https://kanal77.mk/makedonka-vo-avstralija-ja-ubil-sosedkata/ Македонка во Австралија ја убила сосетката, ја ограбила, а од парите си купила лото, чевли и iPad-и
У Пештани вчера имало некаква Зеленчукјада ради празникот Богородица, па некои кротки христијани се испотепале. Плус Гавазова им пеела. ,,Бум бум" у секоја смисла на зборот се дешавало. Какви се овие вашари за овакви празници, омг, алкохол, турбофолк, тепачки и славење на Богородица, Богородица се крсти додека гледа.
Сељачана без мана. Кај се видело за голем верски празник разголени шаторски певаљки да пејат, дали се степале околу репертоарот или за нешто побитно не разбрав. Туго, шо би рекла тетка ми
,,Затвореник од Идризово два дена барал лекарска помош, не ја добил, па се САМОУБИЛ! Подготвуваат штрајк со глад во знак на протест!..." Еее што ти значат парите... Додека имаш пари имаш и ослободување од затворот заради болест...Како го ослободија Боки 13...
Што се случи со Боки тредичи , нели беше смртно болен со желудникот нешто ? А сега си пее ,концерти и снима тикток ? Ова само кај нас го има ....
Гнаса. И да нема докази на овој по фацата му се гледа каков психо е. Баш ми падна жал за бабичките кои ги носеа да сведочат. Го подучил адвокатот да се ниша таму ко вол и да се прави уше поненормален од тоа што е. И нишо чудно играјќи на таа карта да се извлече со мала казна.
Го следи ли некој случајот за Ива Михајлова од Кочани? Не ми е јасно, невина е и упорно не носат пресуда и не и даваат да се лекува во Бугарија или стварно нешто направила за сообраќајката што се десила?
јас слушнав на тв само дека не и одобриле лекување во бугарија. Не сум многу запознаена со случахот. Патем една црна хроника која не е од нашата држава ама стварно не е можно колку малку е потребно за трагедија https://dnevnik.hr/vijesti/svijet/s...SNxxceXq_uTJb7N35s_aem_7M6VsxweCe9akE5oBHFyFQ
И јас. Едното идиотче нема да одговара јер не го исполнува законскиот критериум. https://sitel.com.mk/13-godishnikot-koj-probode-vrsnik-vo-srceto-nema-da-odgovara-krivichno Одамна велам дека треба да се смени граицата за кривична одговорност. Не бива вака, бе. Уште од мали се занесуваат, па треба и помали од 14 да одговараат.
Па ако не одговара што не го сместат у некоја установа заклучен додека не стане полнолетен па после нека одговара копилето како може кривично да не одговара за ова …
Девојчето направи собраќајка во која почина едно лице и други имаше повредено меѓу кои и она. Сега бара да се лекува во Бугарија, затоа што има бугарски пасош исто како татко и. Се води судска постапка и во средина на судење бара лечење во Бугарија, а уствари сака да кидне, затоа што мислам дека со Бугарија немаме договор за екстрадиција. Татко и е познат рекетар од случајот Детонатор и е осуден криминалец за обид за убиство на Дацо Белски, кој повеќе од 10 години е во бегство во Бугарија. Целиот овој циркуз го користат Бугарите да смараат дека она е чистокрвна Бугарка, невина и Македонија и ги крши човековите права, затоа и протестираа пред судот во Кочани.