Црни мисли

Дискусија во 'Психологија' започната од Nana19, 25 октомври 2012.

  1. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Исто е и кај мене, ако татко ми задоцни од работа одма почнувам филмови да си правам :|
     
    На TheGetmaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sharlot-1

    Sharlot-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Nesto slicno mi se slucuva i mene, a procitav deka spomenavte za strucna pomos. Dokolku imate iskustvo so toa dali bi mozele da mi kazete kako odi cenata na tie tretmani i nekoj dobar psihoterapevt ke moze li da mi preporacate? [mod-kirilica:v79ql9dn][/mod-kirilica:v79ql9dn]
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    552

    Ви се придружувам! :^) И кај мене е исто, јас сум многу голема паничарка! Секогаш сум ваква :sweat:
     
  4. lady.jk

    lady.jk Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Znaci vaka tie "crni misli" koi site vie gi opisuvate vsusnost se narekuvaat opsesivni misli a toa se narekuva opsesivno-kompulsivno rastrojstvo јas go imam veke 7 godini i moram da kazam deka od pocetokot mi bese mn tesko poradi toa sto mislev deka nesto ne e vo red so mene i se sramev od toa megutoa minatata godina sosema slucajno na internet naidov na edna statija za opsesivno-kompulsivno rastrojstvo i odma sfativ deka toa e toa sto jas go imam bev na psiholog i moeto mislenje bese potvrdeno mi prepisaa lekovi i denes samo edna godina podocna jas sum sosema nova licnost da i den deneska imam takvi misli megutoa poveke ne dopiraat tolku do mene i ne pravat da custvuvam tolku golema vina kako porano koga bukvalno se mrazev sebesi poradi takvite misli.
    http://www.psihologija.autentik.net/ank ... mecaji.php
    p.s da napomenam opseisvno kompulsivnoto rastrojstvo ne e bolest i neznaci deka sme ludi ili deka ne sme kako ostanatite toa e samo psihicko rastrojstvo koe ni e predizvikano od nekoja trauma na koja mozebi ne se ni sekavame,no sepak nie sme sosema normalni luge kako i site ostanati :)[mod-kirilica:2xnti5bw][/mod-kirilica:2xnti5bw]
     
  5. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Постојано го имам овој проблем.Посебно за мајка ми,брат ми и татко ми.Татко ми мисли дека не го почитувам и сакам,ама он незнае колку јас се плашам нешто да не му се случи,ама не го покажувам тоа.Некој да му каже дека јас се плашам да не има собраќајка,да не го убијат,да не е болен и сл. ке го направи будала и никогаш не би поверувал,но сепак ми значи.
    Ама и за себе имам црни мисли.Како се плашам моите да не се болни,така и за себе.На моменти ми доагаат мисли како јас сум болна па ке умрам.
    Само можам да кажам дека се надевам дека овој период ке ми помине. :)
     
  6. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    625
    Понекогаш и мене ми се случува ова, односно ми идат црни мисли. Но кога ќе ми се случи тоа јас самата си викам -не туку си замислувај глупости влубена- и така не ги земам во предвит многу многу. Но најчесто тоа ми се случува кога не можам да заспијам навечер и туку си мислам нешто и ете ги тие мисли дошле и потоа се чуствувам лошо но од кога ќе заспијам поминува, утредента сум како нова.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    26.162
    Пол:
    Женски
    Имав црни мисли, но сега се проретчија.. :) обично кога е така се обидувам што повеќе да не мислам на тоа и да се обидам да ги заменам со нови позинитвни и оптимистички мисли.. :)
     
  8. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    2.471
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека само јас ги имам, морам да признаам дека е навистина мачно :( , но како доагаат така и си одат. Ми се случува на периоди, се ми се уфилмува у глава да не им се случи нешто на моите сакани, еве прееска дечко ми тргна на пат јас се напнав леле касно тргна немој нешто да му се случи, го искарав и одма паничам, и одма се напнувам :envy: , аман ќе пукнам веќе :worried:
     
