1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црни мисли

Дискусија во 'Психологија' започната од Nana19, 25 октомври 2012.

  1. Stefanvranec

    Stefanvranec Нов член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите јас сум нов член и сакам да зборам нешто со вас.Пред 2 месеца гледав еден филм кој се вика Шишање и е српски филм можеби некој од вас го гледал,во тој филм се зборува за едно дете како се пореметува и станува како психопат,од тогаш се извадив од памет да не станам и јас ваков да не изгубам контола врз себе да се пореметам почнаа да ми идат страшни црни мисли како тепам и убивам како мего се преплашив имав тахикардија а најголема болка ми беше осеќав како мачнина во желудникот и прво бев на бајчка зборев со блислите па бев на психијтар ме изгоре со пари и нешто многу не ми помогна и еве после два месеца доста ми е подобро ама додека се занимавам со нешто добро е, а се потсетам каожко ми било одма ми доаѓа таа мачнина во стомакот па затоа барам тука помош што да правам и некој совет ако може ве молам за помош
     
  2. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас веривам во Бог, но, не се согласувам со ова. Имено, серотонинот и допаминот се хоржони на среќа. По претрпени стравови, непријатни слички, екстремни пробчеми тие почнуваат помалку да се лачат. Антидешресивите го поттикнуваат лачењето на овие хормони со цел да почнат и самостојно да се лачат во нормални количини. До депресија и анксиозност често се доаѓа како резултат на потиснување некоја ситуација од минатото и потвесно не прифаќање на проблемите.
    Неприфатливо е дека дете кое претрпело развод на родители, смрт на некој близок или некој друг проблем има депресија поради демони. Тоа не е точно. Најпрво не ги прифаќаме проблемите, потоа ги потиснуваме во нашата потсвест. Оттука, како што поминува времето, нешто почнува да не мачи. Не е точно дека депресивните луѓе ја одрекуваат среќата. Напротив, свесни се дека среќа постои и ја бараат, проблемот е што не ја чувствуваат, а секако дека комуницираат со роднини и пријатели. Проблемот настапува кога ќе останат сами.
    Анксиозноста е почетна фаза и се манифестира со:
    Страв од самиот себе, поединецот се плаши да остане сам и посројано бара друштво. Не се плаши во овој случај од демони, туку од тоа дека кога ќе остане сам ќе почне да размислува за непријатни случки пд минатото, или пак непријатности кои можат да се случат во иднината.
    Чести расправии, се губи трпението, конфликти, еуфорични моменти се само дел кој води до краен степен на депресија.
    Најтешко е што депресивните луѓе често се игнорираат поради тоа што сите мислат дека се негативни.
    Ова нема никаква поврзаност со демони туку со аопственото его.
     
  3. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Клинот со клин се избива. Гледај комедии :)
     
    На Stefanvranec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не ти противречам тоа е твое мислење од медицински или каков и да е аспект.
    Јас сакав да изнесам мислење од православен аспект и според мене не постои депресија-депресија како некој вид болест. Тоа може да се случи секому да падне во т.н депресија меѓутоа според мене таа произлегува само и само од црните мисли кои се производ на ѓаволот. Затоа што ти знаеш дека нема ништо да се случи од тоа што ти се врти во глава а сепак ги имаш тие црни мисли. Нормално дека не се плаши од демонот но тие мисли што му доаѓаат кога ќе остане сам му ги наметнува ѓаволот за да не го остави да оди напред со животот тука само да се навраќа назад. Да биде скептик и да не може да ги увиди добрите работи кои живот му ги нуди, го искушува да се кара, да нема трпение затоа и пишав дека човекот во депресија е неспособен адекватно да ги оцени животните околности, луѓето и самиот себе затоа што не гледа убави работи бидејќи е заглавен со тие депресивни црни мисли. Зошто тогаш кога не е сам туку е со пријатели не мисли на такви работи туку има занимација, се фокусира на нешто друго, на убави работи, а кога ќе дојде дома и остане сам со мислите оп одеднаш хормонот за среќа опаднал на нула. Зарем толку драстично да опадне ?! И одеднаш немаш волја за ништо. Тие мисли сепак не се од човекот. Кој човек сака да си наштетува сам на себе ? Не знам дали успеав да доловам што ми беше поентата.
    Да точно дека депресивните луѓе не ја одрекуваат среќата меѓутоа не можат да ја согледаат.

