Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Вие кучкарите станавте дрвени адвокати на шарпланинецот, а не го спомнувате малото кученце шо беше убиено од него.
    Не бе, шарпланинците се мирна раса, не напаѓаат без причина.... како да не.
    Такво куче не треба да шета слободно оти тоа може и волк да убие а не па човек или помало кученце.
    Тој газдата да си го врзал како шо треба, ништо од ова немаше да се случи.
    Зарем не се сеќавате пред некое време глутница улични кучиња му влегоа на еден човек во дворот, му го извадија кученцето од куќичката и му го раскубаа и удавија. Го имаше клипот на сите страни.
    Шо треба луѓето да направат? Да седат мирни додека кучињата ги јадат нив или нивните миленици?
    Дома ќе ти влезе и ќе проба да те изеде, ама не смееш ништо да му напрајш оти кучкарите одма ќе те нападнат.
    Дали од кучињата, дали од кучкарите да се пазиш.
    Нека ви влезе веќе во глава, не секој сака кучиња. И да ги сака, скроз има право да се брани себе и својот миленик.
    Сите на тестатура јаки, а никој ништо не превзема за тој проблем. Земете си ги дома и чувајте си ги.
    Од толку многу луѓе шо ја напаѓат женава по коментари, секој да вдоми по 10 кучиња од улица, ќе се расчистат. Pet lovers , my ass.
    Само да се напише нешто и ништо да не се направи, ко и за се друго во државата.
     
    На Iva:), SummerGirl, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.266
    Пол:
    Женски
    Не дека ги бранам кучкарите, ама вака правда да се тераше со луѓе еве повеќе ми има смисла, а ако повредиш човек што свесно ти повредил некој сакан, во затвор ќе си одиш. А кој го прави тоа? Скоро па никој. Тој шарпланинец нема совест, најверојатно инстинкт му било да го задави помалото куче, женава претерано во афект изреагирала. Оноа стокана овчарот што уби Х жени ќе го чуваме ќе го гоиме по затвори, шарпланинецов заслужил. Па вака ужасно да го испогази.
     
    На Miss666, TwistedSister и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Женски
    Незнам дали некоја од вас чувала Шарпланинец?!
    Шарпланинец не е за дома и меѓу луѓе да скита.
    Тоа е планинско куче кое знае да биде многу опасно.
    Брат ми го чуваа на село во планина .
    Ако му се приближеше друг освен него ќе го распарчеше у секунда.
     
    На BlackNight, SummerGirl, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    10.744
    Пол:
    Женски
    Конфузно ти е размислувањето. Куче кое напаѓа друго куче, без разлика на расата, притоа го убива, се носи на еутаназија. Барем така е во други земји. Инстинкт за убивање нема кај куче, ако е правилно дресирано.

    Газдата на шарпланинецот е крив, а секако и тоа куче што толку расположливо напаѓа не е криво во свесна смисла, но се носи на успивање.
     
    На SummerGirl, andromedae и Adidas888 им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.538
    Допаѓања:
    29.410
    Пол:
    Женски
    Да точно, куче делува по инстикт и нема разум.
    Затоа се дресира и му се посветува време. Ако не можеш, не треба да го чуваш.

    И тие што имаат кучиња што лаат 24/7, им бегаат нон-стоп. Ретко кој стварно знае да чува куче ко што треба.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.266
    Пол:
    Женски
    Не знам, не ја разбирам толку психологијата на кучињата. Не ни ми беше тоа поентата толку, колку тоа дека женава немала право да го испогази кучето. А пак ќе кажам, куче пак не е свесно како човек. За луѓето што убиваат луѓе казните не се толку строги (барем не секаде).
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Размислувањата им се :puke:
    Нормално им било инстинкт за убивање кај куче.... на истите вие сигурно им е нормално и шо мажите силуваат пошо инстинкт им е да си ги испразнат јајцата.
    Кога сме кај инстинкти по оваа логика, во цело животинско царство, мајката е најопасна кога има опасност за нејзините малечки, тогаш она напаѓа и убива. Од инстинкт.
     
    На SummerGirl, andromedae, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.266
    Пол:
    Женски
    И да е и да не е нормално, кучето нема совест и не мисли какви последици ќе има ако задави друго куче, тоа е примарната разлика меѓу животните и луѓето. Како забега со силувањево, врска нема муабетов ама ај, не ни го сфатив, ако беше наменет за мене. Немам време да се расправам по темиве, твоево мислење за тебе збори. Позз
     
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.096
    Допаѓања:
    54.212
    Пол:
    Машки
    Ама за жал така е,куче нема свест. Се води по инстикти,ако се осеќа загрозено ќе нападне,ако е исплашено ќе нападне. Ова варира од раса до раса секако и затоа поопасните раси не се пуштаат низ маало да си шетаат ко да е факин чивава.
    Видеото не го гледав, немам стомак за такво нешо и не знам што да коментирам. Не знам како би реагирал јас да сум нејзино место али газење со кола ми е последна опција, некако ми е психопатски.
     