  9. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Како да нема човек црни мисли кога се` досега што му се случува е црно? Не можам негативните мисли да си ги истерам од глава зошто по природа на сите работи гледам песимистички.
    Ќе се скарам со некој и во глава ми е дека ќе прекинеме секаков контакт, независно дали е дечко ми или другарка, ќе се пожали некој близок на болка па си правам филм дека е тешко болен и си го предвидувам најлошото.. Колку и да се убедувам дека тоа нешто не е битно, телото ми го докажува спротивното. Имам константен страв, срцево ми чука со двесташеес-на-саат, немам апетит, имам болка во стомакот, не можам да заспијам и буквално не можам да се препознаам од кога станав ваква! :punch:
     
  10. KichBitch

    KichBitch Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    пред 5 години и јас имав ваков проблем, се започна една вечер кога обидувајки се да заспијам почнав да мислам на многу лоши работи како нешто лошо ќе им се случи на моите наблиски вклучувајки ме и мене и плачеќји излегов од собата и им реков на моите за тоа, сега да не навлегувам во детали отидовме на лекар и ми даде упат за на психолог и отидов неколку пати, ми препиша и одредени лекарства кои ги примав итн.. ме советуваше да си најдам некое хоби, некоја занимација, да си го исполнувам времето и да ги заменувам негативните мисли со позитивни така што како ќе ми дојдат да ги заменам со позитивни убедувајки се себе си дека не сум во право дека мојот страв е сосема неоснован итн. што е најлошо од се, сето она што си го замислував беше толку визуелно и убедливо што мислев дека ја предвидувам самата несреќа и се чувствував како веќе да се случило тоа, самото чувство е ужасно и ме уништуваше сосема, немав апетит, немав волја за живот но ете со текот на времето по неколку месеци проблемот го надминав, згора на тоа и се заљубив што придонесе да ги отфрлам црните мисли :D потоа веке не размислував така, се чувствував подобро но ете кога моите беа отсутни повеке од обично или кога не се јавуваа на мобилен е тогаш ме фаќаше паника и веднаш помислував на најлошото, а кога ке си дојдеа се срамев од тоа :P ... и сега после 5 години кај мене се појавуваат истите тие црни, проклети мисли кои ме запрепастуваат, но овој пат се поврзани со моите пријатели и со ајде вака ке кажам :D момчето во кое сум заљубена.. до пред некое време бевме во контакт но се случија некои недоразбирања помеѓу нас и сега во глава ми навираат лоши мисли поврзани со него..кога само ќе помислам како би било доколку не дај боже му се случи нешто ми доаѓа најискрено да се убијам :x .. се трудам да ги отфлам сите тие мисли и верувам дека ке успеам со оглед на тоа што сум имала такво искуство и порано, но од сето ова констатирам дека стравувам за личности кои ми се најбитни и најмногу ги сакам, се прашувам како е можно да помислувам на најлошите работи ?? :( .. и барајки си вака лек наидов на темава која е баш за ситуацијата во која се наоѓам овие денови :)
     
  11. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    426
    Да си отидете на црква :geek:
    Неозбилна сум и мене одреден период освен црни мисли друго ништо по главата не ми шеташе, позтојано се мачев така си го преоптоварував мозочето и баш за Божиќ кога бевме на црква од тогаш и да дојдат брзо си одат и не им обраќјам многу внимание. А и кога си го вртам филмот назад кога и да одев нацрква, оти ретко се случуваше подоцна чувствував некој необјаснив спокој, незнам како да го објаснам... Подоцна мислев постојано на позитивни работи , цело време бев спокојна. Така да пробајте отидете некое утро на литургија, нема ништо да ве кошта да издвоите саат, саат ипол. Може ќе ви помогне. :!:
    Може има некоја виша сила, ама и мајка ми и таа чувствува спокој после секое одење на црква. Незнам.. :?:
     
    На maickka88, TheGetmaki, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    552
    Татко ми обично се враќа во 4 ипол од работа, а јас денес дома паника кренав. :lol: Па каде е, па зошто не е дојден до сега? Иако беше само петнаесет за пет јас дома врева кренав. Сите 9 души ме смируваа :$ И доаѓа татко ми и му викам кај си ти до сега и тој:

    16:50 h
    -"Па гужва имаше во сообраќајот."
    -"Па за што имаш мобилен? Јави се!"

