Единствена нивна карактеристика е што се многу приврзани за својата територија . Ако осети закана на територија а сигурно осетил зашто имало друго куче , еве последици се ова.
Ми беше жал за кучето додека не го видов малтезерот распарчан у локва крв. Шарпланинец не се чува у дворче во густо насеље и ако некој треба да одговара тоа се сопствениците на шарпланинецот за немарност.
Гарант газдата на шарпланинецот е некој јак, па затоа олку џева се крена Читав на ФБ еден пост, кој ептен ми остави впечаток, ќе парафразирам: Тешко на државата во која што народот се крена за куче, а молчи за илијадниците затруени во Гостивар Ептен се согласувам со ова. Иначе, имам чувано шарпланинец пред многу години. Бараат многу дресура и дисциплина. Никако не треба да се пуштаат да шетаат сами. Газдата се соменвам дека ќе дговара, оти како што пишав и погоре, гарант е нечив
Момент на шок, тоа јасно е ама кога веќе влегле во кола, можеле едноставно само да си заминат. Агресивни кучиња кои нападнале и убиле ги успиваат/евтанизираат, можела да пријави наместо вака да си ги валка и своите раце и душа. Газдата ќе си сносеше одговорност што кучето не било врзано, а сега испаѓа женава виновна. Медиумиве што кажаа а не докажаа, посебна приказна се.
Па очигледно те понесуваат емоциите според начинот на кој пишуваш. Да беше така едноставно, немаше да има милион класификации на насилство и судските процеси ќе беа многу поедноставни и прости.
Баш така е. За кучево се кренаа за луѓево во Гостивар секое чудо за 3 дена. Имавме како мала кога бев шарпланинец кај вујко ми. Кога порасна поголем стана агресивен. Го дадоа. Братучед ми држи вучјак за чувар во двор со бокс со се спремно, ама го трча кај што нема луѓе а на улица го носи со маска и на крарок ланец иако е дресиран од професионалци.
Епа се кренаа за кучето, оти полесно е да се силат на самохрана мајка отколку на албанците. Страв им е да писнат во Гостивар.
А како се кренаа за кучето? Со коментари На ФБ ? Па и за Гостивар се кренаа на ФБ и на соц. мрежи. Не е дека не. Некако безврска муабет и споредба ми е тоа. Проблемот е што се сведува на реакции на социјални мрежи.
И? Мислам на нашиве мажишта од Гостивар шо се плашат да зуцнат, а да знаат да се соберат и лом да напраат, друга песна ќе беше. А сама мајка неможе ништо.
Баш така се чува такво куче како братучед ти. Ако утре он го пушти пред куќа, лабаво, без да го издресира и кучево нападне, братучедот ќе е крив, не кучето, дека нели, ѕвер е. Во афект, го мавам кучето со ноќна ламба, и пробувам да избегам, со децата под мишка. Ова е одмазда врз животно, не е афект, кое само вајда, не знаело за подобро. Разликата меѓу нас и нив е свесноста.
Не смее да излезе надвор без него. Многу внимаваат. Грдни пари се дадоа за дресура. Ама луѓе земаат кучињани не се свесни за тоа како да се однесуваат со нив. Не се свесни за опасноста.
Тоа ми е муабетот. Милион начини имало да се реши ова, хумана смрт е еутаназијата.. Ова ми е бездушно, језиво.
Види, она е крива според нивни закони. Се заплетка непотребно. Ок, и го убиле кучето, боли знам, ама мозок малку ве жено... сега што направи? Затвор 72 часа. Па судења па друга држава..
Во даденава ситуација само кучињата се жртви, никој од луѓето не е. Сите до еден се проклетии. Прво шарпланинецот. Сите кучиња имаат нагон за ловење и чување територија, ама ако веќе во цивилизација ги чуваме, а не на планина овци да чуваат и со волци да се борат - така треба да бидат дресирани. После, не можеш без надзор да оставаш ниедно животно, а не па куче, а не па големо куче кое со самата своја големина може да лесно да убие друго суштество. Како тоа шарпланинецот сам со себе бил каде било (а не е планина со овци) еве не знам, не е нормално, не е во ред. Јас пораснав со герм. овчар, тоа се кучиња кои бараат многу и ментална и физичка активност + сериозен тренинг затоа што не се салонски кучиња и да, ако не се тренираат ќе нападнат и убијат друго животно затоа што за тоа се создавани самите раси. Сега, кучето на женава. Пак, куче не се остава само. Значи не се остава никаде само, а посебно ако си во ситуација како оваа, да не го знаеш теренот, да си на одмор и слично. Исто како кога оставаат бебиња, тодлери и ептен мали деца со големи (па и мали) кучиња, па читаме после кучето каснало, убило... не е до кучето и не е до детето, до тенекето што има доверба во куче и тодлер да остави сами без надзор. Без оглед што шарпланинецот направил, а направил тоа за што е создаван - да чува територија - постојат закони, според кои истото тоа куче ќе било успиено а сопственикот затворски казнет. Ова не е начин, ова не е нормално, и на крај, бесот не може да е кон кучето, животно е, нема свест. Ама кон сопственикот и тоа како. Бесчувствително и тотално лудо однесување, верувам дека било во афект, ама вака не се решава НИШТО.
Ја мислам редно време е луѓето да го сфатат ова - дека куче не му треба провокација од типот некој да го малтретира за да нападне туку доволно е да нема дресура и социјалиација оти потекнува од волк и се однесува така, како диво животно. И кога мрчев еднаш како е океј кучето да ти лае 24/7 и да се вознемирува, одговор добив епа не се сите раси исти, некои се дресираат потешко. Па не го чувај јеботе тогаш. Или малине раси што си имаат small dog syndrome, истото важи. И затоа куче нема никогаш да чувам оти не би имала време и трпение да дресирам и нема да си простам некој да настрада ради тоа. Мислам имам осет за разлика од мнооогу љубители на кучиња.
Јас колку што разбрав, шарпланинецот им влегол во апартман, ги нападнал децата и го задавил малото кутре (малтезерче мислам беше) Најверојатно пробало да ги брани. А, тој газдата на шарпланинецот не мрднал со прст, туку си снимал видео. Женава изреволтирана, направила тоа што направила. Не ја осудувам, ама.... никогаш не знаме што би можеле да направиме во дадена ситуација во која што не сме биле преходно. Особено, кога сме под голем стрес. Женава, ќе одговара, а тој копитото газдата на шарпланинецот?