Истото го забележав и истото ќе го пишев. Gentle parenting нема врска со размазување, не реагирање и не казнување на детето. Најчесто насилници се деца кои влечат фрустрации од дома, имаат дисфункционални семејства во кои родителите се преокупирани со себе и не знаат како им се децата, кај се и што прават. За девојчиња периодот кога треба да се обрне многу внимание и да се контролира што прави и кај оди е баш од 10-11-12 години па до 16-17-18. Реално кога ќе влезат во пубертет. За машките е некоја година плус според мене.
Ама нели нежно родителство не постои и е ко бајаги некоја њу ејџ теорија, да не цитирам низа придавки, па парафразирам? Озбилно не постои како поим или како нешто објаснето описно? Дека еве јас го поимам како што објаснив дека го поимам, ама одговор не добив освен не постоело тоа како поим туку е измишљотиња.
Не е измишљотина дефинитивно иако не е некоја категорија на стил на воспоставување и родителство. Но, принципите на кои се базира (топлина, емпатија, препознавање и валидирање на емоциите на детето, јасни и цврсти граници за детето) се психолошки одобрени и најчесто се гледаат во споредба со авторитативното родителство кое се базира на принципи спротивни од ова.
To the point. Иако, морам да признаам дека е многу потешко да воспоставиш авторитет на овој начин на воспитување, сепак не е невозможно. Емпатија дефинитно е тоа што им фали на децава. Најмалку што требаше е барем на едно дете од видеото да му се приповраќа од глетката. Ми текнува во школо кога се тепале машките сум се тресела цела од страв, не сум можела да гледам. Децава дури навиваат, снимаат, се смеат. За да имаш храброст толку лесно да тепаш некој, логично би требало шамарите да ти се секојдневие или сериозно нешто да не е во ред со децата, што е страшно.
Измислен е од британка која пишува книги за роителство, раширен на социјални мрежи исто како сега ФАФО родителството. Нежно родителство не постои како воспитен стил во педагогијата. Не е научно утврден како стил ниту анализиран сериозно, освен неколку студии кои тврдат дека децата се поанксиозни, и дека имаат слаби резултати со снаоѓање во училиште Јасни и цврсти граници во џентл, нема,бидејќи лесно сезаменува НЕ со промена на вниманието кон друго. Кога си фокусиран на преговарање и договарање ти цврста граница, немаш. На Авторитарен мислиш е спротивен?!? Бидејки Авторитетниот е најдобар стил на воспитување. Една од причините за насилствата е отсуство на авторитет ! Нема авторитет дома. Мора да умеат да кажат Не, наместо да го разводнуваат , да прават компромиси, да се преговара и одлага. Тоа се границите. Доследни, Јасни со висока структура. Нема авторитет ни во училиште, затоа што дел од денешните генерации се поттикнуваат од дома да не ги рецкаат наставниците 1 % и не само нив, никого да не рецкаат од мали. Ниту да ги почитуваат. Немаат емпатија кон никого. Креираме идни нарциси. А во пракса не е само врсничко насилство. Во пракса имаме и насилство кон родители на оваа возраст, насилни испади кон наставници.
Уште нешто, Децава што го вршат врсничково насилство постапуваат од позиција на немоќ. Сакаат да покажат дека се силни кога ќе понижат друг. Во позадина се несигурни деца, воспитани без граници. Кога дете е воспитано без граници, за него е во ред да навредува, тепа или гура врсник ако тоа му носи тоа што ОН сака. Дете воспитано без граници исто така нема самоконтрола и фрустрациите тешко ги управува. Дете на кое родителите не реагирале соодветно кога било агресивно, туку преминувале преку тоа, си мисли дека такво однесување е ок према другите. Плус “мајка гази пред себе, да немаш гајле од никој” доведе до тоа да имаме врсничко насилство во основно школо, порано имавме вакви инциденти во средно. А имаме и во пониски одд од основно 4/5 одд.
Многу е тажно шо ваквите случки се секогаш, ама секогаш, причина да се искритикува т.н. gentle parenting. Ти се чини, ако се реши "проблемот" со gentle parenting ќе завладее мир во светот. НО, на оваа тема нема многу да пишувам за тоа, оти сум пишувал многу на форумов за тоа и мојот став е јасен. Веќе членови спомнале, овие случки не започнале од вчера или од денес, ниту од пред 1-2години. Ги имало отсекогаш, само што сега благодарение на социјалните мрежи и медиуми се шират инстантно. Еве, јас лично сум бил жртва на такви чопоровидни напади, поретко физички, но брутално вербални. Ова е резултат пред се на немање на основно воспитување и култура од дома, насилство во семејството, вакво однесување како начин на основно функционирање во и надвор од домот на сите членови на фамилијата или немање на доволно внимание од страна на родителите. Можеби процентот на застапеност е зголемен, НО пак ќе речам ова го имало отсекогаш. Вака тие што пишуваат по социалните мрежи дека никогаш не се случувало одамна, најверојатно не памтат бидејќи не биле афектирани, а тие шо биле жртви секогаш памтат, оти еве мене ми оставило траен белег.
