Иста приказна. Секој ден. Девојче не се осеќа безбедно - Пријавува - “Драматизираш“ “Нишо нема да ти праи“ “Ама добар дечко е“ - Ја убива - Чедо завршува во гроб. Колку девојчиња, бебиња, мајки и баби се во гроб од машки раце. Да родиш девојче, ќе е злоупотребувано, а машко, ќе злоупотребува. Ужас.
Да ама 17 години..... од 14 сериозен дечко со спиење кај него со секакви работи не знам дали ви е тоа нормално мене и не ми е баш.
Искрено,не знам од каде се накотија толку психопати во оваа мала држава.Jезиво е во какво општество живееме,особено за нас жените.Најстрашно е што тие луѓе не се некакви монструми кои можеш да ги препознаеш оддалеку,туку најобични луѓе со кои секојдневно се разминуваме и делиме воздух. А уште потрагично е што и ова ќе заврши како и секоја друга трагедија,чудо за три дена.Три дена сите ќе паметуваат на Фејсбук што треба и како треба,ќе се осудува и коментира,а потоа се ќе се заборави. И така се до следниот фемицид.Институциите одамна не си ја вршат својата работа и тоа си тера така.Што и да се каже сега џабе е.Потфрлиле и институциите а богами и родителите што дозволиле да стигне до ова…Нека почива девојката во мир. Навистина е морничаво да сфатиш во какво општество живееме и колку малку безбедно можеме да се чувствуваме како жени.Прежално..
Кај е оној што зборуваше дека на жените им треба машки надзор? Кај бил надзорот кога вакви работи се повеќе пати пријавувани пред да завршат фатално?
Тоа што имала абортус звучи страшно ама покажува оти навистина не сакала да биде со него и ќе беше пострашно да мисли оти е паметно да роди дете на насилник. Како и да е ви мислите овој ја прашал дали сака или неќи дете пред да и го напраи ?
Што и да кажеме веќе мислам дека е прекасно си отиде една душичка уште пред животот да и започне мн тажно претажно .... ке видиме со какво известување ке излезат од мвр ... денес мислам дека е погребот видов некролог
Сосема добар пат. На 17 години да остане трудна, ептен добар пат жити се, да се влечеш со години со таков психопат.
Па не знам дали ја прашал но ако имаш незаштитени сексуални односи се знае што може да бидат последиците...
Дали сериозно за абортусот се фативте и дали се ебеле со или без кондом? Сериозни ли сте со муабетиве??
Па се збори дека токму абортусот без негово знаење довело до ова. Што треба да коментирам според тебе?
Богданци е мало место сите знаеле за тоа и дека прима дроги.... на онлајн странициве колку пати имаше измами од него... Македонијја е мала а не Богданци.... Девојчето е по потекло од Гевгелија... Еве не знам не сакам да се грешам и покрај турбуленции шти ги имале секоја сабота има кафич во Богданци Емералд искачала таму и овој ја напаѓал па ррагирало обезбедување.... изгледа немало кој да го совртува убаво девојчето или мислела нема да дојде до ова според мене колку можела тррбала што подалеку од него да се држи. Плус еве кај Тара не знам дали виде овие од бгд што се пратиле слика трудна со машки седела го варала .. тоа не е причина далеку од тоа но некој љубомори прераснуват во опсесија и реално кога ке видиш дека некој е опседнат со тебе треба да бегаш колку можеш повеќе. Жално и греота очигледно институции потфрлиле и немала кој да ја советува
Знаел или не знаел, не е битно. Системот потфрли, но не може сè да се свали на тоа. Дечкото е главниот виновник. Ја манипулирал и малтретирал, па ја убил. Тој е главниот виновник. И тука никој не треба да ги пере ни неговите, ни нејзините родители. Добри и одговорни родители не дозволуваат децата да им прават вакви катастрофални грешки.
Одамна се знаело за него дека е насилник и имал закани кон други луге.... на толку дрога користење ....
Колку случаи имаше, а и ќе има оти не верувам дека како општество ќе ни дојде памет. Со седење и непостапување не се менува ништо.
Треба да има целосно менување на закон полиција приведува и може да задржи одреден период судот треба да утврди притвор но тоа да стане по итна постапка не после 1 година.... според мене и јас сум за слобода да имаме но кога гледаш дека нема заштита треба сам да се заптитиш родители повеке да внимават каде одат децата со кого се дружат и какви слики постираат по социјалните мрежи .
Девојчето какво и да било, што и да правело, за себе си правело. Очигледно е дека не го сакала, крај на муабетот, нема што он да биде тој што ќе зима правдина во свои раце и ќе и го прекине животот. Крај! Излегоа секакви муабети, била одговорна, добра ученичка, фино девојче, исполнителна, од фина фамилија, после не била, била ороспија, била растурена, се дрогирала, нејзините биле разведени... Што е важно тоа, ако е за себе си е. Ете да не абортирала, ќе имала дете од него, ќе си го имала на врат цел живот. Не заслужило девојчето ваков крај!