Незнам шо да речам Еве мајка сум на две возрасни деца Секакви мисли ми идат Сите знаеме како е правилно но.... Децата не те слушаат секогаш ,или аха и си тераат нивното Прво шо ми иде на ум како родителите и дозволиле да биде у врска со тој профил на личност Па ми текнува дека ништо не си моќен ке тепаш викаш ке разговараш ке кажувап ма ке ти иде да ги заврзиш дома и тоа шо сака пак ке биде со тој дечко Нека ги чува Господ сите деца,на девојчето лесна и земја а на дечкото да му тежи повеќе
Наводно монструмот во саботага кога ја нападнал во кафич во бгд на дете што сакал да ја одбрани со рачка од пиштол му ја удрил главата... тешка дијагноза
Се случува родителите да им се испушти од рака и да немаат увид во какво друштво им запаѓа детето ама малолетно дете да ти го претепува редовно некој идиот , му го вадиш гркланот и го лежиш без понатамошни филозофии. Одговорен си да го заштитиш своето дете.
Коментар на место очекувај сега да ти се пуштат овие како родителите ништо не можеле институциите требало и така натаму..... Инаку некролозите му беа искинати. Сите во местото знаеа какво насилници се и никој не сакаше да си има проблем со такви будали наркомански... пошо погоре имаше и коментар сите сте знаеле не сте ја заштитиле епа избвинете познаваки го монструмот и на све што е спремен здрава нога у трн никој рандом човек ме би ставил . Се знаело кој треба.
Јас како шо знам за тие шо сами си одземат живот ни некролог ни поп нема Плус и настрана ги закопуваат Како сакате кажете ранотата е завршена Видов слика од обесениот крвави тренерки има којзнае шо и има сторено пред да ја убие
Имаше ставено некролози низ богданци, но лугето ги искинаа.. за погррбот денес не знам мислам немаше ништо такво . Да имаше премногу крв еве мајка и цела вечер пишува коментари на фејсбук па еве ке ја цитирам: ја удрил со кола пред теретана и ги скршил нозете , било веднаш пријавено во полиција но додрка ги пронајдат лоцираат одзима време па овој ја убил и запалил.
Ќе ви олеснеше девојчево да имаше ʼпонормалниʼ родители според вашите стандарди? Ќе ви сменеше нешто колку партнери имала досега и каков живот терала? Или поважно, дали на скотот ќе му сменеше нешто? Не бе, не. Да не беше таа ќе беше друга, за жал. Затоа што психопат секогаш може да најде личност во сензитивен период макар била и најпаметна и најмирна, па да ја манипулира до ваков крај. Ама секогаш ќе има знаци. И тука имало знаци. Место да се потрудиме по не знам кој пат да научиме како да не ги игнорираме тие знаци, да дискутираме како да ги препознаеме и како да реагираме, вие пак сте се фатиле за трачарските муабети кој и да имаат врска со текот досега, немаат врска со исходот. На македончето секогаш крива ќе му биде жртвата, а не сторителот. Така беше и за жената што се фрли пред некој месец во Тафталиџе, така беше и за децата што загинаа во Кочани, сами си барале/родителите му дозволиле, така беше и за Росица, за сите… Епа сѐ додека го вперуваме прстот во жртвите, зашто е така полесно, се плашам дека нема ништо да промениме кон подобро. Девојчето сфатило дека згрешило, се трудело да излезе од ситуацијата и буквално молело за спас. Никој не иʼ помогнал. Ниту другари негови што го знаеле, ниту полиција, ниту обвинителство. Е тука може да дискутираме. По мислењава се плашам дека не дај Боже во слични ситуации, и на голем дел од вас тука реакцијата би им била ʼЕпа кој ја тераше со негоʼ или ʼНе се мешам, не е моја работаʼ. Да отвориме очи, да гледаме што се случува околу нас. Којзнае уште колку во овој момент се во иста ваква ситуација. Гледаат дека немаат помош од надлежни, и замислете отвораат на тука, на женски форум, да прочитаат некое паметно мислење, и наидуваат 90% на осуди. А за монструмот ни збор. Многу убава слика. Нека почива во мир. Црна Македонијо.
Па и не е толку важно, нема потреба да се сталка жената во искажување на својата болка и мака. Па посебно од @Femina ако видат, ќе има статии за секој статус како што прават со мајката на загинатата Ивона од Кочани и во последно време со Марјан Стојановски и жена му за нивното дете. Стварно тажно и многу неетички начин на "печалење" кликови од народ што се храни од нечија мака.
Нема таква институција што може да нè заштити од будала. Еве слушав, биле прашани Билјана и татко и', потврдиле дека последните денови немала контакт и не ја вознемирувал тој мочкото (а на Фејсбук и Инстаграм си се следат ама како и да е). Ете имал забрана за приближување ама пореметен ум не знае за доста, не знае за "не", не знае да отстапи. Се прашувам, кој метод треба за да се заштити жртвата? Очигледно треба притвор оти ако будалата е надвор, и да има забрана за приближување, може да ја прекрши и да направи глупост. Со пореметен ум нема разбирачка. Треба сериозно да почнат да превземаат поинакви мерки и сериозно да ги сфатат жртвите. Ма не притвор, треба директ на психијатрија да полежи штом е пореметен. А овај гадов, мило ми е што се обесил наместо да остане жив и да го дише воздухов додека на друг одзел живот. Па уште некролози со жална вест, гробот да му остане пуст, гад пореметен. А другарине го бранат по Инстаграм, пореметени и тие, наместо да си ги пикнат главите в земја што и тие со прст не мрднале.
Другарите може не се директни соучесници, ама се индиректни. Знаеле каков лик бил и сепак не го сметале за сериозен кога се заканувал а и ништо не сториле кога тој ја малтретирал. Се прашувам и какви луѓе се тие другари
Нема некој што не ја обинува мајка и пошто и давала да живее на 15/16г со 'дечко и'. Како и да е, нема потреба да се кажува името на родителите јавно, јас дадов податоци за нејзините дома доволно колку што треба да се знае. Мајка и ја познавам, а девојчето из виџења. Вчера ја закопаа, а синоќа мајка и пукаше со коментари да се објаснува кој е крив кој не е. Во главно, освен институциите што се виновни, виновни се и нејзините дома, допуштена работа до крај. Требало да се реши со разговор се и да се превземе дополнителни мерки од страна на нејзините родители, а не да се остава да се разгалува до крај и покрај сите глупости што ги направила. Да живееш ти на 15/16г со дечко, да абортираш на тие години и да ти дозволуваат да продолжиш со него, не е нормален начин на васпитување. Толку имав да кажам, нека и е лека земјата, а господ нека суди на монструмите таму горе што се.
Никој ништо не сфаќа сериозно додека не се случи најлошото. За жал, вакви работи имало и ќе има, ние ќе си прокоментираме неколку дена, до следниот случај, тешко на тој што заминал непроживеан и на тој што се завил во црно. И да додадам на тоа што пишав, кога женско има проблем вака со психопат, не треба да се движи сама. Другари, братучеди, роднини, татко да бидат покрај неа, машка страна, оти ваквите само на жени се силни.
Сакаш да кажеш....машки надзор? Зошто другарките, братучетките, мајката, женска страна да не ја штитат?
Детаљите во случајов се многу битни да се даде слика зошто една млада девојка се нашла во таква ситуација. Некои тука сакаат да го прикажат злосторството како случајно или само дека била девојка а тоа е тотално е неточно, затоа детаљите се битни.