Како тоа невина? Убила човек а пред 2 дена се обидела да кидне. Пред некое време кога наш удри куче се дигна цела Бугарија. Фамилијарни криминалци овие, којзнае и колку е за лечење, многу и е и тоа што е во домашен притвор. После бегството треба зад решетки да ја стават па пак нека бега.
Упорно се акцентира само мешањето на Бугарија во случајот, ама скоро ништо немаше за настанот што се случило. Некаде прочитав само дека она тврди демек починатиот се удрил во нејзе па излетал од коловозот или нешто така.. Можеби луѓе од Кочани има тука што знаат поточно што се случило затоа прашувам.
Девојката си е виновна, ако не беше досега ќе ја пуштеа. Млад дечко е починал на 33 години, и на 93 да е, иста е казната, за човек се работи. На судењето одат и семејтвото на починатиот. Без срам и перде уште се обидела и да побегне . Па и овие што и помогнале, пу срамота, не знам за кои пари ама дно се сите до еден. Бугарија се замеша, мислат си на политичка основа е, а заправо Македонци се само татко и побегнал таму, убиец, и сега се штитат.
Ива Михаилова некој добро ја има советувано како да избегне одговорност за тоа што го направила. И тоа што се замешал источниот сосед не е случајно и за тоа со некој добро го имаат испланирано. Најмногу ме нервираат овие што со сила сакаат да бидат Татари. Нека дозволи судот да се лекува во Бугарија, ама таа да обезбеди гаранција дека нема да избега од одговорност. Сите почнаа како Боки 13 да ја користат финтава за да избегнат одговорност за своите постапки.
Па немала од кој да научи, татко и не е пребеган за Бугарија оти отепал човек? Тие цела фамилија се да им се сотре семката.
Имаше уште едно обвинение за нудење на поткуп нејзиниот татко. И тоа скоро беше. За убиството не знам.
Штета што полицијата не е поажурна и е доста блага во мерките што ги презема со вакви копиљаци 19 годишни што збеснуваат по улици и се ризик за сите. ОЈО: Извршен увид во сообраќајката кај Миладинови – двајца загинати и неколкумина повредени
Жената шо ги уби мажот и свекорот во самоодбрана ја осудиле на 7г. Озбилно никој нема пишано ништо за ова???? Со години малтретирана, институциите спиеле, а сега и пресудија оти се одбранела од малтретирачите. Пу, да ти ебам државата скапана, како ми е мило шо си заминав. Пу, да даде господ најлошо да ги снајде сите шо дремат по институциите, шо не си ја работат работата. 60 деца изгореа, него го пуштија, а женава шо се бранела - 7 години робија. Пу, банана држава. Е затоа јас не верувам дека нешто ќе се смени. Пошо се е корумпирано, се е забегано. Спасувајте се како знаете и умеете, и поарно не влегувајте во брак, бар не во Мк оти лошо ви се пише.
Јас сабајле читав за ова и сум згрозена. Мислам дека немаше доволно јавен притисок и затоа ја осудија жената, ако памтиш една слична ситуација со Пале од Велес што ја ослободија ама цела јавност се дигна. Исто во самоодбрана беше, а во првиов случај има и деца, според мене причина повеќе да ја пуштат. И ова во притвор што била е многу.
Истерување од школо. За ова треба бојкот на настава, а не себичност. Сите да се солидаризираат, протести, бојкот и тие деца да бидат истерани од школо. Ако праќаш дете во школо во Македонија, тоа е како да го праќаш во камп со терористи или во лудница. Само терористи и непресметливи умоболни се однесуваат вака. Ѓубриња, диви племиња, штетни за тие околу себе. Треба да ги дознаат кои се и децата и родителите. Македонија стана многу опасно место за растење на деца. Бетер од воена зона. Од воена зона ќе избегаш, ама од варвари нема кај да бегаш, ги има секаде. Минатиот пат некој напуштил мачиња, ги оставил во кутија, друг го пријавил, оопп, казна од 550 евра. За врсничко насилство, тепаат, снимаат, малтретираат, ги тераат да јадат измет, ги горат со цигари, казна нема никаква. Земја кандидат за ЕУ, 35 години постоење, институции немаат уште.
Гревови за детенцето, толку мало и невино, а веќе со насилници се сретнало. Ма само бркање пд школо,поправен, ќотек секој ден за ваквиве. Нека не сум поарна пд нив, за силеџии не можам да имам милост. Гревота детенцето, срце ми се кине ко читам вака.. Па и тоа се радувало за школо, ново ранче, мајка ми била пресреќна да си го види синчето прваче.. Леле, жал..
Ако добро се сеќавам, овој има канцеларија у чаршија до Пчела и истиов адвокат брани лица обвинити за тежок криминал (знам го бранеше оној наркосон од Хром што 50 пати го избоде дечкото у стан па го запалија сосе стан со мајка му) т.д има нешо ... А иначе добро позната финта е веќе ова, само наше правосудство паѓа на вакви финти.. Да се лечела во Бугарија и ќе свитка џам за назад враќање
Прободеното 13годишно дете почина. Друго дете е рането. Прваче е малтретирано и снимано. Да ти е страв да пуштиш дете/внуче во школо. До кога ќе трпиме? До кога?
Додека не го наебе некое дете на некој политичар. Истото е и за криминалот, корупцијата и сите срања што не чинат во државата.