    И тука незнам зашто настана една таква смеа! Јас баш како смајливо ги гледав :?:
     
    На TheGetmaki и HELPmme им се допаѓа ова.
  13. HELPmme

    HELPmme Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите долго време мислев дали да пишам и дали да го споделам мојот проблем и еве конечно собрав храброст. И јас исто така имам црни мисли моите мисли се најповеке насочени кон љубовта цело време мислам дека ке ме остави дека ме лажи а немам основа за да мислам така знам дека ме сака и дека не би ми направил такво нешто тоа ми се случува само во мојата глава но сепак тие мисли ме прават и многу нервозна ме прават и премногу љубоморна. Истото ми се случува и за моите родители да не му се случи нешто и нив но најповеќе овие мисли се насочени кон мојата врска некогаш и на глас си зборувам сама дека нема да се случи нешто такво но тоа не е убаво затоа што почнав да го правам тоа и пред лугето околу мене .Ова веке трае неколку години и чувствувам дека станува се полошо неможам да го контролирам како порано,сега почнав и да не можам да ги допирам лугето што знаам дека нешто лошо му се случило за да не станам како нив :worried: знам дека тоа не е можно јас сум свесна за тоа ама ете ови мисли се посилни од мене. Пишете ми да знам дека не сум само јас со ваков проблем и помогнете ми :$
     
  14. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    51
    Низ што се не поминав со тие ужасни мисли,колку пати само мислев дека ќе полудам.едвај се контролирав.се надевам ќе најдеме начин
     
  15. Lovatic

    Lovatic Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Постојано имам црни мисли...самоубиство,недоверба,депресија,скршено срце... незнам што да правам.
    Неможам веќе да издржам... да земев кофи да полнев ќе немаше жед во Африка!
    Ќе земам песна да слушнам, уште толку... ќе земам ќе се фрлам и ми е гајле ;(
     
  16. HELPmme

    HELPmme Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Не смејш да мислиш на самоубиство  се надевам дека ке успејме и дека ке го поминиме овај период само  храбро ;)
     
    На Lovatic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.037
    Пол:
    Женски
    Многу пати и јас фантазирам така,особено за мајка ми :( Сите сме помислиле барем еднаш така да не грижете се !
     
  18. sanja.sani

    sanja.sani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    луѓе во последно време нон стоп имам црни мисли, се си мислам дека на дечко ми ке му се случи нешто , дури и си замислувам како умира... до сега не сум била ваква, незнам што ми е , ама лошо ми е несакам навистина да му се случи нешто ... кога оди негде си мислам секој момент сообракајка може да направи и дури си правам филмови како ке ми биде кога ке ми се јават да ми кажат, ... се надевам дека не ја предизвикувам судбината? многу се плашам.инаку анксиозна сум веке неколку години, сум имала црни мисли, но вакви никогаш.како да ми се предвидува :sweat: мислите ли дека тоа се само мисли и ништо нема да се случи? ви благодарам
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.223
    Игнорирај ги и готово.
    Најделотворниот лек против нив е само позитивните и спротивни помисли. Кога помислата ти вели едно, ти возврати и во себе со друго, но позитивно. Малото задоцнување, оправдај го во себе со тоа што ќе си речеш дека можеби нешто друго му излегло па се зафатил, или пак е со некој другар, со родителите... но никако негативни помисли. Ќе видиш дека ќе помине се, се’ е до тебе. Биди силна и ќе ги победиш :) .
     
    На sanja.sani му/ѝ се допаѓа ова.
  20. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    603
    и јас постојано имам црни мисли ама безконечни,дека ке умрам,дека ке ми се случи нешто на моите или на некој од моите најмили незнам како да го надминам ова ве молам за помош ;( :@