Здраво, почитувани, нова сум на форумов и имам еден проблем. Ако може некој да ми помогне би била преблагодарна. Пред 4 дена станав сабајле и видов на ногават горниот дел мало црна дамка, еве до денес се има проширено премногу(види слика). Имам страв да одам на лекар па ако може некој совет би бил добредојден. Благодарам за вашето внимание.
Мене ова ми личи на модрица. Ако си се удрила е нормално. Ако случајно пиеш некаква терапија, треба да видат да не ти е од тоа. Сум го видела истово од аспирин, на свекор ми му се појави на раката. Ако се зголемува, мораш на лекар. Што и да е, сигурно полесно се третира кога навреме се оди на доктор.
И мене ми личи на модрица,оди направи комплетна крвна слики и чекај ги резултатите пиши ако имаш некоја промена во нив И дали те боли на допир?дијабетичар?
Може да е и од чешање. На другарка неколку пати до сега и се има случено да се почеша силно и потоа да и излезе огромна модрица. На доктор и рекоа дека повредила капилар. Наравоучение: ако ве чеша нешто не се драпајте како ненормални
Мене ми личи на модрица, стави мраз и види дали ќе се повлече. Да си направиш крвна слика најдобро па ако има некој проблем ќе покаже.
Смени го насловот, не соодвестува со прашањето подолу. Крвниов подлив/модрица или што и да е, треба лекар да го види, од слика неможеме да препознаеме се', и без да се јавиш на лекар не би советувале. Мој совет е да се јавиш на лекар
Јас секогаш и да се потчукнам малку иммам полоши модрици со хематоми од ова. Типична модрица ти е ова. Купи си хепатромбин. Јас од бебе го имам тој проблем слаби капилари и тоа е тоа, повеќе витамин ц