научи да ги воспитува на овој начин. Добивме самобендисани деца, без емпатија за никој освен за себе.
Ако се однесува за други членки и нежно родителство нека ти објаснат тие како гледаат на тоа. Јас спомнав нежно и функционално. Можеби грешно поимам,но да ти разјаснам за мене нежно е без употреба на физичка сила туку објаснување на прикладно однесување, неприкладно, награди, казни, причини и последици и така стигаме до функционалното. За да е функционално родителиве треба да се присутни и посветени, ама гледајќи какви се ете го резултатот. Гледате ли колку деца се што чопоративно се силаат и ја поттикнуваат да напаѓа? Едно да беше асално воспитано да пререче, ама немаше ниту едно. Тоа е голем удар кон денешното отсутно родителство. Не навлегувам во наука и студии зошто раѓаат, а не се ни свесни што е тоа и како функционално треба да биде и се одвива да се анулираат или минимизираат појави на вакви деликвенти.
Многу би сакала да ја прочитам студијата, те молам сподели ја. Јас сум ʼвоспитуванаʼ екс ју ама уште од тоа време имав другарка воспитувана на ʼнеженʼ начин (само што немаше назив воспитниот стил) и се гледаше разликата и тогаш и денес, па како сакате сфатете ме.
Претпоставувам кај неа начинот на воспитување и одгледување и отвори низа можности и перспективи во животот споредбено со некогашната диктатура (или си ист како другите или ќе играат екс- ју превоспитните мерки) така? Тие перспективи пак се неспоредливи во однос на оние што ги имаат денешниве деца испуштени од раце од родителите, значи производи на недоволно посветено или отсутно родителство, нели?
Тотално ама не можеш да се докажеш со луѓе што воопшто не разликуваат пермисивно, отсутно родителство итн од нежно. Па реално ако збориме тоа поранешно воспитување по кое сите се носталгични е најблиску до отсустно родителство. Но, во тој период голем удел имаа барем просветните работници, полицијата, па некако ќе се склопиш како нормална личност. Сега потфрлуваат сите. И имаше срам, морал.
Ако ти се паднат праведни и квалитетно едуцирани просветни работници, не оние за кои на времето муабетот одеше во стил за ништо немаа афинитети па ај на педагошка. Сум имала наставнички кои запишале колку да се има дипломче од нешто и партиски и тогаш, па и сега се ухлебиле. А сум имала и чесни исклучоци, едуцирани со соодветно знаење од областа и коректни педагози пред се. Тие беа примери за тоа дека 5ката со учење се добива, не со протекции. Тие беа голема спротивност од оние кои од минимални оценки демек сведуваат до 4ка кај некој, па класот ќе го прашуваат дали е за 5ка и ќе сведат 5ка од нивни познати користољубиви причини, а особава едвај за 3ка има знаење.
Сосема се согласувам. Емпатија се учи од најрана возраст. Да научат дека треба на другите да се помогне. Децата се по природа егоистични од раѓање, а со воспитување и живеење со други во заедница, во група, учат да соработуваат, да сочуствуваат и да се грижат и за некој друг. Ова се учи низ role model, ама се учи и така што се реагира навремено од родителите на однесувањето на детето кое било погрубо кон другите. Според снимките има и peer pressure во случајов, кој за деца под 21 година кои сеуште немаат развиено до крај морал, може да е пресуден фактор за лошо одлучување и ризично однесување.