Како толку многу деца се нашле на едно место сите од дисфункционални семејства? А замисли, ова е само еден "инцидент", едно снимено видео. Кој знае шо праат друго и како функционираат тие генерации денес... Не е само нарани го, облечи го, напрај му соба, носи го у школо, и готово, си 'израснал' дете. Знам возрасни луѓе што у живот муабет не напраиле со рпдителот и совет не добиле, а не па ли внимание и пратење на развој. Не можам да замислам сеа како е, децава сами себе ли се раснат со социјални мрежи??
Буквално така ќе излезе на крај, дека сами се воспитуваат. Ми се случи пред два дена во маалска продавница, детето (14-15год и една глава повисоко) што чекаше после мене немаше трпение да ме дочека ситни пари да најдам, ја фрли чоколадата што чекаше да ја плати и ме опцу. Ме гледа дека сум со бебе во количка што веќе негодува и сака да стане, јас брзам да не држам ред и за едно чоколадо ме пцуеше зашто немаше трпение да чека. И јас и продавачката во шок, вака фино дете на лик, убаво облечено ама ете нула домашно воспитување, ни gentle, ни авторитативно.
Не мора да значи дека децата тепачи се жртви на семејно насилство. Има и такви кои не добиваат внимание од родителите. Им даваат родителите пари и не се замараат со нив. Мислат дека тоа е добар родител. Ги запоставуваат. Немаат време да седнат да разговараат со нив. Тие деца мора некаде да бидат забележани. Да привлечат внимание.
Да, на авторитарен мислев. Оној каде што се бара извршување без објаснување, не се разговара туку се казнува и тоа строго и не се зима во предвид детето во носењето одлуки.
И децата се криви и родителите. Кутрото девојче ќе има трауми за цел живот дур овие ќе поминат со slap on the wrist дека правда овде немаме.
Па ќе се извлекуваат кога им дозволуваме наместо да сме на улиците и да бараме сите насилници да си го добијат заслуженото според законите.
Никој не вика дека децата треба да ги тепаме и вреѓаме за да ги воспитаме. Ама здрави граници и казни и зборување ( е сега и ако летне некогаш и некоја воспитна ништо нема да се деси). Не само дај му пари купи му се што сака и доста е нека крши глава. Порано со поглед родителите не ставале на место, наставник се почитувал и слушал, а не сега ги тепаат. Не треба да се оди од крајност во крајност но не може и да ги пуштиме што сакаат да прават.
Па една работа не е сигурно, особено па не давање љубов на детето. Уствари ти сакаш да кажеш дека порано не било толку лошо зашто некој дошол да ги раздели? Океј, гоелма работа. Суштината е иста. Тоа што децата растат опкружени со насилство, гледајќи содржина која никако не е прикладна за нив од најмала возраст, додека нивните родители појма немаат што гледаат затоа што таблетот или телефонот е најдобар одмор за да не досаѓаат, никој не го спомнува. И пак, не е само тоа. Исто како што булингот постоел од секогаш предиспониран од милион фактори, така постои и денес, ама искомбинирано со "ситници" за кои никој не размислува, па ај ќе се обвини дежурниот виновник - gentle parenting. Мислам дека повеќе се зборува за терминот отколку што реално постои.
Јас спаѓам во генерациите што растеа без телефон, народски кажано "со влечка воспитувани". Не сум ни вознемирена од видеово, како веќе видено да ми е. Во основно имавме случај, чопоратовно му се собраа на едно дете го однесоа во школските тоалети и му ја потопија главата со грч ладна вода, само немало мобилни со камери и тиктоци некој тоа да го сними. Ако не сте виделе/искусиле, само сте имале среќа, не е дека во ваше време не се случувало. Мислам повеќе од пола од нашиве генерации имаат искусено депресија и панични напади, буквално изминатава деценија нормализиравме психотерапија. Сигурно не поради тоа што во наше време било соодветно воспитувањето, сме имале мирољубиви врсници и не постоел џентл парентинг.