Океј, утре и детето чим прооди само пуштај го по улици да шета, таман работа да го држиш цело време за рака или дома меѓу 4 ѕида
Имаше објавено еден портал, откако шарпланинецот го задавил нејзиното куче, дошле тие (пишеше дека се албанци, нз) и ја бркале, и се заканувале. Значи своето си го штитат, а кај биле кога нивното го задавило нејзиното? Сите одма да снимат а никој да помогне.
Истово се има случено, шарпланинецот скока преку ограда кај што е моето и го дави до смрт. Балкан, секоја будала чува вакви раси за себедокажување. Стави дозволи или не знам, во краен случај банирај одредени раси и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Секако не ги чуваат од љубов.
Уопште не ја кривам жената бе, такво кучиште не треба да биде пуштено надвор само или без ланец и точка. Ддо кога ќе се криви жртвата незнам. Друго куче или човек да не нападне мене децата и моето куче, мало моргрн дека ќе му седам мирна. И никој не треба да седи мирен. Оти ако не го усмртеше жената тоа кучиштето, тоа пак ќе си шеташе слободно и може и дете да нападне некој ден. Подобро спречити неголи лечити, оти на Балканот нема закон.
А шо не иде газдите да ги згази бе? Дај не лупетајте, ова е монструозно. На нормален чоек ова не му текнува, не па да го праи. Монструм.
Која е таа бе да превзема во свои раце и да решава?? Ако и го задавиле нејзиното, шо не пријавила, си има служби затоа и плата земаат а не со свои раце да решава, видеово е хорор.. Плус шарпланинците не се агресивни кучиња спрема природата, многу се friendly и заштинички настроени, иако се големи не напаѓаат без причина. Психопат !!!! Најстрога казна да добија, ич нека не ја враќаат тука, каков идиот од човек. Малце совест бе да имаше коа го измачуваше..
Требала да пријави во полиција, зашто сега она е крива. За жал... Нема да може да се оправда- Нивното го задави моето.. нивното е куче, не размислува не резонира, ти си човек што треба да резонира. Во афект може да било ова не велам не. ама дека ќе го крка сега.. ќе го крка.
Битно јака пичка била во Скопје, ако е шлајм од човек. Да ја одерат со казната. Ако вака се возвраќа и на животни па и на луѓе, кај ќе ни биде крајот.
Како се пренесува миленик преку граница, ако навистина убиеното мало кученце е нејзино? Требало да биде свесна дека се одговара за убиство на животно и овде, не па во туѓа држава. Можела да си викне полиција, не во туѓа држава ќе прегазува куче во време кога на секоја куќа има камери. Испаднала будала. И да побегнела од Црна Гора, штом е лоцирано возилото, објавена беше и регистрацијата, ќе беше полошо, на потерница ќе ја стават.
Со пасош. Се вади пасош и за миленици. Другарка моја со нејзината фамилија фамилијарно патуваат така со кучето.
Го изгледав видеото и посакувам да не го направев тоа затоа што многуууу сакам кучиња и секогаш ме погодува кога има насилство врз нив. Од друга страна ја разбирам и жената како во момент на бес и тага по сопственото куче одлучила да го усмрти другото, сепак е тој момент каде што напливот на емоции е сто пати посилен од разумниот дел кој аналитички ја процесира ситуацијата. Немојте да мислите дека сите други сме исклучок. Од трета страна, кучето не ни знае дека направило нешто погрешно, ниту пак може да знае. Сепак е животно. Нема поента одмаздата, освен смирување на сопствениот ум. Баш трагична ситуација за двете кучиња, која можела да биде спречена со човечки фактор инаку, ако луѓево пазат дали си ги оставаат кучињата без надзор.
Ако ова може да се оправда тогаш може да се оправда секој криминал. Ќе го крка. Radonjić: Makedonku koja je brutalno pregazila i usmrtila pse u Ulcinju najoštrije kazniti!
А зошто па мора куче да носат на одмор? На Тв гледав дека во Скопје имало сервис кој чува миленици и наплаќа од ден. Значи додека си на пат, да ти го чуваат, вака ем го нема кучето, ем може да заврши во затвор.
Таму моја пријателка однесе здраво право и умре после 2 дена од парво. На друга и го вратија 5 кила послабо неухрането и преплашено.
https://www.telegraf.rs/vesti/jugos...kusala-je-da-se-izvuce-ali-joj-je-plan-propao Еве со име и презиме ја објавија и со возраст.
Не, сите нема да го сториме Фала Богу иаме разум, колку и да сме гневни. Емоции кои те тераат да станеш монструм? 2 пати бе 2 пати го прегази. Утре така и чоек би згазила без око да и' трепне. Вие нели бевте за цивилизирано решавање? Да скапе у затвор!