Внатрешна контрола проверува дали полицајците за тепаното девојче во Аеродром вратиле пријавител од станица со изговор дека „девојчето мора самото да пријави“ https://www.slobodenpecat.mk/vnatre...govor-deka-devojcheto-mora-samoto-da-prijavi/
Сите ја камшикуваат таа со шамарите. Но таа со шамарите и ја даде физичката болка и одземањето на достоинството. Зошто никој не зборува за таа плавата што ја држи за коса и ја клекнува на земја најпонижено. Би сакала и таа фаца да ја најдат. Би сакала сега да се тресат дома и да ги читаат погрдните коментари за нив. Колку се само они бедни, а не невиното девојче. Би сакала мрсулот да го видам што ја слика во фаца. Дегенче мало. Сите испрдоци со профили да им се најдат. Срам не верувам да доживеат, но стравот од толпата да ми се вреже во коски исто како на девојчето исплашено. Дали воопшто им се свесни родителите на овие дегенерици што правеле таа вечер. Ај од оваа со шамарите ми стана јасно колку е саатот. Толку е дадено таму. За грев колку е одземено, просто еквивалент за сељандри и очај за мушко внимание. Женственост 0, кич и разголеност во очаен обид некој да ја примети дека постои. Ако им се коментарите. И полоши нека бидат. Кога си јак, биди јак и сноси си ги последиците.
И друг случај во внатрешноста како да читав имаше ваков. Со ваков изговор првично биле вратени. Се си мислам за случајот во Штип беше. Нека го исконтролираат и проверат и за грешките да си сносат последици. Не е ова детска игра, ова се сериозни случаи. Без соодветни казни и последици ете до кај оди, со 7 убоди со нож во грб заврши детето во Ченто. Страв да ти е навечер по улици дете да си пуштиш.
Уште едно момче прободено. За никаде сме. https://sitel.com.mk/nov-sluchaj-na-vrsnichko-nasilstvo-probodeno-12-godishno-momche
Е сеа, после ова, Цеце, Маре, Тоде, Лазе, Стојче, Трајче и слични, што со години глумат фактор и функционираат со ,,абе, инспекцијата тргна", конечно нека откријат како изгледа вистинска работа, ги бркаш од тие функции кои ги имаат добиено со дудлање по штабови, на нивно место идат кадри/дечки што со години беа оттурнувани или мигрираат у странство ради оваквите. А овие, нека учат занает, ене еден куп празни ниви спремни за земјоделска работа, на еден куп места се бараат работници, тоа да им биде единствениот избор, нека ги работат најнепопуларните и најнепосакувани професии. Така плус нема да има потреба од мигранти и кадар од Индија. Али прво у затвор малку нека полежат, исто и ова ќе биде у рубрика НемаДаСеДеси.
Сестра му на еден од овие инспекториве што ги гонат ја ставил Мицика претседател на судски совет. https://24info.mk/daniela-dimovska-izbrana-za-pretsedatel-na-osnovniot-krivichen-sud-skopje/ https://libertas.mk/sudi-kata-danie...za-razumni-politiki-bara-ne-zino-povlekuva-e/
Што да се закануваат овие испрдоци не знам еве, газот не можат да си го избришат. Лесно е да заплашиш дете од 12 години, ќе ве заплашит законот вас добро овој пат. (се надеваме)
И ние сме биле жртви на булинг од невоспитани деца од нашите генерации само тогаш немаше социјални мрежи да се објавува а и реално никому не му беше гајле. Бевме оставени сами на себе да растеме и созреваме додека родителите ни беа зафатени со трката по што е можна поголема заработка за да се докажат едни на други кој поголема куќа ќе изгради. Се сметаше тоа за нешто најнормално.
Баш така, веќе сум пишувал претходно на оваа тема. Лека-полека многу работи почнаа да излегуваат на виделина, вклучувајќи го и овој проблем. Одеднаш сите фрапирани и запрепастени, но тоа укажува дека многумина живеат во некој имагинарен свет и штотуку им се симнале розовите очила.
Не до овие размери сепак. Сега психопативе не глеате како се охрабруваат едни со други? Буквално се охрабруваат. Коа може тој, зашо не и ја е работава. Никаква поука не се зема, колку и да е грозоморно нештото, као до толку да им дава храброст да се покажат следните.
Па сите тие вирални предизвици, сите тие пренкови и забеганости си го направија своето. Ќе ми речете па и ние у наше време следевме, па еве не' нормални. Не баш.. Глеаме колку колективно сме сите нормални. Истиве тие инста мамички ги воспитаа копиљациве, и? Значи не ќе да се цвеќиња, а само старчиштата се за утепување Колективно лудило ни се дешава.
Секое време има свој формат на напуштање т.е запоставување на децата и одбегнување на обврската за воспитување на децата што тие родители сами решиле да ги донесат на свет. Ништо нема да се смени, освен можеби трендовите и форматот на врсничко насилство.
Сите у СРМ се ненормални, од оние бабускари на фејсбук што објавуваат уплакано јагне заврзано за нозе и раце, кое си го купиле на пазар и треба да го заколат деновиве за Петровден/Павловден (како и да е), па сѐ до овие од 14/15 години, кои се нивни потомци. Овие денес се производ на оние булинг-бумеришта што се бламираат на фб. Порано не сме биле свесни дека тета Славица и тетин Трајко се такви ретарди, пошто сме ги гледале еднаш у година на гости, сеа ги гледаме 24/7 како се бламираат на социјални мрежи, начинот на кој коментираат, ставови, статуси, слики, лајвови, стил на музика, што споделуваат, итн. Синџир е тоа, сѐ е поврзано, затоа не можам ген Z да ги именувам како поголемо зло од оние над 50/60, кои според мене се бетер, особено ради животното искуство и годините.
И те како имаше булинг во наша генерација. Секогаш се малтретираа мирните и повлечените деца. Имало и ќе има, во секоја генерација. Најтрагично од сѐ ми е тоа што ништо не е сменето. Менталитетот и сфаќањата се тие, и пред десет години и сега. И за десет години сигурно ќе биде истото. Нит родители го сфаќаат озбилно булингот, нит наставници и психолози/педагози нешто превземаат за да го решат проблемот. Детска игра било, се шалеле децата, си играле. Не се замараат. Сѐ додека не ескалира ситуацијата и/или не дај Боже жртвата не крене рака на себе. Којзнае колку случаи има што не ги знаеме, што не излегле во јавност. Траумите и последиците по менталното здравје, сликата за себе и самодовербата и целокупниот живот остануваат трајно. Не се забораваат, колку и да сака човек. А насилниците си продолжуваат со животот, јер свако чудо за три дана. Дно дна сме, уопште немам надеж дека државава некогаш ќе мрдне напред.