Се додека така размослуваш, нема да ја шронајдеш среќата. Најпрво биди среќен со се што имаш ти и биди благодарен за тоа што го имаш. Одреди си цел во животот, и полека остварубај ја. Гледај за себе и запрашај се зошто си таму каде што си. Додека трошиш енергија да им љубомориш на другите, направи нешто донро за себе и подобро ќе ти биде. Секој во животот си има свој пат. Ти оди си по твојот и дај максимум за да ти се исполнат твооте цели. Никој не е совршен, па не се ни сите околу тебе. Секој си има своја мака. Посвети се на себе си и така ќе ја пронајдеш среќата. Исто би ти препорачала да разговараш со психолог. Само ти фали малку позитивна мисла. Не е страшно ако разговараш, подобро ќе ти биде.
Те разбирам што сакаш да кажиш,веќе го знам сето и јас сакал неќел ќе се вратам по старо затоа што сум добар,не сум лошо воспитан дечко.Ама што да правам со негативноста на другите шо направи да ги имам овие црни мисли.Колку шо е во мене проблемот,исто толку е во другите.
Знам, јас поминав низ истото. За жал лугето се огорчени и тие самите. Сега е време кога секој мисли само на себе и себично повредуваат. Едноставно, тие кои што премногу ти наштетиле не ти требаат во животот. Другите, контактирај , но постави си дистанца. Со некои луѓе не мораш сњкој ден да контактираш. Еднаш месечно или на два месеци пиј едно кафе, и не мораш да се отвараш. Зборувај за општи теми. На пример за времето надвор, за некоја емисија.... Никако за твојот или нивниот личен живот. Исполни си го времето со работи кои лично тебе ти се битни. Постави си цел, и секојдневно иаполнувај ја истата. Така твоите мисли ќе ги преокупираш со себе. Кога ќе почнат негативните мисли пуштај си музика весела или хумор, ќе видиш подруго ќе ти биде. И научи да се ставаш себе на прво место. Во ред е ако одбиеш некој за кафе или излегување, немораш секогаш да им бидеш достапен на сите. Потруди се сњкој ден однапред да си го испланираш, па така и другите повеќе ќе те ценат и ќе почнат пднапред да прават планови со тебе. За се си треба време, ама со јака волја се ќе биде. Не си само ти, сите луѓе се талви. Добро е тоа што си свесен дека ова ти се случува, тоа е прв чекор за да излезеш од тој црн круг.
Точно така девојче. И јас ова го сфатив. Мораш да се ставиш на прво место. Мораш на себе прво да мислиш затоа што гадно ќе те зезнат. Не прави зло, ама па размисли се на кого правиш добро. Не знаеш кој кога ќе те предаде. Не се отварајте пред никој ќе зажалите. Јас лично работев со колешка која беше негативна и се се изживуваше со другите. Минатиот пат само едно здраво и кажав и таа се запрепасти, се посрамоти пред една пријателка. Сите се од интерес затоа гледајте повеќе за себе, а помалку за другите.
Јас порано ги ставав сите пред мене, и правев се за нив. Ама сватив колку на некој да му помагаш и секогаш да си тука за него, таа личност пак ќе ти најде мана и пак за некоја најмала ситница ќе се жали од тебе. Тоа многу ме разочара и се повлеков од сите. Веќе немам волја да удоволувам на сите. Се изморив.
Сега е време да си удоволуваме на нас самите. Точно е тоа, некои луѓе ќе заборават на 1000 добри работи и само за една ќе се фатат за да те критикуваат, односно да ти подметнат чувство на вина. Прават да се чувствуваш како лоша личност за ситница покрај милион добрини. Само треба да ја вртиме главата и да продолжиме напред знаејќи дека сме добри луѓе !!!
Секој додека има корист е со тебе... Не значи дека и ние треба да искоеистуваме, ќе си најдеме мал круг на луѓе кои се исто искрени и секогаш на дистанца со сите.
Па така е. Не сум лоша личност, гледам да не барам услуги од другите, а сум била тука секогаш кога требало. И на крај видов дека за едно кафе ме извисија, тие кои викаа дека им фалам. Кој ќе ја злоупотреби довербата, еднаш, два пати готово. Сите си тераат кефови, гледаат како нив им одговара, ама баш сите од роднини до пријатели и колеги. Тој што е добар како да е потрошен материјал, така го третираат. Веќе не правам така. Одам јас кај сакам, правам јас што сакам и не се прилагодувам на никој. За две патувања понудив другарки кои ги сметам за верни да дојдат, да не биде нели не сум ги викала, и на крај кога ме одбија мислејќи дека планот ќе ми го расипат, отидов сама преку агенција и супер поминав. При следното видување не ме ни прашаа како сум поминала.