    Што се однесува на децата:

    Старец Порфириј - Научете ги децата да Му се молат на Бога
    Лек и голема тајна на детскиот напредок е скромноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè. Никој од луѓето за себе не може да рече: јас сум сè. Тоа само би го заврстило егоизмот. Бог од нас бара да ги водиме децата по патот на смирението. Ниту ние, ниту децата нема да сториме ништо без смирение.

    Треба да бидете многу внимателни кога ги поттикнувате децата на нешто. Не треба на детето да му велите: „Ќе успееш во тоа. Способен си, млад си, храбар, совршен“. На тој начин не му користите на детето.

    Но, можете да го научите да Му се моли на Бога. Речете му: „Дете мое, Бог ти ги даде даровите што ги имаш. Помоли Му се да ти даде сила да ги негуваш тие дарови, и да постигнеш успеси. Бог нека ти ја даде Својата благодат“.

    Ова е совршениот метод. На овој начин децата треба да се научат да бараат помош од Бога.

    Фалењето им нанесува зло на децата. Што ни вели словото Божјо? „Народе мој! Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш.“ (Ис. 3, 12). Оној кој нè фали, нè залажува и го расипува патот на нашиот живот. Колку се премудри зборовите Божји! Фалењето не ги спрема децата за потешкотиите во животот и тие, кога ќе пораснат, биваат неприлагодени, се губат, и на крај претрпуваат неуспех. Од кој потоа се разбира може да имаат и црни мисли и да бидат скептици кон нешто во животот бидејќи се плашат од страв од неуспех, мислат дека за ништо не ги бива, ако нешто порано претрпеле штета се плашат дека и во иднина тоа ќе им се случи.

    Денес светот се расипа. На малото дете му се кажуваат само пофални зборови. Нè советуваат да не го прекоруваме детето, да не му вршиме притисок. Но, дали на тој начин тоа ќе научи нешто за животот, и дали ќе може правилно да се постави макар и пред најмалата потешкотија? Штом некој ќе му се спротивстави, тоа е веќе скршено, во него нема одважност.

    Најодговорни за неуспехот на децата во животот се нивните родители, а веднаш по нив нивните учители и професори, оти постојано ги фалат, главата им ја полнат со суетни зборови. Не ги приведуваат кон Духот Божји. Ги оттуѓуваат од Црквата. Кога децата малку ќе потпораснат и ќе тргнат на училиште со таквиот егоизам во себе, се оддалечуваат од верата и ја презираат. Ја губат почитта кон Бога, како почитувањето на родителите и сите останати. Стануваат нескротливи и немилосрдни.

    Старец Порфириј
     
    Последна измена: 10 март 2017
    На Bitter-Sweet и macush1 им се допаѓа ова.
  5. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Човек што поминал траума нормално е да помине низ депресија. Депресијата неможе да нападне некој без трауми. За се лошо што ни се случува неможеме да обвиниме виша сила. Затоа е живот, за да биде тежок. Неможеме да обвинуваме некој дриг за проблемите или да бараме утеха дека тоа е од Виша сила. Проблемите се тука за да не направат силни и храбри за да се соочиме со нив и да продолжиме понатаму. Сепак, свеста е деликатна работа, и колку и да сме силни, депресијата е одговор на се што се случило. И јас верувам во Бог, но не наметнувам религиски верувања. На овој форум може да има атеисти, муслимани, христијани. Сепак, во медицината сите веруваме.
     
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Епа вака сега ајде лично од мене ќе тргнам...Не сум имала трауми и такви работи и не ни сакам некој да има. Но како и секој сум имала црни мисли да не му се случи на некој близок нешто, да не ова, да не тоа...Едноставно тие работи не те оставаат да си го живееш животот бидејќи цело време си во страв да не се случи нешто. И тоа што го научив е да не се придава никакво значење бидејќи тие мисли не се од нас туку се наметнати од некој друг што сака да те пикне во бед или т.н депресија за да со тие мисли не можеш да видиш никакви убави работи и не ќе можеш да се радуваш за ништо во животот. За ова јас не би прифатила медицина бидејќи сметам дека клукањето апчиња само може да наштети на организмот. А и да се средат работите на подобро после апчињата тоа ќе биде само затоа што нашата психа го прифатила и реагирала на тоа мислејќи дека тие се спасот. Се што се случува, се случува во нашата глава.
     
