Црни мисли

Дискусија во 'Психологија' започната од Nana19, 25 октомври 2012.

  1. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Машки
    Јас и добро да мислам пак лошо ми се случува и лошо живеам.Никој да не ве лажи дека до вас е.Најважните работи не зависат од нас.Некој се раѓа за да живеј несреќен.
     
  2. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Машки
    Кај 99 проценти од бремените жени се случува тоа: кошмари, црни мисли,... И кај исто толкав процент, бебето е здраво и живо :) без грижи, сѐ е во ред.

    Имаше еден Нијаз Катаноски во Автокоманда на семафори, просеше. Му Му нудеа работа многу луѓе, беше арогантен и ги одби сите. Чоечето сакало да се самосожалува наместо да се самопочитува.
    За почеток, почни да спортуваш нешто. Сѐ останато остави на страна. Стегни се, направи фит тело и негувај си ги карактерот телото и душата пријателе. Од жалење никој ништо не добива.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2019
    На Tanjamm, Imparkt, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.228
    Допаѓања:
    29.166
    Пол:
    Женски
    Од тема привремено банирани се: @ciudad_juarez и @The_boy

    Ве молам држете се до темата, навреди не се толерираат :!:
     
    На marchi-cool, The_boy и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.562
    Допаѓања:
    5.374
    Пол:
    Женски
    Не е така баш јас патам од анксиозност и на работа и на факс ми се случува сред работа црни мисли дека нешто ке се случи ама научив да ги контролирам. Додека не си осетила не кажувај како е.. Многу е мачно
     
    На Crna Dama, Mom_3, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    8.683

    Од каде тој заклучок дека не сум осетила и дека не знам како е ? :^)

    Немој да донесуваш погрешни заклучоци за некој што не го познаваш лично. Ова ти е најдобронамерен совет.

    Баш ми е мило што си научила да ја контролираш состојбата, значи сепак се е до психата.

    Остани ми во добро здравје :hug:
     
    На Mom_3, hellocity и The_boy им се допаѓа ова.
  6. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Дали некој од вас имал искуство со лоши работи во минатото како лажни пријателства, закани, вербално и физичко малтретирање и ниска самодоверба сето тоа од сокласници, и наеднаш да му се сменил животот од корен на најубаво?
    Мене тоа ми се случуваше, но од кога се иселив и сменив средина и држава не да се фалам, ама сум никогаш подобро.
    Но имам црни мисли, ги памтам навредите, нивните фаци, зборови, удари и сите порази.
    Како да го заборавам ова како и стравот дека би ми наштетиле во иднина иако увидов дека не сум јас виновна туку бев во грешна средина?
     
    На simoncelicius, hermosa, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.675
    Пол:
    Женски
    Дај му време на времето,тоа само е лекот...
    Ме радува што си среќна во друга земја,друга околина,ќе стекнеш нови и вредни пријателства,не грижи се,не може се да биде секогаш црно...
    Сите сме поминале низ психичка или физичка тортура,тешко се забораваат деновите кога сме биле на дното,тие денови не може ни да се вратат,ни да се сменат,не мисли на тоа што било,фокусирај се на тоа што ќе биде во сегашноста и иднината:hug:

    @Dust Навистина е тажно кога и покрај толку луѓе немаш кој да те праша како си....поминато ми е тоа и добро познато за жал...
    Остани силна,и никогаш немој да ја губиш силата:devil::hug::hug::hug:
     
    На Purelove92 и Dust им се допаѓа ова.
  8. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    762
    Тешко ми е... Едвај заспивам навечер, немам здравствени проблеми а само си вртам у главата како да сум од којзнае што болна, само нешто ме стега у градите...Порано почесто, ама сега моментално 3-4 дена пак ме мачат мислите. До кога? Навечер си ја гушкам,бакнувам ќеркичката си мислам што ако утре не дојде? Без причина ете така само по себе ми иде... Пијам диазепам ама у ооследно време не ме опушта. Осеќам како болка, стегање во градите и некој немир. До кога вака до кога? Пиев ад и тој период се ми беше добро, сега работам на случај бебе и тешко ми е самата со себе неможам...
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.675
    Пол:
    Женски
    Имаш за што да се смееш и причина да живееш - и сама кажа, гушкај си ја ќеркичката, играј со неа, посветувај и го секој слободен миг, и не грижи се, секако дека нема да умреш, наместо во умот да си повторуваш плашејќи се дека ќе умреш, ти во умот повторувај си колку среќна мајка си, прави планови за иднината со твоето дете, и секако дека ќе имаш и бебе, само опушти се малку и не си го блокирај постојано мозокот само со таа мисла...
    Не е лесно воопшто да се избркаат лошите и црни мисли, го знам тоа многу добро, но со малку труд можеме да ја контролираме психата, барем да не си отежнуваме уште повеќе самите....
    Во краен случај разговарај со стручно лице, можеби не треба да пиеш диазепам, штом не ти делува воопшто батали го диазепамот, разговарај со доктор и види што ќе ти препорача, можеш да си земеш и некои капки или чаеви за опуштање, барем тие се на природна база, а и опуштаат, јас користев чај од маточина, од кантарион исто, земав и капки од валеријана, и подобро бев малку со стравот и паниките...
     
