Според името и презимето на мајката https://libertas.mk/ma-kata-na-14-g...-ot-kako-nasilstvo-a-ne-kako-obid-za-ubistvo/ 14 годишно дете некој да го истепа и избоди (обид за убиство е тоа, не само насилство), не можам да разберам зошто, па тоа е само дете... И што е со МВР со оваа рамнодушност и непреземање мерки за ништо.
Ножеви, калашникови... што стана со државава див запад да ти е страв на улица да излезеш и дете да пуштиш.. Малолетник може да те избоде и испука.
Го има видеото нецензурирано со крмачата Дарија на ФБ, уште толку ме збесна. Не само она, има уште 10тина дегенерици кои се директни соучесници, кои се гледаат и слушаат на видеото како ја бодрат да лепи шамари. Тешко квалитетни луѓе од овие да испаднат, да цркнат да не ти е жал.
Мора да реагира државата, мора да се донесе одлука веднаш поправен дом за вакви случаи, парична казна за останатите кои снимаат и се смеат,инаку секој ден пред наши очи ке си гледаме вакви случаеви. Секој кој учествувал мора да одговара.
Кога се реновираше делот позади Бисер и стана актуелно собиралиште на деца не само од Аеродром туку од цело Скопје, првото лето вриеше, во буквална смисла, имаше често тепачки, и тоа организирани хаос беше. И почна да патролира полиција, да шетаат и во униформи и во цивилки, да стојат паркирани коли со ротирачки светла и малку од малку се подсмири. Очигледно треба да се има патроли што повеќе, во сите населби, посебно на локации каде се сибираат тинејџери, не дека не се знае каде се. Мислам дека имаме доволно полиција ако не и повеќе од доволно, секоја општина има инспектори за малолетничка деликвенција, нека се пуштат малку повеќе во акција. Друго што преостанува не знам. Имало и порано, и тепачки и булиинг, и шлапање рандом девојки по задник и во школи и на сред улица. Ќе речам различно според мене е што тогаш ќе се најдеше некој да изреагира, да се уфрли, да проба да спречи и немало како да се снима и шири во јавност. Пак ќе кажам повеќе ме вознемирува отсуство на емпатија, но не сакам да верувам дека меѓу толку многу деца колку што имаше на снимката дека на ниту едно не му било грозно и вознемирувачки тоа што го гледа, туку дека молчеле од страв да не се следни и да не бидат "осудувани" и исмеани, па макар да се едно, две
Нема што да го глорифицирам, во моја околина немало вакви изживувања. И затоа не можам да тврдам дека е исто, дека не е. Ниту времиња ниту услови се исти, ниту децата се исти, џабе се обидуваш да го прикажеш настанов како нешто што се случувало секогаш, као нормално е. Не е. Ова не е тепачка. Ова е изживување кое е снимано и препраќано и објвено со цел да се понижи жртвата. Тоа го немаше порано. Сега го има. И многу ги боли објавувањето на соц. мрежи. Да лигли и лиглиња воспитуваме денес, исклучоци се воспитани деца. Ако сме нација која нормализира насилство, девојчето жртва, ке вратеше со насилство. Таа не врати.
И сеа? Личи на ТАКВО дисфункционално семејство? Или личи на "мама кога ќе ти кажат дека си убава, ќе кажеш знам, а не да кажеш фала како некоја проста" дисфункцонално семејство?
Имаш право ама да знаеш не го гледаат само од игри насилството. Децава гледаат реално насилство, реални видеа од вакви тепачки, омаловажувања, местенки, и истите ги споделуваат. Ова се има случено со видео пуштено од школски другар на син ми во нивната група од целиот клас во која си комуницираат за школото. Самиот ми призна еднаш и ми покажа, зошто беше вознемирен од видеото и не можеше да престане да мисли и да жали. И тогаш зборувавме дека е греота жртвата и дека не треба да се продолжува нејзиното страдање со споделувањето. Башка решил еден од групата да ги тероризира сите други со такви видеа, никој не го терал.. зошто? Му реков да им пише одма да не споделуваат такви видеа и ако се повтори да каже во школо на класната. Децава се поспособни од нас да најдат и пострашно од булинг. Знаат како да влезат на дарквеб а таму се сите кругови на пеколот. Ама како и да е, децава и да не бараат сами по интернетов насилство, тоа ќе стигне до нив. Имаат разгранети мрежи за комуникација и се се споделува суперсонично, под родителскиот радар.
Начинот на комуникација е сменет сега, порано ако имало у маало булинг не се проширувало толку брзо и не се приклучувале други булис, сега со групите на фб, иг, итн. се шири и сите неемпатични дебилчиња се приклучуваат и затоа се многу помасовни и покатастрофални малтретирањата.
Личи. И оваа реченица произлегува од дисфункционално семејство. Семејство кое не го учи своето дете на емпатија, почит кон другите е дисфункционално.. Уште на ваков начин кажана. Не знам од кога тоа функционално семејство е кога децата се убаво облечени дотерани и со убави слики на социјални мрежи и како тоа е мерило како дома се однесуваат неговите.
Ко да не знаете дека е непишано правило тоа дека колку едно семејство изгледа посредено пред други, толку може е хаотично кога другите не гледаат што се случува зад затворени врати. Изгледот лаже. Оваа ја научиле да биде самобендисана и создале монструм. Не ја научиле на емпатија.