    Последна измена: 14 март 2017
  7. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас лично не пијам апчиња и не ги препорачувам исто :) Најпрво терапија е здрав начин на живот, здрава храна и РАЗГОВОР со Психолог.
    Инаку, ист е ефектот и со Вашата "терапија", кога некој оди по бајачи и гатачи исто така верува дека во тоа е спасот, само што во него се создаваат негативни мисли за луѓето кои го опкружуваат мислејќи дека сите му мислат нешто лошо. Постепено личноста станува антисоцијализирана бегајќи од "црни маѓии и демони".
    Имено, сметам дека за демони, магии и религии има други теми во форумов. Вашите мислења не се за на оваа тема.
     
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да?
    А јас пак сметам дека моите мислења се баш за тука бидејќи изнесувам мислење како одговор на членка која пишала на оваа тема поткрепувајќи се на религијата. А нормално дека нашата вера не прифаќа бајачи и гатачи што сосема сум во можност да коментирам тука а не директно во темата религии.
    Ако си читала претходни мои постови ќе знаеш дека сум против бајачи и гатачи. А не да ми пишуваш "вашата терапија со бајачи и гатачи". Која наша?
     
  9. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Штом пишувате за демони, значи тоа е Ваша терапија. Има хормони кои лачат среќа, и тие со молитва нема да почнат да се лачат, туку со терапија. Еве на пример, кога ќе настинете си читате молитва или варите чај?
    Пак ќе речам, сите во нешто веруваме, ама не е убаво да се претерува. Треба да бидете со отворен ум, а не да верувате дека само едно нњшто е причина за се што се случува. Религиска насоченост би бил одговор да запалиш свеќа во црква или да отидеш на молитва чисто за моментален мир, а не дека сме опседнати со демони и ѓаволи...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Пишувам за демони и тоа е наша терапија? Се читаш ти? Пишувам за демони во негативна смисла девојко, а не дека тие помагаат.
    А што се однесува на примерот за настинката и чајот...Нека бидат пример црните мисли што тие и се темата. Имаш црни мисли и одма правац на психијатар и доаѓаш дома пиеш лекови? Не! Бараш мир, спокој и трпение. А тоа се постигнува само со чисто срце и верба во Бога. Тој што ја има знае.
    На крај и краева тоа е твое мислење. Ова е мое и не може никој да ме разубеди. Секој нека верува во што сака.
    Поздрав и убав ден.
     
    На Syzane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Читај и ти што пишувам. И јас не сум пиела апчиња, со спорт и со здрава храна сега сум топ :) Да, пробав и со молитва, ама не верував дека сум опседната. Па и тоа само моментално помага. Во секој случај колку и да се молиш ако сам ништо не преземаш, сигурно нема само да се среди.
     
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Па читам јас убаво, читам. Тоа ти е таа медицина за која напиша тука. Затоа и спомнав за апчињата.

    Тука сега не се работи за физички изглед, за слабеење или ослабен имунитет.
    Се работи за мисли кои произлегуваат во умот.
    И не треба да веруваш дека си опседната таман работа, не е во тебе ѓаволот. Меѓутоа на надворешен начин пробува да влијае на нашите помисли и мисли. Се надевам сфати што сакам да ти кажам.
    А спортот може да послужи за скренување пажња на таквите работи, но и тоа па е привремено.
     
    Последна измена: 15 март 2017
  13. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Не е привремено. И медицината најпрво се залага за здрав начин на живот. Не е работата за слабеење, туку за здравје.
    Прочитајте некоја книга пред да пишувате вакви постови.
    Најпрво е здраво да се спортува, а и го ослободува стресот.
    Толку веќе не одговарам на Вашите постови, бидњјќи тука треба да се дебатира, а не да се убедуваме религиски.
    И неможам да сфатам како тоа ЃАВОЛОТ Ви е крив за се, а Вашоте постапки не се криви за ништо.
     
  14. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Машки
    koga stojam sakam da padnam da se onesvestam, ama ne mozam imam mnogu sila za to, a sakam da ja izgubam i da se strupolam.
     