    На firequeenn и curious-doll им се допаѓа ова.
  10. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.381
    Пол:
    Женски
    Лошите мисли ти ја исцрпуваат енергијата, исто така и мозокот почнува да не размислува толку продуктивно бидејќи имаш постојан страв и го гледаш лошото. Грижи се за твоето здравје, ти им требаш на твоите деца. Добро е што си свесна дека имаш проблем затоа најдобро барај од кого/што/кога е предизвикан (најди го коренот), соочи се со тоа ако можеш, па после размислувај како да го решиш проблемот и да се справиш, се е индивидуално од случај до случај но обиди се за тебе и своите деца. Ти посакувам пријатна ноќ :l:
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Имам само 23години, и моментално сум во најтешкиот период од мојот живот. Многу сум кревка и без воља за живот. Дипломирав имам работа од 9 до 5, сите ме фалеле ќе ме унапредат изгледа но мене тоа не ме радува. Цел живот целев кон ова но сега ми е сеедно, не ме исполнува се чувствувам депресивно цел ден седната пред компјутер, а пак не сакам ни дома да седам без работа што би правела, некогаш ќе морам пак да работам имам страв дека никогаш нема да ме исполнува која и да било работа а не знам што и која работа би ме исполнине, се чувствувам демотивирана, без цел, без желба за живот, што ако еден ден станам директорка, целев кон тоа постојано но што ако големо чудо сега да ми ја дадат позицијата нема да сум среќна, приватниот живот татко ми си доаѓа дома пијан и вика на мајка ми не можам да издржам да го гледам тоа, не секој ден, но еднаш месечно другите денови седи на телефон и не збори средовечна криза затоа што ништо не направил во животот, ги вреѓа браќата дека се глупи, и они не сакаат веќе да учат факс, депресивни, никогаш немале девојки срамежливи се, а паметни само џабе кога никој не го гледа тоа, мајка ми е тажна најтешко и е на неа, давам се од себе да бидам силна ќе бидат океј ден два и тоа со огромни напори болии болии по цели денови се борам со лошите мисли и си викам вреди да се живее еден ден ќе бидеш среќна, нема да си одиш од работа депресивна, ќе се чувствуваш исполнето затоа што си направила нешто корисно, имам дечко на далечина врска 2 год. го имам многу повредено него иако тој не мисли така на почетокот го зимав здраво за готово, ветрушка бев во паметот до пред година дена, мотивирана до даска, полетна, битно ми беше да имам високи оцени и да бидам најдотерана сега не ми е важно какп сум облечена, кој да ме сретне ми вика леле си ослабела знам знам доста луѓе косата ми побеле немам ниту сила ниту пари ниту сакам да се дотерувам сега дечко ми многу ми помага ми збори да се држам но страв ми е дека недоволно го сакам многу лоша глупост направив пред една година сите ме гледаа како добро девојче бубалица совршена и на една забава земав екстаза ужасно беше никогаш после тој настан не сум земала имам страв од наркотоци дечко ми имаше пред тоа земено неколку пати и ми викаше дека не треба да земам ама наивна јас и за ова само со дечко ми можан да зборам на никој друг не можам да му кажам а ова ми е прва врсла и го сакам но не мислев дека со првиот ќе останам до крај си мислев дека ќе имам повеќе дечковци па на 28 ќе го најдам вистинскипт но никогаш не би го изневерила и го сакам но еден ден со него ќе треба да се преселам таму и ме фаќа страв од таа разделба со моите не сакам да се оттуѓам од нив има моменти кога мислам дека не можам да живеам без него и дека не можам да поднесам што не е до мене, но друг пат па си викам дали доволно го сакам како да ја изгубив страста во последно време не ми е до секс не ме возбудува утре ќе одам кај него и чувствувам некој страв од тоа како ќе се чувствувам он ме има запознаено со сите и баби и дедовци роднини а јас како да го кријам освен моите мајка татко браќа и неколку поблиски никој не знае за нашата врска кога ќе дојде имам простор да бидеме сами и никогаш не сум го донела дома се срамам од местот кај што живеам во сиромаштија се срамам што татко ми има само 3 заби. Успевав да се мотивирам со тоа што сонував да бидам успешна бизнис жена да направам пари и со тоа да ги решам бар дел од проблемите но тоа не ме мотивира повеќе многу ме потресе смртта на глумицата беличанец си викам ако целев кон тоа да бидам богата успешна и со семејство и сопруг тогаш пна го имала сето тоа и не била среќна тогаш како ќе бидам јас дали е тоа воопшто возможноооо за се плачам ептен малку некој негатовна критика да ми даде еден лош збор и се расплакувам ми кажаа денес на работа една грршка што сум направила јас отидов да плачам не можев да издржам и кога ќе се дојдам дома легнувам на кауч да се релакдирам но не можам да престанам да се тресам се прашам гледам слики во главата како станувам врискам се дерам и почнувам све да кршам добивам напад за да го избегнам лошите мисли гп зимам брат ми и одиме да шетаме пешки физичка активност, гледам тв некои емисии, решавам крстозбор, се само за да ги снема тие грди мисли и таа емоционална болка која веќе ми стана дел оф мене не се сеќавам како е да сум без неа ми фали старата јас безгрижна весела со желба за живот амбоципзна не сум веќе таква не знам како да си помогнам сама на себе и не го чувам ова во себе зборам со мајка ми со дечко ми многу отворено за се но веќе и на нив им е тешко да ме слушаат се оддалечив од сите пријатели уште искачам повремено на сите родендени одам сакам сите да се среќни но кога ќе излезам некога немам ни сила да зборам па полесно ми е дома да останам они уште се на факс сингл такви ветрушки и не можам да ја споделам нивната радост за животот се насмевнувам но ми се плаче ВЕ МОЛАМ ПОМЕГНЕТЕ МИ ОЧАЈНА СУМ сакам да одам на психијатар но имам 150ден на сметка и страв ми е што ако ми даде апчиња и тоа не ми помогне што ако се навикнам на нив што ако еден ден имам се и пак не бидам среќна се плашам сама пд себе само седам и се тресам ПОМОШ ЛУЃР ВЕ САКАМ ПОМОГНЕТЕ МИИИИ
     