Ете. Значи о ти си сфатила. Така не гледаат зашто сакаат да не сожалуваат. Никој не сака кога ќе ти биде убаво и кога ќе ти тргне. Те откачуваат, ама ако си на висока функција да видиш како ќе се тепаат за кафе со тебе да пијат. За да бидат видени со тебе и да те искористат. Животот е тркало. Сепак, не е сеедно кога ќе те повредат, посебно повеќе луѓе одеднаш. Тоа те тера да мислиш дека не си вреден и да се затвориш во темни миали. Ама на крајот сите ќе сфатиме дека имаме вредност и не е лошо да бидеме понекогаш себични. Кругот се врти, само трпение.
Многу пати сум била сведок, како колешка омаловажува други и кога ќе и соопштат убава вест нема честито, нема браво, нема алал да ти е, туку само едно аааааа. Демек зачудена од добрата вест и нема коментар. Со такви сум избегнувала расправии, сум била дете да кажам, млада, сега кога би го вратила времето јас под би избришала со такви идиоти и би им ја плеснала вистината во лице.
Не немoј тaкa дa рaзмисливaш!!! Верувaј секoј имa прoблеми нo кaј некoи се видливи ,a некoј знaе дa ги сoкрие. Нo штo ке дoбиеш aкo гледaш нa други дa им е лoшo тoa немa тебе дa ти јa згoлеми рaдoстa,среќaтa,љубoвтa или пaк финaнсиите.Oмрaзaтa не вoди кoн пaт нa успех и среќa. Глaдеј кaкo би мoжел ти дa гo имaш тoa нa штo им зaвидувaш нa тие oкoлу тебе и гледaј тие дa ти бидaт мoтив, a не дa те испoлнувaaт сo гнев. Зa се е пoтребнo време. И јaс сум рaзoчaрaнa oд пoгoлем дел нa луѓе штo се живo имaм нaпрaвенo зa нив a тие зa еднa мунутa ме избришaa oд нивниoт живoт. Нo, лoшите рaбoти сoздaдoa пoсилнa и пoсaмoуверенa личнoст oд мене.Тaкa и ти немa ништo дa дoбиеш aкo ги мрaзиш сите и aкo им зaвидувaш.И тoa штo ке решиш дa гo срaбoтиш не гo срaбoтувaј зa дa гo приметaт другите ,туку срaбoти гo зa тбoјaтa душa.
И јaс дo негде имaм тaкoв прoблем сo мaшките и не ми е ни дo врскa ни дo ништo. Знaм пoнекoгaш дa преседaм цел ден дoмa кoгa сум тaжнa .Нo сепaк зa дa се врaтaн вo живoтниoт биoритaм се пoтсетувaм и си викaм еј тoлку имaш преживеaнo зaрем сaкaш рaди еднa мaлa ситницa дa ти прoпaдне сиoт влoжен труд, сите идни плaнoви,сите идни сoништa...не несaкaм тoa зaдoвoлствo дa им гo пружaм нa душмaните и се врaкaм пoлекa вo нoрмaлa. Тaкa и ти мoрa дa си сoздaдеш цел вo жoвoтoт зa дa имaш причинa рaди кoјa ке живееш !!!
Да, но сепак јас не можам а да не направам услуга на некој кога ми погбара. Или да помогнам на некој без да ми побара... Се одалечив од сите. Денес другарка ми дојде не најавена. Ми кажа дека сум ја разочарала многу затоа што сум се одалечила. Ме снемало. Јас сум у сред испитна сесија и нон стоп учам. А и некако изморена сум од се. Па некогаш и не ми е ни до муабет ни до ништо. Сум станала асоцијална а тоа порано не бев. Малку ме орасположи кога дојде. Ми ја врати силата. Сепак многу ми падна криво тоа што ми кажа дека сум ја разочарала затоа што не сакам никој да разочарам. Па еве сега повеќе контакрирам со неа. Не сакам некој да се чувствува отфрлен од моја страна. Иако некои мене ме отфрлија. Или кога им е тешко ме бараат, а мене кога ми е тешко обично никој нема.
Имаше таков период и за мене, бев ко дежурен псиколог, а кога јас имав потреба се нешто поважно имаше на нивната агенда! Се додека не се сменив, терав по мое, кога сакав јас, како и каде. Мора прво самите да се почитуваме за да сме почитувани твои правила нивен избор!
Исто е со сите. Ако се јавувам да викам некого за на кафе, испаѓа како да сум досадна, а ако не се јавувам како да сум арогантна, па не сакам да се дружам. Просто да не знаеш како да постапиш. Ако си искрен, сите гледаат да купат информации од тебе и да пренесуваат пошти. Просто не е тоа тоа.
Можеби таа ти е една од вредните. Сепак велам дека луѓето сами ќе си се поделат и само мал дел заслужуваат блискост. Можеби таа другарка е на место. Има и добри луѓе, ама малку се.
Тој што не ти мисли добро ќе ри најде и најмача замерка. Ете на пример арогантна си. Од такбите секако дека ќе се пддалечиш.
За жалење се тие самите. И едвај чекаат да се сличи нешто лошо на некој и демек да го тешат, а всушност се радуваат на туѓа несреќа. Знам за какви ми зборуваш.
Премногу си чувствителна,тоа е тоа,некои луѓе не можиме да ги разбериме....нз како да ппостапиш,гледај барај позтивни луѓе..