  15. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Јас имам познавање од медицината, но верувам во религиските убедувања. И толку за тоа. Немам потреба да земам да читам книги. Ќе верувам во што сакам.
    Што се однесува до тоа дека веќе не одговараш на постовите да ти кажам право ќе ми олакшаш. На крај и краева ти си таа што цитираше мое мислење. У иднина ако имаш да кажеш некое свое мислење немој да си ме цитирала, слободно и без тоа може да се изнесе мислење без разлика дали тоа е контра од моето или не во спротивно доаѓа дека ти сакаш да ме убедиш во твоето верување.
    Во врска со твојата последна реченица...Кои мои постапки криви? Јас немам проблем со црните мисли благодарение на вербата во Бога. Сакав само да помогнам на оние кои ги имаат. Изнесов мислење од религиски аспекст, ти изнесе од медицински меѓутоа ти и никој друг неможе да ме разубеди да верувам во нешто друго. Мислењата се изнесени од страна на мене и тебе и секој во што сака ќе верува.
    Само на крајот секој го бара излезот преку Божјиот пат кога сфатил дека се друго е излишно и немоќно.
    Што се однесува до медицината која ја споменуваш и тамо Господ го има последниот збор. Зошто ако не и самите доктори знаат да кажат направивме се што можевме меѓутоа во Божји раце си ние не можеме ништо. Каде е тука медицината да те спаси до крај?

    Влези на линков
    http://www.prijateljboziji.com/_bog-ima-zadnju-rec/1366

    Или пак со модернава болест "канцерот" ? Зошто секој не се излечил и немој да ми речеш касно откриено или не знам што ти не. И на време да е откриено Господ како сака така ќе биде.

    Еве и за тоа нешто

    Исцелување на студентка болна од рак (Од СРЦЕ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ Старец Тихон, Старец Порфириј, Старец Пајсиј)

    Една студентка посебно многу го почитуваше и го сакаше Старец Порфириј. Поради тоа ја прими како свое духовно чедо. Деденце, многу ја сакаше, како што самиот ми призна. Така ги сакаше сите свои духовни деца, ближниот, така го сакаше целиот свет.
    Всушност, немаше нешто што тој не го сакаше. Само ѓаволот го мразеше. И не само што го мразеше, туку и се бореше против него. Истовремено и го презираше.
    „Но, остави го“, ми велеше, не обрнувај внимание на него.Колку повеќе внимание му придаваш толку повеќе се приближува. Ако сакаш да го истераш, да го одалечиш од својата близина, престани да обрнуваш внимание на него.
    Презирај го.
    Против него треба да се бориш со презир. Кога ќе забележи дека го презираш почнува да се одалечува, се додека не се сврти да бега.
    Презирот е второто оружје против ѓаволот, веднаш по Чесниот Крст!
    Од чесниот Крст се плаши и се тресе пред него, па бега од него. А презирот не го поднесува зошто е полн со себе и пука од злоба. Всушност таа гордост и вообразеност, е причината што падна и стана тоа што е. Ја заслужи својата казна...“
    Таков беше отец Порфириј, во тоа веруваше, па така не учеше и нас, своите духовни деца. Така мислеше за ѓаволот и така се бореше против него: со крст и презир! Упорно бараше и ние да го правиме тоа и да се угледуваме на него. А кој се огледуваше на него не само што имаше придобивка од тоа, туку на Старецот му причинуваше голема радост и задоволство, оти така ја покажуваше својата длабока послушност, како што самиот Старец велеше.
    Така и студентката која ја споменав беше една од оние души која се огледуваше на деденце и во се беше послушна. И токму, од тие две причини, како што ми велеше, многу ја почитуваше.
    Но, се случи таа девојка за време на летните празници, додека беше во своето родно место да дознае дека има рак.
    Ракот се појавил или во пазувите, или во дојката, не можам сега точно да се сетам, оти оттогаш поминаа многу години. Во прашање беше опасен тумор, со големина на јајце. Многу се исплашила и прво што паднало на памет било да го побара отец Порфириј. Му се јавила по телефон. Му ги кажал сите поединости и сите симптоми, а и дијагноза добила...по телефон: злоќуден тумор!
    „Не е добро, но ти не се плаши. Ќе се молиме.
    Остани на распуст и кога ќе дојдеш во Атина, дојди кај мене. Ќе ти прочитам една молитва, ќе те прекрстам и ќе оздравиш. Но и ти треба да се молиш.
    Причестувај се, ако можеш секоја недела. Големиот Бог ќе ти помогне.
    За Него не постојат болести што се лечат и што не се лечат. Постојат само оние кои веруваат и оние кои не веруваат.
    Вестите кои ги доби од старецот беа се друго, само, не добри. А Старец Порфириј никогаш не дал погрешно мислење, дури ни по телефон! Но, девојката и покрај тоа што имала голема вера во Бога и во Старецот, не можела да се спротивстави на искушението да не се посоветува со лекарите каде што живееш надевајќи се дека ќе дадат друга дијагноза.
    Но, за несреќа, сите лекари дошле до истиот заклучок како и Старецот.
    Девојката ја фатило ужасен страв. Поради тоа тргнала веднаш во Атина да го побара Старец Порфириј кој и беше единствена надеж.
    „Те очекував! Зарем не веруваш ни во моите зборови, ни во моите уверувања, па дури ни во моите молитви. Бог да биде со тебе, благословена, го прекина и одморот што толку ти е потребен и дотрча да ме најдеш.
    Како моите молитви да не ти беа доволни таму каде што беше, па дојде овде.“
    Така Деденце ја пречека студентката, сакајќи веднаш да го покаже своето незадоволство поради нејзината недоволна вера. А потоа додаде:
    „Ајде сега кажи ми што ти рекоа лекарите кои те прегледаа“?
    „Истото што ми го рековте и вие оче Порфириј.
    Не е добро. Имам рак“: И се расплака.
    „Зошто плачеш? Зарем тоа е твојата вера во Бога?
    Заборави што ти реков по телефон? Или можеби пак, ти падна на ум дека ракот е посилен од Бога?
    Ако е така, тогаш, многу грешиш.
    Ништо не е над нашиот Господ. Тој, и единствено Тој е над сите и се од Него зависи!
    Престани да плачеш. Не сакам да ги гледам моите деца загрижени и тажни, туку сакам да бидат радосни и среќни.
    Дојди сега да ти прочитам молитва, како што ти ветив. И ќе видиш колку брзо ќе оздравиш“.
    Така и беше! И прочита молитва што траеше долго, а во исто време со голема сила го притискаше кртстот на туморот.
    Толку силно притискаше, што на местото каде што го потпираше крстот, оставаше белег од него! Толку веруваше во тоа што го правеше, што немаше простор ни за најмал сомнеж дека успехот ќе биде целосен.