    На Elena 28 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.675
    Пол:
    Женски

    Мораш да си најдеш мотивација во работата барем ,нека не ти биде залуден цел труд и цела страст да станеш успешна бизнис жена.
    Верувај дека на никој од нас не ни е лесно се во животот, ниту погодено, те разбирам дека дома имаш проблеми со татко ти, ама имаш љубов и слога со мајка ти и со браќата, не знам колку ќе ве сфати татко ти ама земајте со убаво зборувајте со него да се поправи, кажи му дека сето тоа што тој го прави ве повредува вас, не знам колку би сменило тоа, да бил свесен немало да прави вака, ама барем тебе ќе ти олесни ако му кажеш дека сакаш да бидеш во функционално и сложно семејство.
    Немој да се срамиш од дечко ти поради тоа што татко ти има само 3 заби, забите се средуваат, поважно е да не го гледа пијан кај што ве навредува.
    Опушти се малку, не се враќа направеното, сите во младоста правиме лудости, ете си зела екстаза, виде дека лошо ти делува и нема ни да помислиш да земеш повеќе.

    Немој да се споредуваш со другите, не мора да значи дека сите успешни луѓе креваат рака на себе, ти го живееш животот само за тебе и за никој друг, без разлика дали се работи за позната глумица или што и да е друго.
    Немој да одбегнуваш средби со луѓето, колку и да си безволна излегувај често барем со дечко ти, ете тој те знае во секакво светло, нема потреба да глумиш пред него нешто што не си и само да потискаш во себе.
    Плачи, плачи, не е срамота да плачеш, плачам и јас секогаш кога ми е тешко.
    Најдобро е да разговараш со доктор, ако немаш можност за приватни психолози или психијатри, разговарај со општата матична, таа ќе те упати каде да се обратиш, сигурно постојат психијатри кои соработуваат со фондот.
    Ништо не е засекогаш, и мене ми дадоа апчиња, па не ги пијам доживотно, напротив ги прекинав, успевам да се изборам со се и без апчиња.
    Те молам остани присебна, тоа е најважно, и запамти помош ќе добиеш од било кој доктор, од твоите блиски, од верата доколку си верник, а најмногу од самата себе.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.872
    Допаѓања:
    173.356
    Оди на државно.
    Доволно се пари.
    Не е страшно ако ти даде апчиња што ќе ти помогнат да не се чувствуваш така.
    Од искуство.
     
  14. Unforgiven_girl

    Unforgiven_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    706
    Пол:
    Женски
    I mene me macat crni misli sekoj den.. sega sum opsednata so srceto samo meram puls.. pulsot mi stugnuva do 90 retko koga doaga do 100 koga sum ispanicena i pak me udiraat misli deka so srceto ne sum ok.. sakam da go trgnam ova bezvezno mislenje ama tesko mi odi :(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    58.066
    Бесполезно губење на време и енергија.
    И мене ми се случува да потонам во црни мисли, но запирам навреме. Секоја негативна мисла ја заменувам со позитивна. Помага.
    Освен тоа, статистички гледано, она од што најмногу се плашиме, најчесто не се случува или се случува во многу поблага верзија :)
     
    На hermosa, marchi-cool, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Sekoj covek ima crni misli. Nie sme tie koi imame mokj da gi kontrolirame. Zivotot ni e onakov kakvi sto ni se mislite.:)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.