    На CameliaMiller и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    10.744
    Пол:
    Женски
    Кучето и да не било згазено, треба да биде успиено. Јас немав никаква фобија од кучиња, но куче скитник ми создаде. Ме нападна, а долго време никој не го собра од улица. Не можев да си одам дома, кружев додека некој паметен не го тргна. Да имав камен на дофат тогаш ќе му акнев една. Не секое куче заслужува да живее. Како и секој човек што врши зло на другите. Не знаеш што ја довело на такво лудило, ама да ми задави куче и нападне дете, не знам што ќе направам. А не знаеш ни ти, сигурна сум дека нема во моментот да размислуваш, ама греота е, нема свесност, ај ќе чекам полиција да се оправи со албанци, ко некој да се оправил некогаш.
     
    На Iva:), SummerGirl, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.110
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Цивилизација во распад. Толку.
     
    На eliesaab и Ta-mara им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    10.744
    Пол:
    Женски
  13. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да коментирам ама ајде. Прво објавуваат текст со тоа како жена брутално и ладнокрвно гази куче. Значи , ни причина ни ништо наведено , мислиш немала што да прави па иде да гази куче ,каква мизерија се овие кои ги пишуваат насловиве и вестиве. Ако нејзиното куче било нападнато и распарчено во нејзиниот апартман од шарпланинец кој влегол внатре, а притоа биле нападнати и децата, тогаш станува збор за ситуација на екстремен страв, паника, шок и инстинкт за самоодбрана (и заштита на сопствените деца и животно), а не за бесцелно и сурово мачење. Во такви стресни и опасни моменти, кога нечиј живот и безбедноста на децата се директно загрозени од големо и агресивно куче, реакцијата на човек може да биде непредвидлива и вон контрола поради напливот на адреналин. Искрено , лоша ситуација за сите, како и да се заврши.
     
    На Iva:), SummerGirl, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Па нема свест де. Тогаш и не треба така да биде пуштено.
    А шо мислите вие, оти некој или нешто ако ве нападне вас, вие со свест ќе останете? И кај вас ќе проработи инстинктот, не се секирајте. Во такви ситуации нема разум. Во случај на опасност, разумот бега низ џамот.

    И дали ќе го браневте толку ако нападнеше дете? Не е криво кучето пошо нема свест, така ли? А ние по разумните, да го оставиме да ни го изеде детето и миленикот. Бре.


    Ај свестете се шо зборите, животно шо шета меѓу луѓе и напаѓа, не треба да живее и готово. А пошо државата не се замара, мора луѓето да се снаоѓаат.
    Кога неможете да помогнете за нешто, тогаш ќутете и остајте другите да го решат проблемот.
     
    На SummerGirl, An-na, Misskirova и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.200
    Пол:
    Машки
    Треба и сопственикот на шарпланинецот да одговара и за несоодветно чување/дресирање и за претрпен страв што доживеале децата и жената од него и кучето...
    А жената треба казна некоја да добие ама треба да се земе во предвид дека е во самоодбрана и во екстремен страв за нејзиниот и животот за нејзините деца..

    Луѓето се криви за сите такви крволочни кучиња што се во состојба да усмртат друго куче, не е во природата и многу ретко се случува во борба да се борат до смрт животните од ист вид..
     
    На faye, MeowMeow, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.641
    Допаѓања:
    34.645
    Пол:
    Женски
    Тој газдата е најмногу крив. Шо прави толкаво куче пуштено само во туристичко место, баш пред апартмани каде шо има други луѓе и деца?
    Верувам дека ова не било прв пат да имаат проблеми со тоа куче.
     
    На SummerGirl, faye, Misskirova и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.652
    Допаѓања:
    138.968
    Пол:
    Женски
    Не морала да го усмрти.
    Можела да земе нешто од земја, па со тоа да фрли накај него. Ќе побегнело.
    Можела да вика по некого за помош.
     
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Женски
    Не немало да побегне.
    Шарпланинец е !
     
    На BlackNight, eliesaab, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.652
    Допаѓања:
    138.968
    Пол:
    Женски
    Не се сите Шарпланинци исти.
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    19.123
    Пол:
    Машки
    Дали било во афект или не е небитно, битно направила кривично дело и ќе одговара.

    На видеото не се гледа да ги нападнало кучето и нив, можно е да лажат сега да пробуваат да се извадат некако.
     
    На eliesaab, TwistedSister и Mrs. right им се допаѓа ова.