    Кога ја заврши молитвата, Деденце доби порака.
    Затоа неговото лице засвети од радост! Неговата молитва веќе беше исполнета!
    Големиот Бог во кој толку веруваше, на кој толку му се поклонуваше и со толку посветеност му служеше толку години, ја услиша неговата топла молитва и направи големо чудо.
    Ракот беше победен!
    Од тој момент девојката беше исцелена. Деденце ја погледна в очи и веднаш ја виде разликата. Плачот му го отстапи местото на радоста!
    Разочарувањето му отстапи на надежта. Девојката се смееше!
    Болеста беше заменета со здравје! И, на крајот, смртта отстапи пред животот.
    Навистина, колку е прекрасен дарот на верата!!

    „А злоќудниот тумор со големина на јајца, што се случи со него Деденце?“ Си дозволив да прашам?
    „Што велиш?“
    „Вас ве прашував...?“
    „Е, и јас тебе тебе те прашувам.“
    „Но...“
    „Што сакаше да биде со него? Се поништи, исчезна, отиде таму од каде што дојде...За неколку дена нема да можеш да го најдеш ни местото каде што беше! Знаеш ли што е нашиот Бог?“
    „Знам. И тоа, дури многу добро...“
    „Кажи“.
    Тој твори СЕ и менува се само со Својата волја?“
    „Браво! Така е.
    Го имаш мојот благослов“.
    ______________________________
    Колку само има примери за пациенти каде современата медицина е немоќна да ги излечи, прогласени се за неизлечливи, а сепак на крајот со Божјо чудо истите се спасени.
     
    Последна измена: 17 март 2017
    На Syzane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Се извинувам за пост под пост.
    Не го собираше ова во претходниот.

    еве еден пример каде човекот не е излечен(зошто унапредената современа медицина не го спасила?) и по тоа се надевам ќе заклучиш дека се е по волјата на Господ.

