Под дисфункционално семејство луѓето мислат дека така се нарекува само доколку има насилства, пороци, изживувања итн. ама не е баш така. Кај овие случаеви највише гледаме дека има воспитна запуштеност и занемареност, додека паралелно на тоа ги разгалуваат и им допуштаат безгранично да си прават што сакаат. Стопати би кажала едно исто - секое говно не треба да биде родител! Ќе бидам вулгарна, малолетна е, али девојчиштево не наликува на нормално девојче, туку на евтино курвиче и на фаца со ружни филтри и по стилот. Мизерии од родители прават и воспитуваат вакви гниди. Воспитно-поправен дом мора значи мора да функционира редовно за вакви стоки. Општокорисна потешка работа исто така да е вклучена. Жими се на мое дете вака да му се деси не би чекала да го казнат копилето.
Има некоја информација што е постапката сега, што се превзема за да се казнат или нема да се казнат и сл? Или ке остане и ова во заборав како и многу други работи што останаа ?
Учете ги децата да не се дружат со вакви примероци, колку што можат, нека не се движат околу нив, а не да ги прифаќаат за шерифи да им бидат таму.
Нема да се казнат. Милион посто сум сигурна во ова... Ќе се вртка некое време случајот во медиумите и ќе се заборави тоа...Греота за претепаното девојче..
Би ти се надоврзал за она со разгалувањето имам сретнато луѓе кои што мислат дека разгалување е покажување љубов на децата со гушкање и мазење (можеби и е разгалување ама здраво разгалување, ако може така да се каже). Разгалување е да му допуштил се,кај пружи рака таму, да нема граници... И може без ѓотек да се постигне и ќотелот е залуден, џабе ќе му удриш ти ќотек на 10 годишно дете кога пропустот ти е одамна и прво е твој после на детето, до 5 години да мора да го научиш детето на авторитет и да знае дека треба да те слуша.. Не велам дека нема да се појави некој проблем во текот на растењето ама не е тој проблем толку голем одеднаш, девојчево одамна си било такво ама на ситниците кога немало контрола од родители и навреме не преземано мерки ова се случува или е запоставено не ни знаеле ништо на кај оди со животот, што прави, со кого се дружи...
Моментално ништо ново, освен тоа шо МВР ќе поднеле кривична пријава за насилниците и за родителите исто дека малолетни.
Најбитно им било да и' купат Ајфон и ташна Карл Легерфелд, за да е лутка мамина А најважното го забораиле. Ми се повраќа од створењава.
Еден по еден случај дур не се случи мега случај каде што невини ќе пострадаат. Нека ги носат после на душа сите што премижуваат. Ова е аларм, исто како што за жените со насилство имаше аларми пред да се деси трагедија. Нека си дремнат дур од блиску каменот не ги погоди.
Точно така. Некогаш најголемите криминалци однадвор изгледаат како најугледни граѓани. Никогаш нема да заборавам кога моја другарка раскажуваше како изгледало да одиш во полициска станица да извршиш препознавање (Дома им упаднаа крадци и таа беше единствен сведок) Ги вртела страниците од фото албумот со регистрирани крадци и вика посредени луѓе немав видено, госпоѓи дотерани и богати на изглед, а очекувала да види неугледни и запуштени лица како бездомници.
Му спомна нешто на тој? Јас сосем случајно се најдов во ситуација да и помогнам на мајка на були вербално што ме малтретираше. Тој не ме малтретираше само мене, туку пола одделение. Потекнува од семејство без татко. Мајка му секогаш го оправдуваше и се караше со класната. Кога таа ми се претстави која е и онака спомна за син, снаа, внуци и реков знам кој е син ти и одма и светна што тој ми правеше. Иако се жалеше во муабет од него кога сфати ја познавам одма почна да го правда. И реков ахам така беше и толку. Престанав да имам било каква комуникација понатаму иако сакаше да ми се заблагодари и возврати што и се најдов. Не благодарам, траумите од него ќе ги памтам цел живот.
Па не ја силело, машко ко машко, глупо ко кур, уште збориме за машко пре пубертет или у пубертет ... Сите би ги макљал, искрено, да се работи за мое дете.
Не знам дали е во пораст насилствово или само медиумски сме поинформирани, ама не можам да издржам секој ден да гледам некое вознемирувачко видео. Денес го видов видеото со кучето што го бркале некои на градилиште и го малтретирале. Кучево бегајќи од насилниците се качло најгоре на спратот и од преголем страв скокнало долу. Се гледаат некои дечки како го гледаат од долу нагоре (веројатно му зборат да го смират) и кучево пред очи им рипа долу. Знам дека куче и човек не се споредува, ама па за животниве кои се толку невини душички срцево ме боли. Кој терор треба да го чуствува во себе за да мисли дека скокот му е единствен спас? Куче имам дома па кога го држам во раце на тераса го осеќам колку му се стега телото од висината, разбира која е опасноста од висина. Каде и со кого ние тоа живееме?
Ја сум ги бранела тие што биле булингувани сега децава се толку пичкасти и плашливи од една дарија дебилка се исплашиле дан ги земе и нив меѓу нозе, не знам у што ќе прераснат, никој не сака вакви ни за познаници камо ли за пријатели или уште пострашно нешто посериозно.
Веројатноста да некој му помогне на човек во невоља е помала ако околу човекот има многу луѓе, отколку ако има само еден. Тоа е поделба на одговорност, истражувана е и позната појава во социјалната психологија. Парадоксално личи некој да испушта душа а 100 души да го одминат и никој да не застане, ама се случува бидејќи сите се свесни дека има други луѓе кои би можеле да пријдат и помогнат и не приоѓаат. Ја делат одговорноста со другите луѓе, не ја чуствуваат како лична (како кога се сами со жртвата и знаат дека нема друг кој би можел да помогне). Второ ова не се возрасни индивидуи со завршен морален развој и нивните одлуки се носат под големо влијание на врсниците. Возрасна, изградена, емотивно и морално зрела личност нема да подлегне на притисок од другите околу него, ама кај лица под 21 год. тоа е многу тешко. Особено пак ако и се когнитивно и емотивно незрели и за својата возраст. Затоа често млади возачи под оваа возраст носат погрешни одлуки кога возат (да забрзаат, да преземат ризично претицување и сл.), ако во возилото имаат врсници кои им прават притисок, кои не би ги донеле во ситуација да возат сами.