    Преку ракот се полни рајот

    Имам рак!
    Денешниов ден ќе беше вообичаен. И многу подобар од претходните. Работата добро одеше денес, имавме многу планови за празниците. Сè до мигот кога заѕвони телефонот. Карцином. Така просто го рече тоа. Малку пред тоа имаше плачено, не сум сигурен. Имам рак, Коста, – ми рече. Ракот има „традиција“ во нашето семејство. Пред 3 години татко ми беше удрен од оваа љубов Божја. Се упокои на 14 октомври 2005 година, во „Свети Сава“, на денот на Покровот на Пресвета Богородица. Го прославивме Бога во оној ден и ѝ заблагодаривме на Пресветата наша што го зеде во нејзиниот ден. Сите овие нешта звучат „лудо“… Го славите Бога затоа што … го зел вашиот татко!!! ДА! Татко ми беше неверник. Помина окупации, војни, измачувања во домови за бегалци, прогон на островот Свети Евстратиј, напади, се откажа од бродската трговија поради многуте грижи и се вработи во градежништво и работеше 50 години. Безбожник го нарекуваа, но едноставно тој беше нерелигиозен. Велеше дека е безбожен и се кикотеше, сè додека…

    Сè до денот кога ги допре раните на Господ. Сè до часот кога тој негатор на Натприродниот го виде присуството на Господ. Се сеќавам, со зорт го однесов во болница. На лекарот не му требаше многу време за да ми каже. Рак, – рече едноставно. Татко ми се насмевна и нервозно го удри весникот – секогаш го купуваше уште рано, чиниш се плаши да не нема. Ракот се задржа 4 години. Татко ми Го запозна Христос со едно чудо. Отидовме во храмот на Свети Партениј (исцелител на болните од рак) и се обиде да го запали кандилото на светителот. Не се палеше. Помисли да отиде во возилото за да земе друга запалка. Штотуку го сврте грбот кон кандилото, од кандилото излезе пламен висок еден метар. Татко ми занеме… сите го видовме тоа што се случи. Тој не проговори ништо. Но беше подготвен. Побара ИЗВИНИ од Христос. Го прими во своето срце. Поверува во Господ. Во последните денови ни говореше светоотечки зборови, без да има поим од светите отци. Татко ми се упокои и е во рајот Христов. Го знам тоа. Не можам да ви покажам. Но го знам тоа. Во денот кога замина кај Христа празнуваше нашата Пресвета Богородица. Симболика? За некои наивни како мене – Да. Се сеќавам во соседната соба се упокои некој друг брат. Неговата жена ја хулеше Пресвета Богородица што и го зела сопругот. Ние во другата соба славословевме. Некој заминал од овој суетен свет и отишол во неговата вистинска татковина. Не е ли тоа причина да Го славиш Господа?

    Мојата сестра има рак. И тоа го дознав денес, на пладне. Не отидов кај неа. Претпочитав да се помолам. Не знаев дали треба да се молам за неа или за мене. Имаме уште пат за одење пред нас, Елена. Ќе бидам со тебе. Никогаш нема да го заборавам она што го кажа денес: „Христос знае што прави“, ми рече. „Знае што прави, за да ме спаси“, ми рече. Се сеќавам на старецот којшто рече:

    „Бог не дозволува да се најде лек за ракот, бидејќи ракот го наполни рајот“. Држи се цврсто, сестро. Со тебе сум. И Христос.

    Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.
    Превод од грчки јазик:
    Свештеник Јани МулевИзвор:Ортодоксија и ортопраксија
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Кој знае колку се замараш и која секте те плаќа за овие постови....
     
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Од толку што напишав само тоа знаеш да го кажеш? Затоа што немаш со што да ми контрираш повеќе ,најпосле остана без зборови?
    И христијанството не е секта.
    Никаде не наведов нешто погрешно од православието што мислиш дека можеш да си земеш за слобода да го наречеш ова секта.
    Плаќаат за јеховини каде што се платени да проповедаат за погрешно учење(не присилно меѓутоа од заслепеност, од незнаење одбрале да веруваат во нив)
    Мене ќе ми се исплати горе на небото. Не се замарај ти толку со тоа.
     
    Последна измена: 17 март 2017
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    @LegallyBlonde13 драго ми е што има некој што размислува вака како ти. Сосема на место ти е напишаното, но за жал, малкумина се тие што можат да го разберат.
     
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Машки
    Не можам повеќе да ги поднесувам луѓето и не можам да се поднесам себе самиот.Да сакаш нешто да сработиш,да се докажиш а никој да не ти обрни внимание.Сите се љубоморни,секој си гледа за себе.и јас сум љубоморен.Зошто тие да имаат се,да имаат семејства,да имаат поќе пари,а јас ем сам,ем да пазам колку ќе потрошам.Сите одат убаво облечени а се отепани кутрите ништо не им стој,јас несмеам ништо да си купам,ни еден нов телефон.